Коутс: Русија сака да ги ослабне и подели САД
Русија продолжува со обидите да ги ослабне и подели САД со тоа што се меша во американскиот изборен процес и во политичката дебата, изјави директорот на американската Национална разузнавачка заедница Ден Коутс на вчерашната прес конференција во Белата куќа.
- Разузнавачката заедница и понатаму е вознемирена од заканите за идните избори во САД, како за изборите во Конгресот (што ќе...
Нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи
Времето ќе биде нестабилно, претежно претпладне и особено во западните и јужните делови каде ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурите ќе се движи од 14 до 35 степени. Ув индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје ќе биде нестабилно, а температурата ќе се движи од 19 до 30 степени.
Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на...
Англиските клубови потрошиле 217 милиони фунти за плати на повредени играчи
Клубовите од Премиер лигата минатата сезона потрошиле 217 милиони фунти за плати на повредени играчи.
Манчестер јунајтед вкупно платил најмногу, односно 23 милиони фунти за своите повредени играчи, но Арсенал со 54 повреди во текот на минатата сезона е клуб кој најчесто плаќал.
Во Њукасл и Манчестер сити се регистрирани 24 повреди, а минатата сезона Брајтон имал најмногу среќа при што...
Делови од неколку скопски општини утре без струја
Дел од корисниците на ул. „Капиштец“ во општина Центар утре ќе немаат струја од 8 до 16 часот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од „ЕВН Македонија“.
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, од 9 до 16 часот утре без електрична енергија ќе бидат и корисниците од ул. „Фрањо Клуз“ бр. 2 и бр. 4 во...
Заев и Борисов втора година заедно го чествуваа Илинден
Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, попладнево заедно чествуваа 115 години од Илинденското востание пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот во Благоевград.
Како што пренесе Бугарската новинаска агенција БТА, Заев во говорот искажа благодарност за поканата од Бугарија да биде дел од одбележувањето и дека денеска се одбележува и првата годишнина од потпишувањето на Договорот...
Трамп и неговите функционери заработија тужби поради нечовечки однос кон имигранти
Граѓански здруженија во САД поднесоа тужби против претседателот Доналд Трамп и членови на неговата администрација под обвинение за нечовечки однос кон повеќе од илјада илегални имигранти во Калифорнија.
- Од 8 јуни се држат луѓе во федерални центри, на кои им се нарушени уставните права, се наведува во тужбата, поднесена од повеќе организации, меѓу кои и влијателната Американска унија за...
„Газета експрес“: Харадинај одобрил слободно движење меѓу Косово и Албанија
Албанскиот министер за дијаспора, Пандели Мајко им порача на граѓаните на Косово дека од 1 јануари 2019 меѓу Косово и Албанија нема да има граница, јави дописникот на МИА од Приштина.
Мајко, кој синоќа во градот Скендерај, во централно Косово, присуствуваше на манифестација посветена на косовската дијаспора, рече дека албанскиот премиер Еди Рама веќе има донесено таква одлука.
Според приштинскиот весник...
Три лица загинаа при експлозија во хидроцентрала во Бихаќ
Три лица загинаа попладнево при експлозија во хидроцентралата во Костела, во близина на босанскиот град Бихаќ, а едно лице се наоѓа во критична состојба.
Локалната полиција соопшти дека жртвите се вработени во хидроцентралата.
Засега не е позната причината за инцидентот, но се претпоставува дека станува збор за истекување на гас. Официјални информации ќе бидат соопштени по завршување на истрагата.
Во објектите на...
МВР презема мерки за денешниот инцидент во Крушево
Министерството за внатрешни работи соопшти дека презема мерки и активности за расчистување на денешниот инцидент при прославата на Илинден во Крушево кога поединци кои беа присутни на прославата фрлаа предмети кон делегациите.
- Се преземаат мерки за идентификација на сторителите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи во содејство со Јавното обвинителство презема мерки и...
Сочувство од „Содексо“ за убиените во Авганистан
Компанијата „Содексо“, за која работел убиениот Македонец и неговите колеги кои го изгубија животот во атентат во Кабул, изрази сочувство преку соопштение до јавноста.
Претседателот на компанијата Денис Машуел ја изрази својата „длабока тага и шокираност за оваа трагична загуба“, стои во соопштението.
Тројцата убиени во нападот во Кабул се со македонско, малезиско и индиско државјанство и тројцата работеле за „Содексо“,...







































