Убиен адвокат на Милошевиќ и на шефот на „Земунскиот клан“

Во Белград синоќа е убиен познатиот адвокат Драгослав Миша Огњановиќ, а според локалните медиуми, во нападот, кој е извршен пред влезот на зградата во која живее, бил повреден и неговиот 26-годишен син. Полицијата го блокираше местото на инцидентот и изврши увид. Во тек е интезивна потрага по убиецот на адвокатот. Еден очевидец тврди дека по истрелите видел маж облечен во црно,...

Сончево со умерена облачност, попладне можна нестабилност

Сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат во интервал од 24 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Федерер: Не знам дали можам повторно да бидам број 1

Вториот светски рекет Роџер Федерер го пофали неговиот колега Рафаел Надал, но исто така зборуваше и за потенцијалното враќање во првото место во светот. Во интервју за „Блик“, Федерер зборуваше за освојувањето на два „Лауреус“ награди оваа година, за Надал, но исто така и за важноста на првото место на АТП листата. Надал на „Вимблдон“ стигна до полуфиналето, но таму се...

Запленити над 400 килограми марихуана во Албанија

Албанската полиција продолжува со засилените мерки во спречувањето на производството и троговијата со марихуана.Во одделени акции денеска биле запленети 413 килограми и уништени над илјада стебла марихуана. Запленетата дрога полицијата од приморскиот град Валона ја открила во близина на местото каде што реката Вјоса се влева во морето, натоварена на моторен чамец, во кој имало и пластични туби со 60...

Се чекаат наодите од комисиите и од обдукцијата за смртта на родилките

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во Битола изјави дека ги чекаат  извештаите од комисиите и обдукциските наоди од Институтот за судска медицина за да се видат точните причини  за последните случаи на смртност кај родилките. Според првичните информации, како што додаде, не станува збор за грешка. - Не би сакал да прејудицирам кои се вистинските причини се додека не ги видaм...

Бугарските социјалисти побараа оставка од Борисов и предвремени избори

Бугарската социјалистичка партија (БСП) денеска организираше собир на планината Бузлуџа, од каде побара да се стави крај на сиромаштија и корупцијата. Собирот се организираше на местото каде што во 1891 година била формирана бугарската Комунистичка партија. - Време е не само да кажеме „оставка“ туку и предвремени избори - изјави Сергеј Станишев, лидер на пан-европската Социјалистичка партија и поранешен водач...

Путин ги награди руските фудбалери за настапите на Светското првенство

Рускиот претседател Владимир Путин на специјална церемонија им додели награди на тренерите и фудбалерите на националниот тим по успешното Светско првенство во 2018 година.  Селекторот Станислав Черчесов го доби орденот „Александар Невски“, а играчите Игор Акинфеев и Сергеј Игнашевич добија почесни ордени. На останатите играчи и тренери им беа доделени благодарници од страна на претседателот. - На првото светско првенство во...

Србија: Опозицијата и Вук Јеремиќ собираат потписи против приемот на Косово во ОН

Лидерот на српската опозициска Народна странка Вук Јеремиќ денеска ја почна акцијата на собирање на потписи на граѓаните против договорот со кој Србија би овозможила прием на Косово во Обединетите нации. Јеремиќ изјави дека целта на иницијативата е испраќање на порака до владата дека граѓаните на Србија се противат за членството на Косово во ОН и дека собирањето потписи ќе...

Се запали автомобил кај селото Кружје

Патничко моторно возило марка „пежо“ со струшки регистарски таблици се запалило денеска на патот Охрид – Ресен, кај се селото Кружје. Ресенската противпожарна единица за МИА информира дека нема повредени лица, а возилото е целосно уништено. - Несреќата се случила околу 12 часот. Интервениравме со две возила и тројца пожарникари. Возилото беше целосно опожарено, а луѓето беа настрана, изјави дежурниот пожарникар. 

Арсенал му даде 5 гола на ПСЖ, Озил со одличен кам-бек

Арсенал го совлада ПСЖ со 5:1 во пријателски натпревар во Сингапур, која е дел од Интернационалниот куп на шампионите. Французите се потпираа главно на тинејџери и резултатот ја одразува разликата во класата. Од првата минута за „топџиите“ започна Месут Озил, кој дури ја доби и капитенската лента, што очигледно е дел од стратегијата на Унаи Емери да го извлече од...