Штрајк на српските адвокати поради убиството на Огњановиќ

Адвокатската комора на Србија им наложи на сите адвокати од денеска да престанат со работа, во знак на протест поради убиството на познатиот адвокат Драгослав Миша Огњановиќ, кој завчера вечер беше застрелан пред влезот на неговата зграда во Белград. Во текот на својата кариера Огњановиќ (57) му бил адвокат на Лука Бојовиќ, водачот на „Земунскиот клан“, како и на...

Облачно, попладне со локален пороен дожд и грмежи

Променливо облачно, околу пладне и попладне со локален пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат во интервал од 23 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 32 степена. УВ индексот ќе биде 7.

Тенис: Српска тинејџерка го освои турнирот во Москва

Србинката Олга Даниловиќ го освои турнирот на земја во руската престолнина Москва со награден фонд од 750 илјади долари. Даниловиќ, која влезе во главната шема како „среќна губитничка“ од квалификациите, ја победи во натпреварот за трофејот учесничката со „вајлд карта“ и претставничка на домаќините Анастасија Потапова со 7:5, 6:7 (1), 6:4 по 2 часа и 19 минути игра. Финалето...

Кери Фишер ќе се појави и во „Војна на ѕвездите: Епизода 9“

Актерката Кери Фишер, која почина ненадејно на крајот на 2016 година на 60-годишна возраст, ќе се „врати“ во претстојната деветта епизода од култната вселенска сага „Војна на ѕвездите“. Марк Хамил, чиј лик Лук Скајвокер веројатно умира на крајот на осмата епизода, исто така, ќе се појави во следниот филм. Во соопштението од компанијата „Дизни“ се наведува дека снимањето за...

Македонија го освои ЕХФ-шампионатот и избори пласман во елитната дивизија

Младинската ракометна репрезентација на Македонија ја совлада Белорусија со 29-23 во финалето на ЕХФ-шампионатот од Б-дивизијата, одиграно вечерва во Скопје, со што избори пласман на Европското првенство во 2020 година. Избраниците на селекторот Данило Брестовац одлично го почнаа мечот во СЦ „Борис Трајковски“, стекнаа предност од 15-10 на полувремето, која се зголеми на 23-14 во 43-та минута, за да остварат...

Трамп: Ќе ја „згаснам“ Владата ако нема поддршка од демократите за имиграцијата

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе дозволи американската федерална Влада да „згасне“ ако демократите не ги поддржат големите промени во Законот за имиграција, за што се залага неговата администрација. - Ќе ја „згаснам“ Владата ако демократите не гласаат за безбедноста на границите, која го вклучува и ѕидот! Треба да се ослободиме од лотаријата ... и конечно да...

Противпожарна служба на Грција: 25 исчезнати, 91 загинати во пожарите

Противпожарната служба на Грција вечерва го соопшти официјалниот број на исчезнати лица во катастрофалните пожари што во понеделникот го зафатија источниот дел на областа Атика. Вкупно 25 лица се водат за исчезнати, а 91 го загубија животот, јави дописничката на МИА од Атина. - Од процесот на проверка на податоците произлегува дека исчезнати се 25 лица, кои официјално беа...

Папата Франциск со осуда на трговијата со луѓе

Папата Франциск денеска го повика целиот свет да се спротивстави на „срамното злосторство“ - трговијата со луѓе. За време на редовното неделно обраќање пред илјадници верници на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, Папата истакна дека трговијата со луѓе честопати се поврзува со шверцот на мигранти. Тој ја осуди трговијата со деца и возрасни кои завршиле како робови на принудна работа, сексуална...

Најмалку 24 повредени во налет на тајфун во Јапонија

Најмалку 24 лица се повредени во најновото невреме што зафати делови од централна и западна Јапонија, а 150.000 куќи останаа без струја. Тајфунот Јонгдари, кој најпрво го погоди јапонскиот остров Хоншу, предизвика силен дожд и ветер кој дува и до 180 километри на час. Метеоролозите ги предупредија граѓаните дека може да дојде и до лизгање на земјиштето и одрони. Тајфунот се движи...

Еден загинат при уривање на мал авион во Словенија

Мал авион се урна денеска во областа Бовец, во северозападниот дел на Словенија, при што загина словенечки државјанин, соопшти Службата за цивилна заштита и управување со вонредни ситуации. Од Службата наведуваат дека причините за несреќата се истражуваат. Авионот што се сруши е од типот „робен ДР400“, кој претежно се користи за влечење едрилици. На местото на настанот се наоѓаат инспекции од цивилното...