Самсунг со најниска стапка на раст
Корејскиот електронски гигант Самсунг денеска објави дека имал најниска стапка на раст во изминатата година, пред се поради релативно слабата продажба на моделот Галакси С9.
Профитот од мобилните телефони се намалил за дури 34 проценти во вториот квартал од годината.
Главната причина за проблемите на Самсунг се гледа во конкурентноста на поевтините кинески мобилни телефони.
УХМР:За Илинден нестабилно време, во петок пороен дожд и грмежи
Нестабилно време најавува УХМР за 2-ри август, кога Македонија го одбележува националниот празник Илинден.
Во петок на повеќе места се очекуваат поинтензивен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме.
Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба.
Тројца осомничени за бомбата фрлена во двор од куќа во Куманово
СВР Куманово поднесе кривична пријава против три лица во врска со случајот со фрлената експлозивна направа во двор од куќа во Куманово на 27 мај, годинава.
Како што соопштуваат од МВР, поднесени се кривична пријава против С.Т. (49) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поттикнување” во врска со „предизвикување општа опасност” и „недозволено изработување,...
Над 500 планинари спасени по земјотресот во Индонезија
Повеќе од 500 планинари биле спасени од вулканската планина Ринџани на индонезискиот остров Ломбок, каде што останаа заробени поради одрони предизвикани од силниот земјотрес пред два дена, соопштија денеска локалните власти.
- Вкупно 542 планинари се евакуирани. Останаа уште шест лица на планината. Сите се добро – наведува националната агенција за управување со кризни состојби.
Меѓу спасените планинари има 189 странци.
Уште...
НАСА ја претстави визијата за животот на Марс
Американската вселенска агенција (НАСА) ги претстави победниците на конкурсот за изгледот на можните живеалишта на Марс, кои беа избрани во соработка со универзитетот „Бредли“, објавува магазинот „Максим“. Жири-комисијата ги разгледа проектите за технолошки напредни домови на 18 тимови од целиот свет.
Моделите се прикажани на површината на Марс, но целта на натпреварувањето беше да се направи дизајн што би бил...
Туризмот на охридско-струшкото крајбрежје го достигнува максимумот
На охридско-струшката ривиера се бара место повеќе. Сместувачките капацитети се исполнети до максимум, информира претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески.
Тоа, како што нагласи, е добро. Туристичката сезона го достигнува својот врв, а туристичките работници, работат за целосна исполнетост и добра сезона.
- Хотелите се преполни, се бара кревет плус и кај приватните станоиздавачи. Од она што сум информиран од терен, на...
Автокефалност во Украина е чекор до автокефалност за МПЦ-ОА
Вселенската патријаршија врти нова страница во православниот свет
„Нова Македонија“ во неколку наврати анализираше колку македонското и украинското црковно прашање имаат сличности и разлики и дали Вселенската патријаршија може да одигра клучна улога во признавањето на МПЦ-ОА, во контекст на нејзините преземени канонски процедури за признавање на автокефалноста на Украинската црква. МПЦ има став од кој нема да отстапи, а...
Иновативни технологии што се очекуваат во најновите возила
Авто-мото индустријата напредува со огромна брзина. Светските компании секојдневно се во потрага по начини за да го подобрат и олеснат искуството на возачите, па, така, на пазарите сè почесто се појавуваат технологии што досега сме ги виделе само во научнофантастичните филмови. Во таа насока, во текстот подолу ќе ги разгледаме и опишеме технологиите на компаниите што тестираат и истражуваат...
Собранието распиша референдум за спогодбата со Грција
Во кратката дебата пред донесување на одлуката за распишување на референдумот спротивставени ставови изнесоа претставниците од власта и од опозицијата
Со 68 гласа „за“, ниту еден „против“ и без воздржани вчера Собранието на Република Македонија донесе одлука за распишување референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат по прашањето, кое ќе гласи „Дали сте за членство во ЕУ и во...
Иран ги условува можните преговори со САД
Советникот на иранскиот претседател Хасан Рохани, Хамид Абуталеби денеска изјави дека секои идни преговори со САД ќе мора да одат во насока на тоа двете земји да се вратат на нуклеарниот договор, што беше постигнат во 2015 година меѓу Иран и петте постојани членки на Советот за бебзедност на ОН плус Германија.
- Почитување на големата иранска нација, ограничување на...








































