Трамп и се закани на Турција со санкции
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска преку Твитер најави дека САД ќе воведат санкции кон Турција, поради апсењето на свештеникот Ендрју Брунсон.
- САД ќе воведат големи санкции врз Турција поради долготрајното притворање на отец Ендрју Брунсон, голем христијанин, семеен човек и прекрасен човек. Тој многу страда. Овој невин човек на вереата треба веднаш да биде ослободен!, напиша Трамп на својот...
Спасовски: Граѓаните ќе ги добиваат пасошите на домашна адреса
Министерството за внатрешни работи прави анализи на целокупниот процес за вадење лични документи, на телефонското закажување на терминот што сега се спроведува преку приватна фирма, на можноста целата оваа активност да ја преземат службите на МВР, со цел процесот да се забрза, поедностави, но и да биде финансиски поисплатлив, а се работи и на тоа патните исправи граѓаните да...
Фергусон: Ќе се вратам на „Олд Трафорд“
Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед сер Алекс Фергусон, кој во мај доживеа тежок мозочен удар и беше спасен благодарение на брзата интервенција на лекарите, се обрати на јавноста преку кратка видео порака.
Тој му се заблагодари на медицинскиот персонал во болницата каде му беше извршена операцијата на главата, но и на семјството, како и на навивачите на Јунајтед од целиот...
Харадинај: Косово не може да се дели, и онака е мало
Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај денеска уште еднаш ја отфрли секоја идеја за поделба на Косово и размена на територии со Србија.
Харадинај одби да зборува за идеите кои во последно време се пласираат во српските и косовските медиуми од страна на политичари и аналитичари од двете земји за поделба на Косово.
- На кое Косово? Косово и онака е мало, нема...
Заев: Економија заживува
Треба да бидете слеп за да не ги видите капиталните инвестиции, се градат патишта на сите страни, му порача денеска премиерот Зоран Заев на пратеникот Драган Цуклев.
Според Заев, за 66 отсто е зголемена вредноста на одобренијата за градби, пет до десет тендери се распишуваат на десет дена, а желба на Владата е, покрај големи странски компании, да има и...
Анѓушев: Пари добија фирми со нови производи, а не блиски до власта
Средства од Фондот за иновативност добија компании што имаат нови производи, а не компании блиски до власта, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Одговорајќи на пратеничко прашање, Анѓушев нагласи дека меѓу фирмите што добиле средства има многу чии сопственици се функционери од претходната власт, но не е коректно да се спомнуваат нивните имиња зашто тоа прави штета.
Во контекст на...
Огномет-бомба ја предизвикала експлозијата пред амбасадата на САД во Пекинг
Експлозијата што утринава се случи во близина на Американската амбасада во Пекинг била предизвикана од мала импровизирана направа, соопшти претставник на дипломатското претставништво на САД.
Повикувајјќи се на информации добиени од кинеската полиција, тој нагласи дека напаѓачот бил идентификуван како маж од областа Внатрешна Монголија, кој бил повреден кога ја детонирал бомбата, без притоа да предизвика други штети.
Бомбата била направена...
Тепачка во центарот на Скопје, еден повреден
Три непознати лица денеска на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје физички го нападнале Ф.С., кој се здобил со повреди, по што му била укажана лекарска помош во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Како што информира МВР, настанот се случил во 12.50 часот поради меѓусебно недоразбирање, по што дошло до нарушување на јавен ред и...
Анѓушев: Во „Осломеј“ најверојатно ќе се гради котел на висококалоричен јаглен
Во Термоелектраната „Осломеј“ најверојатно ќе се гради котел на висококалоричен јаглен што ќе се увезува, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, одговарајќи на пратеничко прашање, и додаде дека при изградбата ќе бидат имплементирани сите стандарди од аспект на екологијата.
- Во меѓувреме „Осломеј“ за да го намали притисокот на цената на електрична енергија во ЕЛЕМ, односно да ги...
Имран Кан прогласи победа на изборите во Пакистан
Поранешниот пакистански крикет играч Имран Кан прогласи победа на изборите во Пакистан и најави дека доаѓа времето на „нов Пакистан“.
- Му благодарам на Господ за победата и за постигнатиот успех - изјави Кан.
Кан е еден од најпознатите пакистански крикет играчи и во 1992 година и помогна на неговата држава да го освои Светскиот крикет куп. Од 2013 година е...







































