Најмалку 26 загинати и 131 исчезнати при уривање на брана во Лаос
Спасувачките служби досега пронајдоа 28 тела на загинати при поплавите предизвикани во понеделникот по уривањето на брана во провинцијата Атапу во југоисточен Лаос, соопштија денеска лаоските власти.
Во соопштението се посочува дека вкупно 131 лице се водат како исчезнати и се стравува дека најголемиот број од нив се загинати.
Надојдената водата поплави шест села, при што се уништени или оштетени домовите на...
Вкупно 175 мигранти пресретнати крај бреговите на Шпанија
Шпанската Национална спасувачка служба во текот на денот пресретна 175 мигранти во неколку пловила во близина на јужниот брег на Шпанија.
Службата информира дека спровела 14 спасувачки операции во реонот на Гибралтарскиот Проток.
Во меѓу време, Меѓународната организација за миграција (ИОМ) информира дека од почетокот на годината преку Средозменото Море во Европа пристигнала над 50.000 мигранти.
Во истиот период на пат кон...
Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнир во Унгарија
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во Баја, Унгарија.
Ѓорческа во второто коло ја совлада српската тенисерка Наталија Костиќ. Во натпревар што траеше околу еден час со победа во два сета (6:4, 6:2) македонската тенисерка обезбеди место меѓу осумте најдобри на турнирот.
Таа во следното коло ќе се соочи со подобрата тенисерка од натпреварот меѓу...
Ердоган: Турција против прекинување на односите со Иран
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека се противи на прекинувањето економски односи со Иран.
Говорејќи во Анкара, Ердоган рече дека е спротивно на независноста на една држава да ги прекине односите со свој сосед и стратешки партнер затоа што тоа го бара САД.
Турција увезе три милиони тони сурова нафта од Иран во првите четири месеци од 2018 година,...
Шведска забрани палење скара
Шведските власти денеска забранија палење скара во надеж дека ќе се намали опасноста од шумски пожари, јави новинската агенција ДПА.
Околу 25 активни пожари се проширени на 250 квадратни километри, а штетата се проценува на 100 милиони евра.
Густо пошумената земја е зафатена од суво и топло лето, со најмалку врнежи во изминатите 260 години.
Пожарите зафатија главно ретко населени места и...
Заев: Не барам оставка од функционерите поврзани со грантовите од Фонд за иновации
Премиерот Зоран Заев вели дека нема да побара оставки од функционерите за кои имаше реакции во јавноста за поврзаност со фирми кои добија грантови од Фондот за иновации и технолошки развој, затоа што, според него, тие се повлекле и не го кршеле законот.
- Ако така бараме оставки потоа ќе се мислиме од каде да најдеме луѓе да ги ангажираме...
Зекири најави кривични пријави за оддавање државна тајна
Кривични пријави за оддавање државна тајна за претседателот на Комисијата за надворешни прашања Антонио Милошоски и за лице од Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов во врска со класифицираните материјали од лидерски средби кај претседателот, за кои денеска Милошоски бараше да им бидат доставени на членовите на собраниската Комисија за надворешни работи кои имаат безбедносни сертификати и посочи на делови...
Пуџдемон соопшти дека се враќа во Белгија в сабота
Поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон денеска соопшти дека на 28 јули се враќа во Белгија, откако Шпанија ја повлече европската потерница според која беше уапсен во Германија во март.
Пуџдемон денеска во Берлин одржа прес-конференција, една недела откако германски суд пресуди дека тој може да ја напушти Германија, затоа што потерницата за апсење е повлечена.
Шпанија бараше каталонскиот лидер да биде...
Концерт на Влатко Стефановски на 1 август во Охрид
Најпознатиот македонски гитарист Влатко Стефановски на 1 август ќе има концерт во Античкиот театар во Охрид. Нашиот гитарски виртуоз ќе настапи со гостите и негови пријатели Теодосиј Спасов од Бугарија, хармоникашот Танос Ставридис од Грција, Биља Крстиќ од Србија, Весна Гиновска Илкова и групата „Љубојна“ од Македонија. Посетителите ќе можат да го слушнат неговиот последен проект, албумот „Мајчин јазик“.
-...
Турската компанија „Мурат Тиџарет“ најави 500 вработувања во Македонија
Турската компанија „Мурат Тиџарет“ денеска почна изградба на фабрика во ТИРЗ Скопје 2, каде инвестира околу седум милиони евра и планира да отвори 300 работни места, кои во иднина би стасале до 500.
Во новиот капацитет, на површина од 6.000 метри кавдартни, ќе се произведуваат кабли за автомобилската индустрија, наменети за европскиот пазар и САД.
Генералниот директор на Мурат Тиџарет,...







































