Боинг 787 принудно слета поради недоразбирање

Патнички авион на „Ер Кина“, кој летал кон Пекинг, денеска морал принудно да се врати во Париз поради лажна терористичка закана. Инцидентот се случил кога патник од Австралија не успеал да се качи на авионот поради безбедносна проверка на аеродромот. Патникот му се јавил на пријател кој бил во леталото и му кажал што се случило, но патникот лошо слушнал и...

Чавушоглу: Никој не смее да и се заканува на Турција

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу одговори на заканата со санкции на американскот претседател Доналд Трамп и рече дека Турција нема да прима закани од кого било. Трамп најави „големи санкции“ против Турција поради апсењето на американскиот евангелски свештеник Ендрју Брунсон. - Никој не и наредува на Турција. Нема да толерираме закани од кого било. Владеењето на правото важи за...

Македонија ја совлада Украина за полуфинале на ЕХФ шампионатот

Машката младинска репрезентација на Македонија ја совлада Украина со 28:27 и обезбеди пласман во полуфиналето на ЕХФ шампионатот за ракометари до 20 години што се одржува во Скопје. Во драматичен натпревар со многу резултатски осцилации избраниците на селекторот Данило Брестовац се консолидираа во клучните моменти и го добија решавачкиот натпревар. Со оваа победа Македонија има седум бодови и го освои првото...

Дедото на сопругата на Новак Ѓоковиќ пронајден врзан

Милосав Радисављевиќ, дедото на сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, е пронајден врзан за метална конструкција во близина на неговата куќа во местото Љиг, Србија. Тој немал видливи повреди, а на полицијата и изјавил дека двајца маскирани разбојници влегле во неговата куќа и украле од неговиот новчаник 26.000 динари и мобилен телефон. Претседателот на општината Љиг, Драган Лазаревиќ, го потврди случајот и...

Почина Адем Демачи

Познатиот косовски активист и долгогодишен политички затвореник во времето на поранешна Југославија, Адем Демачи, почина попладнево во Приштина на 82-годишна возраст, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста за смртта на Демачи, кого многумина го нарекуваа „косовски Нелсон Мандела“ поради 28-те години минати во југословенските затвори заради политички активности и убедувања, на попладневната седница на косовското Собрание ја објави собранискиот...

Спасовски: Мала криминална група стои зад пропагандата против ЕУ и НАТО

Македонија подолг временски период е изложена на интензивна субверзвивна пропаганда дејност, поврзана со интеграциите на земјата во ЕУ и НАТО, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Зад пропагандата, нагласи, стои мала криминална структура која не дејствува идеолошки, туку сака да ги реализира своите лични интереси. Станува збор за мала и слаба група, која заради лични интереси е гласноговорник во...

Запленет речиси тон марихуана произведена во Албанија

Во одделни акции на италијанската, грчката и албанската полиција запленети се 936 килограми марихуана, произведени во Албанија. Најголемиот дел од дрогата е запленети, односно 800 килограми, се запленети кај италијанскиот град Равена, Вредноста на дрогата на нарко пазарот, според италијанската полиција, изнесува осум милиони евра. Во акцијата се уапсени две лица - 40-годишен албански бизнисмен,чиј бизнис наводно бил откуп на отпад...

Одбиено барањето за рехабилитација на Милан Недиќ

Вишиот суд во Белград денеска го одби барањето за рехабилитација на претседателот на Владата на окупирана Србија за време на Втората светска војна, генерал Милан Недиќ, кој по ослободувањето е прогласен за воен злосторник. Судот констатира дека „не се стекнати правни услови за рехабилитација“ на Недиќ. Генерал Недиќ никогаш формално не бил обвинет или осуден, туку со уредба на југословенските...

Заев: Без имплементација на Договорот од Преспа, нема влез во ЕУ и НАТО

Без решавање на спорот за името со Грција и имплементација на Договорот од Преспа, Македонија не може да очекува да стане полноправна членка на ЕУ и НАТО, рече премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница. Не е точно, нагласи Заев, дека по Договорот со Грција „сега е готово, ние немаме име“. - Имаме договор за признавање на македонскиот јазик, на македонскиот...

Романски аеродром евакуиран поради непозната супстанца

Над 400 лица беа евакуирани попладнево од Меѓународниот аеродром во романскиот град Сибиу, откако била пронајдена непозната супстанца што испуштала остар мирис, соопшти портпаролката на Инспекторатот за вонредни состојби на Романија, Рамона Нистор. Таа нагласи дека засега не познато за каква супстанца станува збор, но додаде дека ниту едно лице присутно на аеродромот не се пожалило на здравствени проблеми. Во...