Солено езеро пронајдено под површината на Марс

Езеро со солена вода наводно е откриено под површината на Марс, што пак ја зголемува можноста за пронаоѓање на живот на оваа планета. Во студијата, што ја објави списанието „Сајанс“, а ја изработи тим на Италијанскиот национален институт за астрофизика под раководство на професорот Роберо Оросеи, не се прецизира дали станува збор за подземен базен, резервоар или талог од кал. -...

Мешовити патроли на полицајци од повеќе земји на албанско-грчката граница

Во реонот на албанскиот град Ѓирокастро, крај граничниот појас со Грција, заврши десетневната заедничка акција „Дрино 2018“ во која учествуваа припадници на граничните полиции од повеќе земји, меѓу кои и од Македонија, како и претставници на меѓународни организации. Според директорот на Канцеларијата на женевскиот Центар за безбедност, развој и владеење на правото (ДЦАФ), Антон Травнер, подрачјето на Ѓирокастро е избрано...

Собранието го избра составот на ДИК

Собранието на Република Македонија вечерва во рамки на 56. седница со 100 гласа „за“, без ниту еден воздржан и против ги избра претседателот, потпретседателот и членовите на Државната изборна комисија (ДИК). Во продолжението на седницата беа донесени и измените и дополнувањата на Изборниот законик (99 гласа „за“) и на законите за Влада и за финансирање на политичките партии (со...

Вучиќ: Ако Косово не го решиме сега, за 20 години ќе загубиме се

Доколку Србија сега не го реши прашањето за Косово, по 20 години ќе загуби се, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. - Не сакате разграничување со Албанците? Нема проблем, кажете им на луѓето да се подготвуваат да го браниме Врање по 40 години. Зарем не мислите дека нашите луѓе уште денес се иселуваат од таму, изјави Вучиќ, коментирајќи го отвореното...

Пожар остави 25.000 луѓе без дом на завојуваниот филипински остров Џоло

Голем пожар уништил најмалку 3.500 куќи на филипинскиот град Џоло, оставајќи 25.000 лица без покрив над главите. Островот Џоло, на 1.000 километри од филипинскиот главен град Манила, е едно од упориштата на исламистичките група Абу Сајаф, а градот честопати е бојно поле меѓу групата која е поврзана со Исламската држава (ИД) и владините сили. Во текот на 2017 година, групата беше...

Јункер обвинет дека не ги спречил лоби активностите на неговиот претходник Баросо

Правобранителката на Европската унија, Емили О'Рајли денеска ги обвини Европската комисија и нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер дека несоодветно реагирале откако претходниот прв човек на ЕК, Жозе Мануел Баросо, стана лобист на банката „Голдман Сакс“. Според О'Рајли, ова фрла лоша светлина на работата на ЕК, која не ги спровела препораките на правобранителската канцеларија. При ангажманот како лобист, Баросо преземал обврска да не...

Османи на средба со претставници на ЕБОР

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска се сретна со претставници на Европската банка за обнова и развој на која била презентирана новата Стратегија за соработка помеѓу Македонија и ЕБОР за 2018-2023, статусот на имплементација на проектите финансирани од страна на ЕБОР, како и активностите кои се преземат во иднина во рамките на заедничката соработка. Како што соопштија од СЕП,...

Турското Собрание го усвои новиот антитерористички закон

Турското Национално собрание денеска усвои антитерористички закон со кој се регулира начинот за отпуштање на судии, офицери, поротници и вработени во министерства. Со законот им се даваат и пошироки овластувања на гувернерите на турските провинции за справување со немири, како и за ограничување на јавните собири. Законот е донесен шест дена по укинувањето на вонредната состојба, која беше воведена по неуспешниот...

НФФ: Косовската одлука покажа дека пласманот е реален проблем на македонското земјоделство

Косовската одлука за зголемување на царините само потврди дека пласманот на производите се уште е еден од најголемите проблеми на македонското земјоделство, смета Националната федерација на фармери (НФФ). - Сегашната примена на оваа мерка од страна на Косово веќе создаде големи негативни последици: загуби во трговската размена од неколку милиони долари, намалени цени на откуп на домашните пазари, намалена доверба...

Фејсбук блокираше страници со лажни вести пред изборите во Бразил

Фејсбук ја блокираше мрежата од страници преку која членовите на десничарската бразилска група Движење за слободен Бразил ширеа лажни вести. Блокирањето на страниците е една од мерките на бразилските власти за борба против ширењето лажни вести пред изборите кои ќе се одржат во октомври. Вкупно биле блокирани 196 страници и 87 профили заради, како што е наведено, „кординираното учество во мрежа...