Охрид преполн со туристи, се бара легло повеќе
Охрид шпицот на летната туристичка сезона го дочекува исполнет со гости, како оние што летуваат тука преку аранжмани на странски тур-оператори, така и со гости од земјата кои се тука за продолжениот празничен викенд.
Оваа сезона имаше потенцијал да биде рекордна по посетеноста, сепак останува да се видат податоците кои најверојатно нема да бидат онакви какви што се очекуваа, најмногу...
Се гради музеј до пештерата каде беа заробени децата и нивниот тренер
Почна изградбата на музеј, со кој ќе се одаде почест на драматичното спасување на 12 деца и нивниот тренер и еден спасувач, кој загина во северната тајландска провинција Чианг Раи за време на спасувањето од пештерата Там Луанг.
Изградбата на музејот почна со традиционална будистичка церемонија во близина на пештерата Там Луанг, во која властите побараа благослов од локалните духови.
Се...
Милкоска и Цветкоски триумфираа на Илинденскиот пливачки маратон во категоријата до 16 години
Пливачите Јана Милкоска и Стефан Цветкоски се победниците на традиционалниот Илинденски пливачки маратон во категоријата до 16 години што денеска се пливаше во водите на Охридското Езеро.
Тие патеката од Горица до Охрид долга 2,5 километри ја испливаа за 33:35 и 34:17 минути, постигнувајќи подобри резултати од сениорите кои се натпреваруваа во категоријата од 16 години и постари, а стартуваа...
Малолетник починал на улица во Охрид
Малолетник синоќа околу 23.30 часот бил донесен починат во Општата болница во Охрид.
- Според насоки на Јавниот обвинител, преземени се мерки при што е утврдено дека се работи за малолетно лице од Охрид на возраст од 17 години кое претходно се движело по улицата „Марко Цепенков“ со уште неколку негови другари. Во еден момент тој паднал на улица, а...
Разбиена најголемата педофилска мрежа во Европа и САД
Повеќе од два милиони снимки и фотографии на кои е прикажано злоставување на деца одземени се во Шпанија при претрес на 19 куќи, при што се уапсени 19 лица, соопшти денеска Европол.
За време на претресот, полицијата одзела 11 лаптопи, 23 мобилни телефони, четири таблети, 11 хард дискови, седум УСБ и пет мемориски картички. За време на истрагата откриено е...
СДСМ бара оставки од директорите и уредниците на МТВ
Националниот јавен сервис МТВ, денеска, на големиот државен празник 2 август – Денот на Републиката, емитуваше програма преку која упатуваше пораки спротивни на националните стратешки интереси на Република Македонија.
Со денешната програма од чествувањата на Илинден, МТВ ги оспори и ги доведе во прашање стратешките интереси на Република Македонија, а членството во ЕУ и НАТО го сведе на прашање за...
Иванов: Сакаме во ЕУ и НАТО, но со своето име, достоинство и чест
Македонија не е приватна сопственост за некој да тргува со неа и со нејзините вредности, не е личен имот за некој да ја распродава, не е ничија земја за секој да ја присвојува, туку му припаѓа на народот што ја создал, порача денеска од Крушево претседателот Ѓорге Иванов.
Во обраќањето по повод двата Илиндена, Иванов јасно и остро го повтори...
Македонците во Србија го одбележаа Илинден
И годинава претставници на бројните македонски здруженија, на Националниот совет и на амбасадата во Белград, со полагање венци и цвеќе на бистата на Гоце Делчев во Јабука крај Панчево, го одбележаа Илинден.
На свечената културно-уметничка програма учествуваше детската театарска дружина „Видое Дојчиновски – Даскалот“ од Качарево, КУД „8 октомври“ од Крива Паланка и Радомир Андриќ, претседателот на Здружението на книжевниците...
Грчката полиција нуди психолошка поддршка за семејствата на настраданите во катастрофалните пожар
Со двајца психолози и 10 монтажни контејнери за живеење со шест легла, грчката полиција им помага на погодените од катастрофалните пожари пред 10 дена од источниот дел на областа Атика.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, за психолошка поддршка за семејствата на загинатите, но и за преживеаните, двајца психолози од грчката полиција, од денеска секојдневно, но и за...
На Табановце и на Богородица се чека и по 45 минути
По половина час до 45 минути се чека на граничните премини Богородица и Табановце. иако фреквенцијата на возилата е зголемена, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на патиштата се одвива по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во...







































