Огнената стихија во Калифорнија никако да згасне
Пожарникарите во Калифорнија и понатаму се борат со огнот во близина на градот Рединг, 600 километри североисточно од Сан Франциско, а гувернерот на Калифорнира Џери Браун изјави дека на спасувачите ќе им испрати „се што ќе им треба“ за да помогне.
Уште во првиот месец од новата буџетска година, Калифорнија веќе потроши околу 130 милиони долари во борба против огнената...
Помпео: Северна Кореја е далеку од денуклеаризација
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека Северна Кореја е далеку од своето ветување дека ќе изврши денуклеаризација и оти Пјонгјанг продолжува да крши многу резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Помпео додаде дека се уште постојат начини да се постигне целта - ослободување на Северна Кореја од нејзиното нуклеарно оружје.
Коментарот на Помпео уследи откако вчера беше...
Откако призна дека е ХИВ позитивен, Холивуд му сврте грб
Чарли Шин е се помалку баран од продуцентите на филмови и серии, откако пред две години јавно призна дека е ХИВ позитивен, па веќе се чини, не може да плаќа алиментација за четирите деца со двете поранешни сопруги - Дениз Ричардс и Брук Милер.
Шин (52), кој има две ќерки со Ричардс и два сина близнаци со Милер, тврди дека...
Во Костарика откриени и запленети два тони кокаин
Полицијата во Костарика откри и конфискува два тона кокаин скриени во четири ниско буџетни чамци, 80 наутички милји од брегот. Во акцијата уапсени се тројца мажи.
Акцијата е преземена во Пацификот по дојава на американската Крајбрежна стража и е една од најголемите заплени на кокаин на море.
Откриени се околу 2.000 пакети со по еден килограм кокаин. Дрогата била превезувана со...
Косачов: Обвинувањата од САД се резултат на внатрешнополитичка борба
Шефот на Комитетот за меѓународни односи на Советот на федерациајта на Русија, Константин Косачов вчера изјави дека обвинувањата дека Русија се меша во изборите во САД, што ќе се одржат во ноември, се резултат на внатрешнополитичка борба во САД.
- Ставовите на многу американски сенатори одамна веќе не се во согласност со реалноста. Ќе бидеме сведоци на уште многу слични...
Пет жртви на невреме на Корзика
Пет лица загинаа во несреќа која се случила за време на пешачење во кањон на францускиот остров Корзика откако бура создала огромен бран кој ги поклопил жртвите, соопштија денеска локалните власти.
Инцидентот се случил во средата, а меѓу жртвите е и едно седумгодишно девојче.
Иследникот Ерик Булард изјави дека на водичот кој исто така настрадал, други двајца водичи му советувале да...
Рускиот пијанист Николај Лугански на „Охридско лето“
По вчерашниот концерт заедно со виолинистот Сергеј Крилов и виолончелистот Александар Књазев, во катедралната црква „Света Софија“ вечер соло ќе настапи рускиот пијанист Николај Лугански.
Критичарите го опишуваат Лугански како пијанист со исклучителна префинетост и чувствителност, со „кристална убавина“ во свирењето слична на онаа што ја имале големите Моцарт и Шопен, како и виртуозност која потсетува на Рахманинов и на...
Пораки на Илинден за и против референдумот
Претстојниот референдум и Договорот со Грција беа доминантни во говорите на државниот врв на чествувањето на Денот на Републиката - 2 Август Илинден. Претседателот на Владата Зоран Заев од Пелинце и претседателот на Собранието Талат Џафери од Скопје испратија пораки дека тоа е единствениот пат до стратешката цел - европска и напредна Македонија.
Претседателот на државата Ѓорге Иванов, пак, од...
Предложена резолуција во Сенатот за поддршка на доворот за името
Сенаторите Крис Марфи, демократ од Конектикат и Рон Џонсон, републиканец од Висконсин, предложија во Сенатот заедничка резолуција со која се поздравува и поддржува договорот за името меѓу Македонија и Грција и се изразува предупредување и загриженост поради руското мешање и обиди за негово поткопување, пренесува МИА.
Во резолуцијата 602 што пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот ја претставија давјацата...
Нормализиран сообраќајот на патот Желино-Јегуновце кај Сирично
Сообраќајот на локалниот пат Желино – Јегуновце, кај село Сиричино, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин, е нормализиран, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања...







































