Чистка во врвот на српската полиција
Српските медиуми денеска информираат дека во врвот на српската полиција направена е чистка на повеќе високи функционери и службеници.
Полковникот Горан Драговиќ разрешен е од позицијата командант на српската жандармеријата. Исто така, разрешени се и началникот на полициската управа на градот Белград Веселин Милиќ, како и началникот на комуналната полиција во Белград Никола Ристиќ, на чие место е поставен Иван...
Јанушев: Власта распиша референдум без да го почитува мислењето на 455.000 граѓани
Бледите и стерилни прес конференции на Заев не може да ја покријат трагедијата што и се случува на Република Македонија изминатите 14-тина месеци, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
-Трагедијата кулминира со вчерашното самоволие на парламентарното мнозинство кое одлучи да распише референдум без консултации со опозицијата во однос на најважното прашање од кое што зависи македонскиот идентитет, историја, традиција...
Почнува судскиот процес против поранешниот соработник на Трамп, Пол Манафорт
Судскиот процес против поранешниот шеф на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп - Пол Манафорт почнува денеска, што е прв случај на специјалниот американски обвинител Робет Малер поврзан со истрагaта за вмешаност на Русија во претседателските избори.
Манафорт се товари за десетици милиони долари заработени во Украина кои ги скрил на офшор сметки и измамил банки кога подигал заеми.
Манафорт е првиот...
Помали приноси на мед годинава во Штип
Пчеларите од штипскиот регион годинава повторно ќе бележат ниски приноси на медот во споредба со подобрите години, но и со приносите на медот на пчеларите од останатите региони во Источна Македонија.
Претседателот на Здружението „Пчелар 2014“-Штип Томе Толев вели дека состојбата со медот ќе се подобри откако пчелите ќе ги префрлат на паша на повисоките делови.
- Приносот на мед е од...
Производителите на пченица бараат интервентен откуп од државата
Интервентен откуп на пченицата, иако е доцна, побараа производителите на лебното зрно од Пелагонискиот, Полошкиот и од Скопскиот регион на денешната средба во Прилеп со Националната федерација на фармерите на Македонија. Според производителите, се исполнуваат законските норми зашто производствената цена од 9,14 денари што ја одреди Министерството за земјоделство е повисока од откупната од 7 до, максимум 8,5 денари...
Нападите од кучиња во Кичево не запираат
И покрај акцијата што во последниве два месеци ја спроведува Општина Кичево со една ветеринарна клиника од Куманово и дел од кучињата скитници се вакцинирани и кастрирани, сепак и понатаму во овој град се бележат напади врз луѓе од кучиња. Така пред неколку дена речиси во центарот на градот беше нападната постара жена, која благодарение на помошта од страна на...
Кичево домакин на турнир во кик-бокс и бокс
Со учество на 28 натпреварувачи од Македонија, Хрватска, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово викендов во спортската сала „Јанчица“ во Кичево, се одржа спортски спектакл. На овој спортски настан имаше 14 борби од кои 11 во кик-бокс и 3 во бокс, од кои две за светски првак во категорија до 83 килограми во кик бокс.
Во првата од двете...
Oпомени за лицата кои живеат во импровизирани живеалишта на јавни површини
Комуналните инспектори на Град Скопје извршија увид на јавните површини во делови од градот на кои се поставени импровизирани живеалишта и им изрекоа опомена на лицата кои се населени во близина на НБРМ, пред зградата на „Астера“ и на лицата лоцирани под Кале.
Како што информира Град Скопје, по извршениот увид на терен комуналните инспектори констатирале нарушување на комуналниот ред и...
Рекордна побарувачка за работници во Германија
Побарувачката на компаниите за нови работници во Германија во јули е на највисоко ниво, а најголема побарувачка е регистрирана во секторот информациско-комуникациска технологија, соопшти Сојузниот завод за вработување (ФЕА).
Индексот на слободни работни места е зголемен во јули за два поена на 256 поени, што е највисоко ниво од воведувањето во 2005 година.
Броот на слободни работни места е зголемен и...
Зголемен прометот во трговијата на мало
Прометот во трговијата на мало, во јуни годинава во споредба со истиот месец лани е зголемен во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и тоа номинално за 8,2 отсто, а реално за 5,9 отсто.
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво прометот номинално е зголемен...








































