Милошоски не се откажува од класифицираните документи, за Димитров тоа е саботажа
Шефот на дипломатијата Никола Димитров в понеделник ќе направи уште еден обид пред народните избраници да реферерира за достигнувањата во надворешната политика, откако вчера претседателот на собраниската Комисија за надворешка политика Антонијо Милошоски ја презакажа седницата, не откажувајќи се од класифицираните информации од лидерските средби кај претседателот Ѓорге Иванов.
Милошоски и вчера оневозможи да почне седницата, што беше сторено и...
Новиот состав на ДИК стапува на должност
Новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК) денеска пред претседателот на Собранието на Република Македонија ќе дадат свечени изјави.
Привремениот шестмесечен состав на ДИК беше избран со 100 гласа „за“ експресно и без дискусија на 56. седница која се одржа во средата вечерта, по договорот што го постигнаа политичките партии и лидерите на средбата во понеделникот.
Претседател на ДИК е Оливер...
Турски кошаркар собира помош за жртвите од пожарите во Грција
Турскиот кошаркар Енес Кантер, кој настапува за Њујорк Никс, започна кампањата за помош на жртвите од катастрофалните пожари што претходниве денови ја зафатија Грција.
Во кампањата на Кантер можат да се вклучат сите кои со некакви средства би им помогнале на жителите од настраданите подрачја.
Во пожарите кои ги зафатија областите околу грчката престолнина Атина загинаа над 80 лица и беше...
Продолжува периодот на нестабилно време
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 21 до 32 степена.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде 19, а дневната ќе се искачи до 31...
„Тур де Франс“: Демар победи на 18-та етапа
Францускиот велосипедист Арно Демар од тимот Францез де жуа победи на 18-та рамнинска етапа од трката „Тур де Франс“, која се возеше од Три-сур-Баиз до По со должина од 171 километар.
За Демар ова беше прва етапна победа на најголемата трка во светот, а на второто место заврши неговиот сонародник Кристоф Лапорт од тимот Кодифис. Трет беше велосипедистот од тимот...
Претставничкиот дом на САД усвои нов Закон за одбрана
Американскиот Претставнички дом денеска усвои нов Закон за одбрана, со кој за одбранбените потреби се издвојуваат 716 милијарди долари и во исто време се ограничуваат кинеските инвестиции во САД.
Со Законот на американската Администрација и се забранува набавка и користење на технологии од големите кинески телекомуникациски компании.
Законот беше усвоен со 359 гласа „за“ и 54 гласа „против“. Законот сега...
Претставена мобилна џамија за Олимписките игри во Токио
Организаторите на Летните олимписки игри во Токио, што ќе се одржат во 2020 година, во рамките на подготовките што се во тек ја претставија мобилната џамија, која се надеваат дека ќе им овозможи на посетителите од муслиманска вероисповест да се чувствуваат како дома.
Станува збор за синобел камион, кој може да се расклопува и се преобразува во место за богослужба.
Јасухару...
Капењето во Балтичко Море забрането поради токсични бактерии
Полските власти забранија капење на повеќе од 50 плажи на Балтичкото Море, бидејќи топлото време довело до пораст на токсични бактерии во морската вода.
Капењето е забрането на местата каде се намножени зелено-кафени колонии цијанобактерии, кои претставуваат закана по здравјето.
Регионалните здравствени власти предупредуваат дека бактериите можат да предизвикаат алергија и осип. Додека внесувањето на контаминирана вода може да предизвика сериозни...
Ѓорческа елиминира во четвртфиналето на турнирот во Баја
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрсот во Баја, Унгарија.
Таа во четвртфиналниот натпревар беше совладана од унгарската тенисерка Река-Луца Јани со 2:1 во сетови.
Иако Ѓорческа го освои првиот сет со 6:3, останатите два со 3:6 и 2:6 и припаднаа на домашната тенисерка.
Турнирот се игра на земјена површина за награден фонд од...
Боинг 787 принудно слета поради недоразбирање
Патнички авион на „Ер Кина“, кој летал кон Пекинг, денеска морал принудно да се врати во Париз поради лажна терористичка закана.
Инцидентот се случил кога патник од Австралија не успеал да се качи на авионот поради безбедносна проверка на аеродромот.
Патникот му се јавил на пријател кој бил во леталото и му кажал што се случило, но патникот лошо слушнал и...







































