Санкционирани 56 возачи за брзо возење во Скопје

Две лица се здобиле со лесни телесни повреди во две од седум сообраќајни незгоди што во изминатите 24 часа се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Сообраќајната полиција санкционирала 56 возачи што се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 19 возачи. Според полицискиот извештај, пет управувале возило под дејство на алкохол, 13 пред да се стекнат...

Заев (не) ја продаде Македонија

Настани, симболи, алузии Неоспорно е дека претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, за дел од македонската јавност е јунак над јунаците, единствен во современа Македонија, седумдесет години наназад, што се охрабрил да го сврти нанапред тркалото на историјата на македонскиот народ. За интернационален херој е прогласен од дел од меѓународната заедница, зашто само тој собрал храброст да даде...

Нова реторика на „оган и гнев“

Ако се земат предвид нивните стратегиски интереси во Иран, ниту Русија ниту Кина ќе го прифатат повикот за учество во американската политика на бесконечен притисок Острото предупредување на американскиот претседател Доналд Трамп до Иран повторно ја отвори дебатата во американските медиуми за тоа дали неговата администрација работи на промена на режимот во Техеран или, пак, едноставно ги користи заканите како...

Одложени свечените изјави на новоизбраните членови на ДИК

Давањето свечени изјави на новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК) пред претседателот на Собранието на Република Македонија што беше закажано за денеска е одложено. Во соопштението од собраниската прес-служба не е наведена причината за одлагањето. Привремениот шестмесечен состав на ДИК беше избран со 100 гласа „за“ експресно и без дискусија на 56. седница која се одржа во средата вечерта, по...

Денот на Републиката, 2 август неработен за сите граѓани

Денот на Републиката, 2 август (четврток) е неработен за сите граѓани во Македонија.  Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на Републиката.

Илјадници луѓе бегаат од шумски пожари во Калифорнија

Во планините во јужниот дел на американската држава Калифорнија, брзо се разгорува шумски пожар за кој се смета дека е подменат од сериски потпалувач. Повеќе од 3.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во округот Риверсајд, а пожарникарите се борат да ги спасат куќите што се наоѓаат на патот на огнената стихија. Во градот Хемет во средата е...

Стартува Илинденскиот марш, коњаниците тргнуваат за Крушево

„Илинденскиот марш 2018“ денеска ќе стартува во 17 часот од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, која традиционално е покровител на овој коњички марш. Ќе заврши на втори август во Крушево, каде коњаниците треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден. Градоначалникот на Аеродром Златко Марин на коњаниците ќе им го предаде општинското знаме со...

Милошоски не се откажува од класифицираните документи, за Димитров тоа е саботажа

Шефот на дипломатијата Никола Димитров в понеделник ќе направи уште еден обид пред народните избраници да реферерира за достигнувањата во надворешната политика, откако вчера претседателот на собраниската Комисија за надворешка политика Антонијо Милошоски ја презакажа седницата, не откажувајќи се од класифицираните информации од лидерските средби кај претседателот Ѓорге Иванов. Милошоски и вчера оневозможи да почне седницата, што беше сторено и...

Новиот состав на ДИК стапува на должност

Новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК) денеска пред претседателот на Собранието на Република Македонија ќе дадат свечени изјави.  Привремениот шестмесечен состав на ДИК беше избран со 100 гласа „за“ експресно и без дискусија на 56. седница која се одржа во средата вечерта, по договорот што го постигнаа политичките партии и лидерите на средбата во понеделникот.  Претседател на ДИК е Оливер...

Турски кошаркар собира помош за жртвите од пожарите во Грција

Турскиот кошаркар Енес Кантер, кој настапува за Њујорк Никс, започна кампањата за помош на жртвите од катастрофалните пожари што претходниве денови ја зафатија Грција. Во кампањата на Кантер можат да се вклучат сите кои со некакви средства би им помогнале на жителите од настраданите подрачја. Во пожарите кои ги зафатија областите околу грчката престолнина Атина загинаа над 80 лица и беше...