Гасоводот ќе се гради на Водно, но со неколку измени на трасата
Владата одлучи гасоводната делница Скопје - Тетово - Гостивар, што е предвидено да заврши до Охрид, да продолжи да се гради по истата рута, но со неколку измени и мерки, најави директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР) Бајрам Реџепи во интервју за МИА.
- Се предвидува да се намали ширината на работниот појас од 25 на 10 метри и да...
Експлозија во близина на американската Амбасада во Пекинг
Експлозија одекна денеска во близина на американската Амбасада во Пекинг, јави ДПА, повикувајќи се на очевидци од местото на ицидентот.
Фотографии објавени на Твитер покажуваат голем чад и полициски возила во близина на Амбасадата, што се наоѓа во североисточниот дел од Пекинг.
Полицијата не одговори веднаш на коментарите за инцидентот.
Според Радио Слободна Азија, експлодирана рачнo направена експлозивна направа пред, засега неидентификуван...
Миграцијата како тригер за нова геополитика
Миграциската криза и сите негативни рецидиви од таквата политика може да бидат надминати со решавање на изворот на тие проблеми. Тоа е обезбедување, ако не рамномерна распределба на богатството, на основни услови за живот и почитување на универзалното човеково право на безбедност, храна и вода за пиење
за сите луѓе во светот
Игор Гелев
Мигрантската криза во Европа е веќе апсолвирана и...
Мигрантска дилема
Питер Сингер
Една од најтажните имигрантски приказни што медиумите ја објавија во изминатите недели беше таа со децата што плачеа откако беа одвоени од своите родители - нелегални доселеници на границата меѓу САД и Мексико. Американскиот претседател Доналд Трамп првично ја бранеше поделбата на семејствата, но потоа се откажа по притисокот од јавноста и потпиша извршна наредба со која ја...
Најмалку 81 загинат, 64 повредени и непознат број на исчезнати во пожарите во Грција
На 81 се искачи бројот на загинати во пожарите во Грција, а и понатаму е непознато колку лица се исчезнати, соопштија доцна синоќа од противпожарната служба на Грција. Според портпаролот на грчката влада, хоспитализирани се 60 возрасни лица, од кои 11 се во критична состојба и 4 деца, вон животна опасност.
Акциите на пожарникарите, припадници на армијата, полицијата и доброволци...
Изборот на ДИК го отвора патот за организирање на есенскиот референдум
Собранието синоќа го избра новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК), со што конечно и формално се создаваат услови за организирање и реализирање на најавениот есенски референдум за Договорот со Грција.
Се очекува во сабота или во понеделник да се одржи нова седница на која Собранието ќе го распише референдумот кој, како што е најавено, би требало да се одржи...
Скопје одбележува 55 години од катастрофалниот земјотрес
Скопје со повеќе активности и манифестации одбележува 55 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.
Програмата насловена „Зборува Скопје“ во четири дена ја обедини ликовната, театарската, филмската и мултимедијалната уметност и граѓански активизам концептуално поврзан со земјотресот, но и со културната историја на метрополата. Одбележувањето почна во понеделникот, кога...
Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 21 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе биде 17, а дневната...
Следниот самит Путин – Трамп ќе се случи на почетокот на 2019 година
Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон денеска најави дека следната средба меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин нема да се случи годинава, туку на почетокот на 2019 година. Причината за ова, рече Болтон, е тоа што Трамп сака да почека да помине хистеријата околу руското мешање во претседателските избори од 2016 година пред повторно да...
Искршена холивудската ѕвезда на Доналд Трамп
Човек опремен со копач денеска ја искршил ѕвездата на американскиот претседател Доналд Трамп поставена на холивудскиот Булевар на славните.
Инцидентот се случил рано утринава, а полицијата била алармирана од случајни минувачи кои забележале дека од ѕвездата е останат само куп шут и копачот оставен покрај него.
Полицијата информираше дека човекот што го сторил делото подоцна самиот и се предал.
Ѕвездата на Трамп...







































