Сенатот на САД со предлог-закон за нови санкции против Русија
Група сенатори републиканци и демократи поднесоа предлог-закон, кој според нив ќе го зголеми притисокот врз Русија како одговор на мешањето на Москва во изборите на САД, како и поради нејзините активности во Сирија и агресијата во Крим.
- Сегашниот режим на санкции не успеа да ја откаже Русија од мешање во претстојните избори. Наша цел е да го промениме тоа...
Жител од Голема Речица попладнево загина во сообраќајка
Шеесет и шестгодишен жител од Голема Речица И.Б. починал попладнево околу 15.30 часот од повредите што ги добил во сообраќајна несреќа, соопшти МВР.
Управувајќи „опел астра“ со тетовски регистарски таблички, И.Б. удрил во бандера на локалниот пат Пирок – Тетово кај Мала Речица. Бил пренесен во Клиничката болница Тетово каде што починал.
Полицијата работи на расчиствување на несреќата.
Борисов: Веќе се чувствува позитивен резултат во нашите односи по Договорот
Само една година откако го потпишавме Договорот за пријателство, соработка и соседство, веќе се чувствува позитивен резултат во нашите заемни односи, изјавил премиерот на Бугарија Бојко Борисов за време на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев попладнево во Благоевград, каде што се одбележуваат 115 години од Илинденското востание.
Повикувајќи се на прес-службата на бугарската Влада, Бугарската новинаска агенција-БТА пренесува дека Борисов...
МНР чека информации од Авганистан за веста за убиен македонски државјанин
Министерството за надворешни работи соопшти дека испратило барање за официјална информација до авганистанските институции во врска со веста дека македонски државјанин е киднапиран и убиен на територија на Авганистан.
- Во однос на информациите кои излегоа во медиумите за киднапирање и убиство на македонски државјанин на територијата на Авганистан, Ве информираме дека Министерството веднаш испрати барање за официјална информација до авганистанските институции. По...
Превртен камион на локалниот пат Желино – Јегуновце
Поради превртен камион сообраќајот на локалниот пат Желино – Јегуновце кај село Сиричино се пренасочува по локални патишта, соопшти АМСМ.
Лавров: Американските сенатори се смешни, ние не ги измисливме социјалните мрежи
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на состанокот на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Сингапур ги прокоментира заклучоците на комитетот на САД за разузнавачките активности околу „мешањето“ на Русија, нарекувајќи ги „смешни“.
- Едноставно ми е смешно кога слушам дека со смешни слики се прават обиди за поткопување на американската демократија. Тоа, според мене,...
Рекордно високи температури во светот
Делови од Европа и Азија деновиве се соочуваат со невообичаен високи температури, а во голем број земји издадени се предупредувања поради горештините.
Во Португалија горештините се предизвикани од топлотниот бран од Сахара, а за претстојниот викенд најавена е температура од 47 степени Целзусови.
Предупредување на опасност од високи температури издадено е и во Шпанија, а под висок ризик од топлотниот бран...
Шапуриќ: Без историската одлука во Смилево, ќе го немаше Илинденското востание
Денот на Републиката - 2 Август Илинден денеска беше чествуван и во Смилево каде што беа одбележани 115 години од Илинденското востание и 76 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ за ослободување на Смилево.
Владината делегација, која ја предводедеше министерот без ресор задолжен за инвестиции Зоран Шапуриќ и во која беа заменик-министерот за локална самоуправа Дејан...
Дојран се наполни со туристи за Илинден
Десетина илјади туристи од земјава и од околните држави, претежно од Србија и Грција, денеска го наполнија Дојран како што доликува за главна туристичка сезона.
Туристите дојдоа со месното население да го прослават заштитникот на Дојран, свети Илија, да се забавуваат на уредените плажи и да го проследат концертот на Јордан Митев кој се одржа денеска точно на пладне во рамки на...
Беноа Пер во налет на гнев поради поразот искрши три рекети (видео)
Францускиот тенисер Беноа Пер доби парична казна од 16.500 долари заради непримерно однесување.
Тој во три сета беше поразен од кипарскиот тенисер Маркос Багдатис на отворањето на турнирот Сити опен во Вашингтон, a пред самиот крај на натпреварот во налет на гнев поради поразот искрши три рекети.
- Навистина бев вознемиерн. Меѓутоа, она што треба да се памети е дека напредувам...







































