Разговори Трамп-Јункер за идните трговски односи на ЕУ и САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Вашингтон се сретна со првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, на разговори за идните трговски односи меѓу САД и Европската унија. - Ние сме партнери, сојузници, а не непријатели, и треба да работиме заедно, изјави Јункер пред средбата, алудирајќи на бројните изјави на Трамп насочени против ЕУ. Американскиот претседател возврати дека неговите минимални очекувања...

Атина најави економски мерки за справување со последиците од пожарот

Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос најави дека во рамките на планот за справување со последиците од пожарот, владиниот Кабинет подготвува нови пакет мерки за сите настрадани, јави дописничката на МИА од Атина. По регистрацијата на материјалните штети од Министерството за инфраструктура и транспорт, семејствата или физичките лица ќе добијат еднократна итна помош во висина од 5.000 евра, додека пак...

Ѕанакопулос: По пожарите во Грција хоспитализирани 64 лица

Од 187 колку што беа вчера, денеска бројот на повредени во катастрофалните пожари во Грција се намали на 64 од кои 11 се во сериозна состојба. Како што јави дописничката на МИА од Атина, за последната состојба во источниот дел на областа Атика, како во однос на повредените, така и во однос на активните пожари, но и новите владини мерки...

Најмалку 185 загинати при серија напади во Сирија

Најмалку 185 лица загинаа, а околу 200 се ранети денеска при серија самоубиствени бомбашки напади во реонот на јужниот сириски град Свеида, кој е под контрола на владините сили, соопшти вечерва Сирискиот центар за мониторинг на човековите права. Според Центарот, имало најмалку четири бомбашки напади, по кои дошло и до судири меѓу сириските владини сили и напаѓачите. Одговорност за нападите презеде...

Солено езеро пронајдено под површината на Марс

Езеро со солена вода наводно е откриено под површината на Марс, што пак ја зголемува можноста за пронаоѓање на живот на оваа планета. Во студијата, што ја објави списанието „Сајанс“, а ја изработи тим на Италијанскиот национален институт за астрофизика под раководство на професорот Роберо Оросеи, не се прецизира дали станува збор за подземен базен, резервоар или талог од кал. -...

Мешовити патроли на полицајци од повеќе земји на албанско-грчката граница

Во реонот на албанскиот град Ѓирокастро, крај граничниот појас со Грција, заврши десетневната заедничка акција „Дрино 2018“ во која учествуваа припадници на граничните полиции од повеќе земји, меѓу кои и од Македонија, како и претставници на меѓународни организации. Според директорот на Канцеларијата на женевскиот Центар за безбедност, развој и владеење на правото (ДЦАФ), Антон Травнер, подрачјето на Ѓирокастро е избрано...

Собранието го избра составот на ДИК

Собранието на Република Македонија вечерва во рамки на 56. седница со 100 гласа „за“, без ниту еден воздржан и против ги избра претседателот, потпретседателот и членовите на Државната изборна комисија (ДИК). Во продолжението на седницата беа донесени и измените и дополнувањата на Изборниот законик (99 гласа „за“) и на законите за Влада и за финансирање на политичките партии (со...

Вучиќ: Ако Косово не го решиме сега, за 20 години ќе загубиме се

Доколку Србија сега не го реши прашањето за Косово, по 20 години ќе загуби се, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. - Не сакате разграничување со Албанците? Нема проблем, кажете им на луѓето да се подготвуваат да го браниме Врање по 40 години. Зарем не мислите дека нашите луѓе уште денес се иселуваат од таму, изјави Вучиќ, коментирајќи го отвореното...

Пожар остави 25.000 луѓе без дом на завојуваниот филипински остров Џоло

Голем пожар уништил најмалку 3.500 куќи на филипинскиот град Џоло, оставајќи 25.000 лица без покрив над главите. Островот Џоло, на 1.000 километри од филипинскиот главен град Манила, е едно од упориштата на исламистичките група Абу Сајаф, а градот честопати е бојно поле меѓу групата која е поврзана со Исламската држава (ИД) и владините сили. Во текот на 2017 година, групата беше...

Јункер обвинет дека не ги спречил лоби активностите на неговиот претходник Баросо

Правобранителката на Европската унија, Емили О'Рајли денеска ги обвини Европската комисија и нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер дека несоодветно реагирале откако претходниот прв човек на ЕК, Жозе Мануел Баросо, стана лобист на банката „Голдман Сакс“. Според О'Рајли, ова фрла лоша светлина на работата на ЕК, која не ги спровела препораките на правобранителската канцеларија. При ангажманот како лобист, Баросо преземал обврска да не...