Шпанската поморска служба спаси 123 мигранти кај Гибралтар
Во Шпанија се спасени 123 мигранти кои се обиделе да го поминат Медитеранот, соопшти Шпанската поморска служба за спасување.
Како што наведува Службата, мигрантите тргнале од Северна Африка, а се движеле со 12 чамци, кои припадниците на Службата ги пресретнала рано утрово во Гибралтарското Море.
Вчера и завчера, Службата спаси повеќе од илјада мигранти кои се упатиле кон европските брегови.
Шпанија во...
Хамилтон славеше на „Хунгароринг“
Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на патеката „Хунгароринг“ во Унгарија и ја освои последната трка пред едномесечната пауза во Формула 1.
Светскиот шампион стартуваше од првата позиција и со прецизна до последниот милиметар стратегија од Мерцедес, тој запиша победа на Гран при на Унгарија. Втор заврши Себастијан Фетел, кој водеше до последно битка со Валтери Ботас за...
„Планината“ во Лос Анџелес се продава за милијарда долари
Имот наречен Планината, на височинка над Беверли Хилс во Лос Анџелес, е понуден на продажба за милијарда долари - највисоката цена постигната за еден имот во историјата на калифорниската метропола.
Се работи за едно од ретките големи парчиња земја во околината на градот кои не се комерцијално искористени. Просторот од 635.000 квадратни метри е поделен на 17 парцели, од кои...
Телеграма со сочувство од премиерот Заев за смртта на Оливер Драгојевиќ
Премиерот Зоран Заев до граѓаните на Хрватска упати телеграма со сочувство за смртта на легендарниот музички уметник Оливер Драгојевиќ.
Изразувајќи сочувство до Владата во Хрватска, Хрватската амбасада во Македонија и обожавателите ширум регионот и светот, Заев во телеграмата наведува дека загубата на Оливер Драгојевиќ е заедничка, но оти неговите музички дела се вечни.
- Загубата е голема и заедничка. Низа...
Силно невреме во Атина, улиците целосно поплавени
По силното невреме што претпладнево ја зафати Атина и покрај тоа што не траеше долго, но беше со голем интензитет, голем дел од улиците во грчката престолнина се поплавија, неколку атински населби се без електрична енергија, а противпожарната служба добила 190 повици за помош, јави дописничката на МИА од Атина.
Повиците до противпожарната служба биле во најголем дел за затнати...
Коњаницата „Бигорски манастир- Патот на црешовото топче“ продефилира низ Кичево
По Кичевската и Мавровско-Реканската, денес низ Кичево продефилира и коњаницата„ Бигорски Манастир- Патот на црешовото топче“,која по деветти пат учествува во Илинденскиот марш.
Оваа коњаница на 27 јули го започна својот пат од манастирот „Свети Јован Бигорски“ и преку Бистра бачилото Салтаница и Кнежинскиот манастир денес пристигна и во Кичево. Учесниците во оваа коњаница го посетија храмот„ Свети Петар...
Вучиќ: Путин и Макрон ќе ја посетат Србија пред крајот на годината
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека рускиот и францускиот претседател, Владимир Путин и Емануел Макрон ќе пристигнат во Србија пред крајот на годината.
- Макрон ќе дојде во декември, а Путин во ноември во Србија, рече Вучиќ.
Тој истакна дека за тоа се заслужни граѓаните на Србија, но благодарение на нивното раководство што, како што додаде, дејствува на одговорен и...
Спортинг бара 40 милиони од Атлетико, за да не ги тужат во ФИФА
Спортинг Лисабон е подготвен да постигне договор со Атлетико Мадрид и да не дојде до донесување одлука од страна на ФИФА за случајот со трансферот на Желсон Мартинс.
Португалскиот репрезентативец еднострано го раскина својот договор со Спортинг Лисабон, по што потпиша со Атетико Мадрид. „Црвено-белите“ потпишаа со него, иако не успеаја да се разберат со португалскиот клуб за трансферната...
На ГП Богородица се чека до 20 минути, на Евзони половина час
На граничниот премин Богородица, на македонско-грчката граница, за влез и за излез од земјата се чека до 20 минути, информираат надлежните од граничниот премин.
На преминот од македонска страна во функција се ставени сите ленти, а граничните служби се потполно екипирани. Преминувањето на границата се одвива нормално, велат од ГП Богородица.
Најмалку 30 минути се чека на граничниот премин Евзони...
Влада: Ако не се изгради гасоводот, штетата по животната средина ќе биде многу поголема
Владата на Република Македонија постојано ги следи реакциите на граѓанските организации и токму поради тоа, преку надлежните институции, се пристапи кон планирање нова траса за гасоводот која поминува преку Водно, со цел обезбедување реализација на овој еколошки проект со минимален ефект врз животната средина.
- МЕР АД Скопје, изработи предлог на нова траса, со која значително се намалува опфатот на...








































