ФФМ ја закажа седницата за избор на претседател на 1 септември
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука и вонредната седница за избор на претседател на ФФМ ја закажа на први септември.
Од ФФМ соопштија дека местото и времето на одржување на вонредната изборна седница на Генералното собрание дополнително ќе биде одредено.
Пред десетина дена Илчо Ѓорѓиоски се повлече од претседателската функција во ФФМ и одлучи кариерата да ја...
Попис во Албанија во 2020, првпат прашања за етничката и верска припадност
Албанскиот Институт за статистика во 2020 година ќе спроведе попис на населението, домаќинствата и земоделските стопанства, девет години по последната значaјна статистичка операција.
За првпат во пописниот формулар ќе постои графа на која граѓаните ќе може да ја искажат, по своја волја, етничката и верска припадност.
Директорката на Институтот, Делина Ибрахимај, вели дека формуларот ќе биде поделен на два столба и...
Евакуирани посетители на базени во Нови Сад
Посетители на отворени базени на новосадското Сајмиште се евакуирани денеска, јавија локални медиуми.
Причина за тој потег на полицијата е најверојатно проблеми со количината на хлор во базените.
На терен се полициски возила, пожарникари и амбулантни возила.
Регистриран најтоплиот ден во Германија оваа година
Во Германија денеска е регистран најтопол ден во 2018 година со температура од 39,2 степена Целзиусови во градот Бернбург. Тоа е највисока температура откако се мерат температури во Саксонија-Анхалт и е измерена во 14:30 по локално време, соопшти германскиот Метеоролошки завод.
Се очекува температурите утре да бидат повисоки поради тоа што Европа е под влијание на топлотен бран. Можно е...
Најмалку 15 мртви во напад во Авганистан
Најмалку 15 лица загинаа во напад врз одделот за миграција во Џалалабад, главниот град на провинцијата Нангархар во Авганистан, изјави официјален претставник.
-Најмалку 15 други лица се повредени во нападот - изјави Атаулах Хоџани, портпарол на локалниот гувернер.
Двајцата напаѓачи биле убиени по шестчасовната престрелка, според Хоџани. Третиот напаѓач го активирал својот експлозивен елек пред влезната врата на зградата за да...
Утврдена Програмата за соработка во културата меѓу Македонија и Бугарија 2018-2021
Информацијата за склучување Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Бугарија за периодот 2018 - 2021 година, беше усвоена од Владата на Република Македонија на денешната 82-ра седница.
Како што соопшти владината прес-служба, министерот за култура Асаф Адеми е овластен да ја потпише оваа Програма.
Владата денеска ја усвои и Информацијата...
Во Србија задолжителна употреба на кирилица, казни до еден милион динари
Српската Влада, на предлог на Министерството за култура ќе формира Совет за српкиот јазик, кој ќе биде задолжен да се грижи за почитувањето на службената и јавната употреба на кириличното писмо.
Советот ќе има девет члена кои заедно со Одборот за стандардизација на српскиот јазик ќе бидат одговорни за стандардизација, негување, подобрување и заштита на писмото и на службениот јазик...
Одобрени повеќе од 100 договори за финансиска поддршка на инвестиции
Владата на Република Македонија на денешната 82-ра седница ги разгледа информациите за склучување Договор за доделување финансиска поддршка според Законот за финансиска поддршка на инвестиции со повеќе од 100 компании во Република Македонија, согласно кој за првпат за оваа финансиска поддршка можеа да аплицираат и домашните компании.
- Со договорите за доделување финансиска поддршка кои се одобрени на денешната седница...
Украле мала ајкула од базен, криејќи ја во количка за бебе
Три лица украле ајкула од Аквариумот во Сан Антонио, Тексас, ја завиткале во ќебе и ја ставиле во количка за бебе, по што мирно го напуштиле објектот.
Оваа необична кражба ја забележале сигурносните камери, а во видео-снимката која излезе во јавноста јасно се гледа дека во кражбата учествувале три лица, двајца мажи и една жена.
На снимката може да се види...
Сообраќајот се одвива по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
На патните правци надвор од градските средини и нтензитетот на сообраќајот е зголемен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.








































