Јеремиќ: Вучиќ планира референдум за Косово во ноември
Српскиот опозициски политичар Вук Јеремиќ денеска го обвини претседателот Александар Вучиќ дека планира референдум за статусот на Косово, кој би се одржал паралелно со предвремени парламентарни избори.
Според Јеремиќ, референдумот би бил поврзан со барањето Косово да добие членство во Обединетите нации.
Јеремиќ е дел од кампањата за собирање потписи низ Србија со која граѓаните се изјаснуваат против можноста Србија...
Еко активистите бараат да се тргне градежната механизација од сртот на Водно
Да се тргне целокупната градежна механизација од сртот на Водно додека не се реши проблемот и Владата да излезе со официјален став за проектот, побараа на денешната прес-конференција пред Град Скопје од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.
Тие апелираат Владата да го стопира издаденото одобрение за градба, да се изработи нова оценка на влијанието на изведбата на гасоводната делница врз...
Баша: Рама е на чело на октоподот на корумпираното правосудство
Лидерот на албанската опозициска Демократска партија Љуљзим Баша рече дека неговиот главен политички опонент, лидерот на владејачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама, е „водач на правосудниот октопод кој ги заштитува и не ги казнува корумпираните политичари поврзани со криминалот“.
- За да ги заштити Тахири, Џафај, Роши, Фроку, Дако, Сејдини, Ахметај, Ѓикнури и други министри и пратеници со нивните...
Фатен жител на Прешево кој ограбил Јапонец во Охрид
Полицијата поднесе кривична пријава за жител на српскиот град Прешево, кој додека престојувал во хостел во Охрид ограбил јапонски државјанин.
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Д.А.(39) од Прешево, Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
На 27 јуни во Охрид на улицата „Македонски Просветители” во хостел, пријавениот, во соба во која престојувал заедно...
Несекојдневен спортски настан во водите на Мавровското Езеро
Аматерот, 53 годишниот Бошко Илиев, лекар специјалист по спортска медицина од Кавадараци за 3 часа и 45 минути преплива нешто повеќе од осум километри во студените води на Мавровското Езеро.
Стартот му беше под хотелот „Радика“ во село Леуново, пливаше во правец кон населбата Маврови Анови, под мотелот „Маврово“, кој беше бурно поздравен од десеттина туристи кои денот...
Кејтлин Бејкер постави нов светски рекорд на 100 метри грбно
Олимписката вицешампионка од Рио 2016 Кејтлин Бејкер (САД) постави нов светски рекорд на 100 метри грбно за жени на националното првенство во пливање.
Бејкер (21) ги сопре хрономерите на 58,00 секунди. Досегашниот рекорд беше 58,10 секунди, поставен од Кајли Мас од Канада во јули минатата година.
Бејкер, која стана национална шампионка и на 200 метри грбно, постави и нов рекорд на...
Починато момче донесено во скопска болница
Дваесет и петгодишен скопјанец вчера бил донесен починат во Клиничката болница „Аџибадем - Систина“.
Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во 15:40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Клиничката болница „Аџибадем - Систина“ било пријавено дека кај нив бил донесен починат А.И. (25) од Скопје.
Лекар констатирал смрт кај момчето без видливи траги на насилство....
Куче влечело дел од човечка нога кај гробиштата „Бутел“
Во Полициската станица Чаир вчера околу 19:30 часот било пријавено дека на улицата „Боца Иванова“, на втората капија за влез на гробиштата „Бутел“, од страна на граѓанин било забележно како куче скитник влечело дел од човечко тело (нога).
Како што соопшти МВР, полициски службеници излегле на местото на настанот, а увидна екипа од СВР-Скопје извршила увид.
По наредба на јавен...
Пчелар погоден од заталкан куршум во струшкото село Бороец
Триесет и осумгодишен маж вчера бил погоден од заталкан куршум во левото рамо додека го надгледувал пчеларникот во струшкото село Бороец.
Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во 15:50 часот во полиција било пријавено дека во атар на село Бороец-струшко, А.Д.(38) надгледувајќи го пчеларникот, бил погоден од заталкан куршум во левото рамо. Тој бил пренесен во...
Николоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди подобар договор со Грција
Доколку граѓаните и Собранието не го прифатат овој договор за името со Грција, идна влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го препреговара договорот и убеден сум дека ќе постигнеме подобар, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
- Јас сум апсолутно убеден дека може да се постигне подобар договор од овој со Грција. И сум апсолутно...








































