Кураторката на московски „Гараж“ во Скопје
Во Музејот на современата уметност предавање насловено „Рефлексивен музеј“ одржа Кејт Фаул, водечка кураторка во музејот на современата уметност „Гараж“ во Москва и директорка на Независни интернационални куратори (ИЦИ) во Њујорк.
Основан во 2008 година, музејот „Гараж“ е една од новите институции формирани на почетокот на новиот милениум во напливот на нови уметнички центри во светот што почнаа да се...
Преполна сала за изведбата на „Странци“ на „Охридско лето“
Драмски театар од Скопје со театарската претстава „Странци“ од Филипо Болоња, режирана преку современиот пристап на режисерката Нела Витошевиќ синоќа ја наполни салата на фестивалот „Охридско лето“. Актерите на Драмски театар донесоа современа приказна што кореспондира со новото и модерно време. Седуммина пријатели играат игра, споделувајќи ги пораките, разговорите и фотографиите од своите мобилни телефони, како и комуникациите преку...
Гран при на „Стоби“ за „Ардалион“ од Ерменија
На древната сцена во античкиот амфитеатар со доделување на наградите заврши 17-от интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Со гран при за најдобра драма е наградена претставата „Ардалион“, античка мимодрама на режисерот Жираир Дадасјан во продукција на Ереванскиот државен театар на пантомима од Ерменија. Според жирито, со кое претседаваше познатиот руски режисер Николај Круглов, и членовите актерот Мето Јовановски...
Земаљскиот музеј од Сараево ќе гостува во Скопје
Од музејот, каде што беше отворена изложбата ,,Скопската тврдина - симбол на градот“, ќе бидат презентирани дела на Франтишек Топиќ, пионер на фотографијата во БиХ
Земаљскиот музеј од Сараево идната година во Музејот на градот Скопје ќе гостува со изложбата „Меѓу две империи: Босна и Херцеговина на фотографиите на Франтишек Топиќ 1894 - 1918“, која се смета за една од...
Тајланд бара од Лондон екстрадиција на поранешната премиерка Шинаватра
Тајланд денеска побара од Велика Британија да и ја екстрадира поранешната тајландска премиерка Инглук Шинаватра, која е осудена на затворска казна под обвинение за измами при доделувње земјоделски субвенции.
Инглук Шинаватра побегна од Тајланд во август минатата година со цел да избегне отслужување на казната затвор во траење од пет години, на која беше осудена поради измами со субвенциите за...
Полицијата немоќна пред убиствата на белградските улици
Убиството на познат белградски адвокат, кое се случи во саботата во претходно организирана заседа, потсетува на класична мафијашка пресметка
Убиството на адвокатот Драгослав Огњановиќ е продолжение на серијата неразјаснети ликвидации во Белград. Последната ликвидација, која е спроведена со класична заседа на белградските улици, има професионален потпис. Ова убиство на познатиот белградски адвокат е деветнаесетто од почетокот на годината во Србија,...
Анѓушев: Секоја промена на трасата на гасоводот низ Водно ќе значи одолжување на градбата
Магистралниот гасовод низ Водно има регуларна градежна дозвола и за негова изградба државата има земено кредит и потпишано договори со изведувачи. Станува збор за проект среде имплементација и секоја промена ќе значи одолжување на градбата на гасоводот и дополнително сечење на шума за греење на граѓаните, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Одговарајќи на прашање на денешната прес-конференција...
Јужна Кореја тргна во борба против вознемирувачкиот тренд „молка“
Јужнокорејската полиција тргна во одлучна борба против камерите што тајно ги снимаат луѓето додека се пресоблекуваат при посетата на базен или на плажа, барајќи спас од горештините на летото, пренесува „Вашингтон пост“.
Властите, реагирајќи на негодувањето на јавноста, организираа тимови опремени со инфрацрвени скенери кои се способни да ги забележат скриените уреди со објективи и направите на електрично полнење. Полициските...
Индустриското производство во јуни поголемо за 12,1 отсто
Индустриското производство во јуни годинава, во однос на јуни лани е поголемо за 12,1 отсто. Во периодот јануари - јуни 2018 година во споредба со истиот период минатата година има пораст од пет отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во јуни годинава во однос на јуни 2017-та бележи опаѓање...
„Алкалоид“ со инвестиции од 561,4 милион денари и со 105 нови вработувања
„Алкалоид“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари-јуни 2018 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран биланс на успех.
Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-јуни, продажбите достигнуваат 3.647.869.385 денари, што е за 4 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 701.478.745 денари, бележи зголемување...








































