Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 21 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе биде 17, а дневната...
Следниот самит Путин – Трамп ќе се случи на почетокот на 2019 година
Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон денеска најави дека следната средба меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин нема да се случи годинава, туку на почетокот на 2019 година. Причината за ова, рече Болтон, е тоа што Трамп сака да почека да помине хистеријата околу руското мешање во претседателските избори од 2016 година пред повторно да...
Искршена холивудската ѕвезда на Доналд Трамп
Човек опремен со копач денеска ја искршил ѕвездата на американскиот претседател Доналд Трамп поставена на холивудскиот Булевар на славните.
Инцидентот се случил рано утринава, а полицијата била алармирана од случајни минувачи кои забележале дека од ѕвездата е останат само куп шут и копачот оставен покрај него.
Полицијата информираше дека човекот што го сторил делото подоцна самиот и се предал.
Ѕвездата на Трамп...
Разговори Трамп-Јункер за идните трговски односи на ЕУ и САД
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Вашингтон се сретна со првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, на разговори за идните трговски односи меѓу САД и Европската унија.
- Ние сме партнери, сојузници, а не непријатели, и треба да работиме заедно, изјави Јункер пред средбата, алудирајќи на бројните изјави на Трамп насочени против ЕУ.
Американскиот претседател возврати дека неговите минимални очекувања...
Атина најави економски мерки за справување со последиците од пожарот
Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос најави дека во рамките на планот за справување со последиците од пожарот, владиниот Кабинет подготвува нови пакет мерки за сите настрадани, јави дописничката на МИА од Атина.
По регистрацијата на материјалните штети од Министерството за инфраструктура и транспорт, семејствата или физичките лица ќе добијат еднократна итна помош во висина од 5.000 евра, додека пак...
Ѕанакопулос: По пожарите во Грција хоспитализирани 64 лица
Од 187 колку што беа вчера, денеска бројот на повредени во катастрофалните пожари во Грција се намали на 64 од кои 11 се во сериозна состојба.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, за последната состојба во источниот дел на областа Атика, како во однос на повредените, така и во однос на активните пожари, но и новите владини мерки...
Најмалку 185 загинати при серија напади во Сирија
Најмалку 185 лица загинаа, а околу 200 се ранети денеска при серија самоубиствени бомбашки напади во реонот на јужниот сириски град Свеида, кој е под контрола на владините сили, соопшти вечерва Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Според Центарот, имало најмалку четири бомбашки напади, по кои дошло и до судири меѓу сириските владини сили и напаѓачите.
Одговорност за нападите презеде...
Солено езеро пронајдено под површината на Марс
Езеро со солена вода наводно е откриено под површината на Марс, што пак ја зголемува можноста за пронаоѓање на живот на оваа планета.
Во студијата, што ја објави списанието „Сајанс“, а ја изработи тим на Италијанскиот национален институт за астрофизика под раководство на професорот Роберо Оросеи, не се прецизира дали станува збор за подземен базен, резервоар или талог од кал.
-...
Мешовити патроли на полицајци од повеќе земји на албанско-грчката граница
Во реонот на албанскиот град Ѓирокастро, крај граничниот појас со Грција, заврши десетневната заедничка акција „Дрино 2018“ во која учествуваа припадници на граничните полиции од повеќе земји, меѓу кои и од Македонија, како и претставници на меѓународни организации.
Според директорот на Канцеларијата на женевскиот Центар за безбедност, развој и владеење на правото (ДЦАФ), Антон Травнер, подрачјето на Ѓирокастро е избрано...
Собранието го избра составот на ДИК
Собранието на Република Македонија вечерва во рамки на 56. седница со 100 гласа „за“, без ниту еден воздржан и против ги избра претседателот, потпретседателот и членовите на Државната изборна комисија (ДИК). Во продолжението на седницата беа донесени и измените и дополнувањата на Изборниот законик (99 гласа „за“) и на законите за Влада и за финансирање на политичките партии (со...







































