МО ќе покрене постапка против војник кој учествуваше во инцидент на Мечкин Камен
Министерството за одбрана (МО) формира Комисија со цел покренување постапка против професионалниот војник М.Б., кој е препознаен на видео-снимка од вчерашниот инцидент на прославата на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево, пренесува МИА.
- Со цел да се добие увид во ситуацијата и во заднината на случувањата, професионалниот војник денеска е повикан на разговор и на распит во Воената...
Проекција на кратки филмови во кино Мис Стон во Прилеп
Вечерва во киното Мис Стон во Прилеп, со почеток во 18 часот ќе можат да се
проследат шест кратки филмови продуцирани од учесници во проектот „Синедиверзити“.
Филмовите се продуцирани после завршувањето на едукативните работилници за
правење на филм.
Имено, овие филмови се дел од проектот „Синедиверзити” кој се одржува во Прилеп од почетокот на февруари. Целта на овој проект е да го доближи...
Зголемен бројот на мозочни удари и повици во Брза помош
Зголемен број повици во врска со нарушеното здравје на хронично болни, зголемен крвен притисок, главоболки, вртоглавици, малаксаност, недефинирани состојби регистрирала деновиве Итната медицинска помош во Скопје, од каде посочуваат дека тоа е вообичаено кога има ваква промена на времето, притисокот и влажноста на воздухот.
- Сто и дваесет повици дневно се регистрираат во Итната медицинска помош од кои 95 се извршени...
Топлотниот бран во Шпанија усмрти две лица
Два смртни случаи се регистрирани неделава поради високите температури што ја зафатија Шпанија.
Првата жртва од топлотниот бран е работник од Нигерија, кој починал во вторникот додека работел на изградба на пат во близина на градот Мурсија, додека втората жртва е 78-годишен пензионер, на кого му се слошило додека работел во градината. Тој почина во болница. Се претпоставува дека двајцата...
Мини маус кажа „да“
Еден посетител ѝ предложи брак на Мини маус во забавниот парк на Дизни во Орландо, САД, како што може да се забележи во видеото што го привлече вниманието на социјалните мрежи и на медиумите. Снимената шега собра преку три милиони прегледи на Твитер по нејзиното објавување.
Извесниот Џони Џин клекна на едно колено пред костимираниот лик на Мини маус, за да...
Стабилизирање на времето и пораст на температурата
Услови за краткотраен дожд утре ќе има во јужнa Македонија. Потоа следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Според прогнозата на УХМР, максималната дневна температура в недела ќе биде од 28 до 35 сетепени, в понеделник од 29 до 36, во вторник од 30 до 37 степени.
МНР чека официјални информации од Кабул за убиениот македонски државјанин
МНР се уште нема добиено официјална потврда од авганистанските власти во врска со веста дека македонски државјанин е киднапиран и убиен на територија на Авганистан, изјавија од Министерство за МИА.
Од МНР нагласија дека вчера веднаш по веста испратиле барање за официјална информација до авганистанските институции и оти по добивање на официјална информација од властите во таа земја, согласно законските процедури, ќе...
Епл прва компанија во светот со пазарна вредност од илјада милијарди долари
Епл стана првата компанија во светот чија пазарна вредност достигна илјада милијарди долари.
Акциите на компанијата на њујоршката берза вчера изнесуваа 201,5 долари, а денеска пораснаа за 2,75 отсто и достигнаа рекордни 207,05 долари.
Вкупната вредност на компанијата Епл со ова надмина илјада милијарди долари, што досега не и успеа на ниту една компанија во светот.
Порастот на пазарната вредност на компанијата...
Евакуирана железничката станица во Љубљана
Словенечката полиција утрово ги евакуираше присутните на главната железеничка станица во Љубљана и жителите на околните згради поради оставена сомнителна торба.
Торбата била забележана околу 7 часот утрово на железничката станица, по што полицијата го блокирала целиот реон.
На местото на настанот пристигнале и припадници на специјалните полициски единици, кои ја провериле торбата и констатирале дека во неа има само облека...
Ристевски ќе биде суден за убиството на сопругата, за кое тврди дека е невин
Борче Ристевски ќе биде суден за обвинувањата за убиство на неговата сопруга Карен, во нивниот дом во Мелбурн во 2016 година, пренесува австралиската телевизија Еј-би-си њуз.
Ристевски се соочува со обвинението за убиство на сопругата која последен пат била видена на 29 јуни 2016 година, на оддалеченост од околу 50 километри од националниот парк кај Маунт Маседон во северен Мелбурн,...








































