МФ: Реализирани 72 капитални проекти за подобри услови за живот во општините

Градинка, јавни објекти, водоводна мрежа, локални патишта - се дел од капиталните инвестиции реализирани изминатата година, преку Проектот за подобрување на општински услуги што го реализира Министерството за финансии. Согласно податоците на проектната единица во Министерството, од јуни 2017 до јуни 2018 година, реализирани се 72 капитални проекти во 41 општина, само преку овој проект. Проектот за подобрување на општинските...

Изгоре Царската коњушарница во Софија

Царската коњушарница во Софија, голем комплекс во центарот на градот кој датира од времето на бугарскиот цар Фердинанд, изгоре ноќеска во голем пожар. Околу 1.500 квадратни метри од покривната конструкција биле уништени во стихијата, а пожарникарите безмалку три часа се бореле со огновите. Комплексот во 2016 година му беше продаден на Јанко Иванов, поранешниот директор на пропаднатата Корпоративна трговска банка, за...

Ердоган до САД: Ќе загубите важен сојузник

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги предупреди САД да внимаваат на своето однесување, бидејќи им се заканува да загубат многу важен сојузник. Односите меѓу двете земји се затегнати поради американското одбивање да го екстрадираат Фетула Ѓулен, како и турското апсење на американски протестантски свештеник. Освен за апсењата, двете земји спорат и за набавката на оружје. Во интервју за турската...

Баба и две правнучиња настрадаа во шумскиот пожар во Калифорнија

Една баба и нејзините две правнучиња се најновите жртви во големиот шумски пожар што ја зафати северна Калифорнија. Најтешко погоден е градот Рединг, каде загинаа вкупно пет лица, граѓани и пожарникари. Трите члена на семејството Бледсоу, по кои се трагаше од четвртокот, беа пронајдени мртви, информираа спасувачките екипи. Пожарот во областа Кар се прошири над над 300.000 квадратни метри и уништи...

Србија ја одбрани европската титула во ватерполо

Ватерполистите на Србија се старо-нови европски шампиони. На Европското првенство во Барселона, Србија ја победи домашната селекција на Шпанија. Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник со резултат 7-7 (0-1, 3-3, 3-2, 1-1), па шампионот беше одлучен по изведувањето на пеналите, по кои „делфините“ стигнаа до победата со 5-3. Србија ја продолжи доминацијата на Европските првенства, откако немаат пораз...

Македонија против Белорусија во финалето на ЕХФ шампионатот

Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија во драматичен натпревар по изведување на пенали славеше победа над Фарските острови 27:25. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 23:23. Јуниорите предводени од селекторот Данило Брестовац на тој начин обезбедија пресметка со силната репрезентација на Белорусија. Во денешното финале, младинците ќе се борат за победа што им носи место во елитната „А“ дивизија и...

Почина Оливер Драгојевиќ

Познатиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ починал вчера на 71 годишна возраст, по една година борба со ракот на градите. Веста ја објави „Слободна Далмација“, откако им била потврдена од семејството на Оливер. Роден во Вела Лука на островот Корчула, Драгојевиќ растел како уличен музичар за туристите, по што завршил музичко училиште во Сплит. Првпат настапил во 1961 година, на Сплитскиот детски...

Катругалос: Националистите во двете земји не сакаат решение

Националистичките сили и во двете земји не сакаа решение, бидејќи се хранат од континуитетот на спорот. Секако, сфаќам дека многу обични луѓе, многу патриоти се против договорот, некои поради недостаток на информации, други од емоционални реакции. Ова во итервју за МИА го истакна алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, при тоа додавајќи дека тие остануваат посветени на Договорот. - Ние...

Пацоли: Никој во Косово не сака ниту да помисли на поделба на земјата

Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли вели дека поделбата на Косово и размената на територии со Србија би претставувало газење врз суверенитетот на земјата и дека никој во Косово не сака ниту да размислува за таква дебата. Шефот на косовската дипломатија, во интервју за Гласот на Америка (ВОА) рече дека „има многу други прашања кои треба да се решат...

Силен земјотрес во Индонезија, најмалку 10 загинати

Најмалку 10 лица загинаа, а над 40 се повредени во земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер што го погоди утрово индонезискиот туристички остров Ломбока, соопшти агенцијата за управување со катастрофи. Потресот го погодил северниот дел на островот, додека сите спиеле. Епицентарот на земјотресот бил на 49,5 километри североисточно од најголемиот град на тој остров Матарама, на длабочина од седум...