Косово ја повлече одлуката за зголемените царини
Косовската Влада ја укина во целост одлуката за зголемените царини, соопшти денеска министерот за економија Кресник Бектеши.
Како што информира Бектеши на прес-конференција, ова е уште една потврда за добрите односи меѓу двете земји.
- Пред неколку минути бев информиран дека Косово ја повлече одлуката во целост, а претходно на владината седница на косовската Влада, биле земени предвид аргументите што беа...
Баша: Албанската економија секојдневно умира поради грабежите на Рама
Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, реагираше во врска со последниот извештај на американскиот Стејт департмент, во кој се констатира дека „Албанија е земја каде тешко се води бизнис“.
Баша оценува дека албанската економија умира како последица на „грабежите на премиерот Еди Рама и грст олигарси“.
- Албанската економија секојдневно умира како резултат на грабежот и...
Австралиец со албанско потекло осуден за подготовка на терористички напад
Австралиец со албанско потекло од австралиската сојузна држава Квинсленд, е осуден на 17 години затвор порадо планирање самоубиствен напад на територијата на Австралија.
Осудениот 25-годишен Агим Крузеи беше уапсен во антитерористичка акција во местото Логан во април 2016 година, по што се изјасни за виновен по обвинението за подготовка на терористички напад и подготовка на упад во странска држава.
Обвинителот Линколн...
Тачи: Нема сила што ќе нė принуди на поделба на Косово
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска реагираше на гласините дека во финалната рунда на дијалогот со Србија ќе се разговара за поделба на Косово и за размена на територии, катеогрички порачувајќи дека нема да има делба на Косово и дека нема да се прифати ниту да се разговара за такво нешто.
- Како претседател на државата ве уверувам дека нема таква...
Се удави момче во Охридско Езеро
По триесет минутна потрага од водите на Охридското езеро попладнево е извлечено безживотно машко тело. Момчето скокнало од педалинка и повеќе не излегло од водата.
Несреќата се случила во близина на Хотелот „Магнус“. И покрај обидите за реанимација, спасувачките екипи и полицијата не успеале да го спасат момчето.
Се уште се работи на идентификација на телото.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски...
Челзи ги прекина преговорите со Реал откако не најде замена за Куртоа
Челзи ги прекина преговорите со Реал Мадрид за Тибо Куртоа. Според „Скај спортс“, „сините“ нема да се разделат со Белгиецот додека не најдат негов заменик.
Цената на Куртоа е 35 милиони евра, а Флорентино Перез е подготвен веднаш да ја плати. Во изминатата сезона, голманот број 1 на Светското првенство во Русија запиша 46 натпревари за Челзи и прими...
Црвен метеоаларм на хрватското крајбрежје
Хрватската метеоролошка управа денеска прогласи црвен метеоаларм на целото јадранско крајбрежје - од Истра до границата со Црна Гора, во очекување на исклучително топло време и високи температури.
Во сооопштението на Управата се наведува дека денеска храватскиот брег на Јадранското Море ќе биде еден од најопасните делови во Европа.
Метеоролозите предвидуваат тепературите долж јадранскиот брег на Хравтска да надминат 35 степени...
Извлечени уште две тела од морето по пожарите во Грција
Грчката крајбрежна полиција денеска соопшти дека извлекла две нови тела од морето по пожарите на 23 јули и доколку се идентификуваат како жртви на пожарот, бројката на настрадани ќе се искачи на најмалку 93 лица.
Патролите ги продолжуваат потрагите на море, со цел пронаоѓање на евентуални жртви.
Во саботата пожарникарските служби информираа за 25 исчезнати, повеќето од нив би можеле да...
Кривична против 22-годишник поради oбид за убиство и насилство
Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против К.М. (22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „убиство во обид“ и едно кривично дело „насилство“ и против Ф.С. (20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 26.07.2018 година околу 23:00 часот на...
Грузија ја легализираше марихуаната за лична употреба
Уставниот суд на Грузија ги укина казните на лицата осудени за употреба на канабис, со образложение дека станува збор за „право на личен избор“.
Сепак, одгледувањето и продажбата на оваа супстанција остануваат вон законот.
Судот одлучи дека „казната за конзумација на марихуана е во спротивност со грузискиот Устав".
До моментот на донесувањето на решението, казната за користење канабис изнесуваше 170 евра.
Во...








































