Телефонски разговор меѓу Помпео и Чавушоглу во обид да се надмине кризата
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска повторно телефонски разговарал со американскиот државен секретар Мајк Помпео, за затегнатите односи меѓу двете држави. Двајцата министри се слушнаа и завчера, откако претседателот на САД Доналд Трамп најави санкции за Турција, поради апсењето на американскиот протестантски свештеник Ендрју Брунсон.
Турција, пак, бара од САД да и го екстрадираат муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен,...
Дачиќ: САД сега има нов пристап кон косовското прашање
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека САД имаат нов, конструктивен пристап кон решавањето на косовското прашање, за кој рече дека претставува значителна промена од досегашниот став.
- Тоа значи дека се отвори вратата за барање на ново, компромисно решение, нешто на што САД не беа подготвени во изминатите години бидејќи сметаа дека косовското прашање е затворено...
Филипче: Нови 80 вработувања во битолската клиничка болница
Министерот за здравство Венко Филипче денеска беше во посета на Клиничката болница во Битола, каде наскоро ќе бидат вработени нови 80 доктори и медицински персонал, а во финална фаза е и изградабата и инсталацијата на првиот линеарен акцелератор во овој дел од земјата. Битолската болница ќе биде првата каде што ќе се применува пилот - проект за снимање на...
Автобус падна во провалија во Индија, најверојатно 33 загинати
Автобус падна во провалија во западниот дел на Индија и се стравува дека притоа се загинати 33 лица, изјави официјален претставник.
- Автобусот со 34 вработени на Земјоделскиот факултет излетал од кривината на планинскиот пат во областа Рајгад, во државата Махараштра, при што еден маж успеал да излезе и да се качи на патот по што ги информирал службите на универзитетот...
Синот на Михаел Шумахер со прва победа на „Спа“
Синот на седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер, Мик, ја забележа својата прва победа во европската Формула 3 на патеката „Спа“ во Белгија.
Триумфот на Мик е на истата патека, каде што неговиот татко го постигнал својот прв успех во Формула 1 пред 26 години.
Шумахер мораше да почека речиси година и пол за да го дочека својот миг,...
Папата ја прифати оставката на кардиналот обвинет за сексуално малтретирање деца
Папата Франциско ја прифати оставката на американскиот кардинал Теодор Мекерик од колеџот на Кардналите, откако Мекерик беше обвинет дека пред половина век сексуално малтретирал малолетник во Њујорк.
Папата воедно му нареди на Мекерик да се моли и да се покае за случајот. Мекерик (88) ги негира обвинувањата против него. Според обвинувањата, тој две децении малтретирал еден сега 60 годишен маж...
Експлозивни направи и муниција пронајдени во центарот на Белград
Во центарот на Белград, зад црквата Свети Марко на Ташмајдан, денеска е откриена голема количина на експлозивни направи и муниција.
Како што информираат белградските медиуми, граѓаните меѓу црквата Свети Марко и зградите во Таковска улица забележале оставен сомнителен ранец и веднаш за тоа ја известиле полицијата. Според првичните информации, во ранецот биле пронајдени две димни бомби, солзавец, спорогоречки фитили за...
Приведени Албанци кои непријавено работеле во Тетовско
Во полициска акција на две локации во Тетово и село Џепчиште изутрината биле откриени и приведени вкупно 29 албански државјани кои работеле како градежни и земјоделски работници.
Како што информира МВР, денеска во периодот од 5 до 6 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово спроведена е акциска контрола за откривање и законско санкционирање на странски државјани кои непријавено...
Албанија уапси терорист од Сирија кој влегол како бегалец
Албанската полиција, во група нелегални мигранти открила Сириец кој бил дел од терористичка група која сеуште војува во Сирија и Ирак, пишува „Коха јон“.
Групата била откриена пред два дена во близина на преминот Капштица, на албанско-грчката граница кај Корча, а ја сочинувале 16 лица. Од нив десет се од Сирија, петмина од Пакистан и еден од Либија.
Сите веднаш биле...
Грејс Џонс: уметност на провокација и ексцентричност
Бренд-концепти: Музички икони (24)
Таа е една од најзначајните светски уметници на современата доба. Пејачка, актерка и моделка. Пејачка што израсна во револуционерна музичка икона. Актерка што стана филмска дива. Моделка, не каква било, туку врвна супермоделка. Да, тоа е единствената и неповторлива Грејс Џонс, чиј живот, без сомнение, е екстремно занимливо четиво. Се прослави со необичните музички хитови со...








































