Штетите од сушата во Германија проценети на неколку милијарди евра

Штетите врз германското земјоделство предизвикани од сушата и жешкото време изнесуваат „неколку милијарди евра“, изјави претседателот Здружението на земјоделците на Германија, Јоаким Рукид. Според него, само кај житните култури предизвикана е штета од 1,4 милијарди евра. Тој побара од Владата да подготви итни мерки за помош на земјоделците кои претрпеа штети од сушата. - Штетата е огромна. Земјоделството не може да...

Џафери: Кампањата за референдумот почнува на 10 септември

Парламентот ќе работи до 10 септември кога претседателот на Парламентот Талат Џафери очекува да почне кампањата за референдумот, што, пак, веќе е закажан за 30 септември. Иако предлагачи на одлуката се пратениците, Џафери вели дека носители на кампањата би можеле да бидат политичките партии, но и Владата, па дури и Собранието. - Веке три децении граѓаните на РМ...

НАСА: Марс не е погоден за живот

Една од амбициите на Илон Маск, но и на човештвото воопшто, е еден ден Марс да биде погоден за живот. И тоа не со херметички затворени комплекси, туку со атмосфера како оваа на Земјата. Сепак, според ново истражување на научници од НАСА, тоа не е можно, пишува списанието „Нејчр“. Марс има водени испарувања и јаглероден диоксид во количества, што можат...

Трамп ќе ги збогатува најбогатите Американци?

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за спроведување на план што ќе овозможи даночно олеснување од 100 милијарди долари за најбогатите луѓе во САД, пренесува „Њујорк тајмс“. Администрацијата на американскиот лидер би можела да ги приспособи прописите за даноците од капитални добивки, овозможувајќи им на инвеститорите да ја прилагодат вредноста на вложувањата на стапката на инфлација. Тоа ќе резултира со даночно...

Приведени 17 странски државјанки затекнати во локали во Полошко

Полицијата синоќа од два угостителски објекти во Гостиварско и Тетовско привела 17 странски државјанки и еден сопственик на локал. Според СВР Тетово, синоќа и изутрината полициски службеници извршиле акциска контрола во угостителски објект, лоциран на регионалниот пат Тетово-Фалише, сопственост на А.З. (50) од Тетово. - Во објектот биле затекнати 16 странски државјанки, кои работеле како танчерки и пејачки. Од нив 14...

Лозарството, националната свест, јазикот и историјата

Преродбенските пројави на македонството (5) Во почетокот на 1892 година е објавен првиот број на весникот „Лоза“, по кое и целото движење го доби името. Јазикот на првите четири броја на „Лоза“ содржи многу македонизми во лексиката, фонетиката, па и во морфологијата. Фонетскиот правопис со редуцираната азбука уште повеќе и формално го изделуваше македонскиот говор од бугарскиот литературен стандард. Беа...

Анѓушев: Економијата се мери со бројки, а не со политизирање (видео)

Растот на индустриското производство од 12,1 отсто во јуни годинава во однос на истиот период лани  и растот на просечната плата забележан во мај покажуваат дека економските политики на Владата се добри и оти даваат резултати на долг рок, порача вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на денешната прес-конференција во Владата. - Економијата се мери со бројки, а не со...

Првиот човек на малезиското цивилно воздухопловство поднесе оставка

Главниот директор на малезиското цивилно воздухопловство Азхарудин Абдул Рахман денеска поднесе оставка, еден ден по објавувањето на извештајот за истрагата која не содржи ниту еден нов податок за неразјаснетото исчезнување на авионот на „Малезијан Ерлајнс“ МХ370 во 2014 година, со 239 патници. Во извештајот претставен вчера пред семејствата на жртвите во министерството за сообраќај, се наведува дека „истражителите не можеле...

Зашеметувачка екстаза во сржта на Шара

#РаскажиНиЗаМакедонија ЛЕШНИЦА " order_by="sortorder" order_direction="ASC" returns="included" maximum_entity_count="500"] Пронајдете екстаза во животот, самото чувство дека живеете е радост сама по себе, е мудрост на поетесата Емили Дикинсон. Лешница за многумина е вистинска екстаза. Прекумерно занесно одушевување. Ја нарекуваат круна на Шар Планина. Највкусниот гриз од планината. Природата со сите свои бои насликала шармантен и колоритен дизајн. Создала непроценлива уметност. Бајковит пејзаж. Лешница e долина...

Адеми инфирмираше за капиталните инвестиции во образованието

Во септември треба да завршат градежните работи од реконструкцијата на блоковите В и Г на  Студентскиот дом „Гоце Делчев“, а во август ќе почне набавка на нов мебел за 18 ученички домови во вредност од 50 милиони денари, соопшти денеска  министерот за образование и наука Арбер Адеми на прес-конференција за капиталните инвестиции во образованието.  - Во академската 2018/2019 година очекуваме да завршат...