Заев им понудил на ВМРО-ДПМНЕ влез во Владата, тие останале на барањето за амнестија

Премиерот Зоран Заев денеска обелодени дека и понудил на ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата за заедно да го „одработат“ референдумот. Но, ВМРО-ДПМНЕ го одбила ваквиот предлог, но останала цврсто на барањето за амнестија. - Дадов понуда до 2020 да бидам премиер, но подготвен сум да го споделам својот мандат со ВМРО-ДПМНЕ, да го одработиме референдумот, но го одбија тоа....

Заев: Иванов и ВМРО-ДПМНЕ не можат да ги надминат својата немоќ и фрустрации

Ѓорге Иванов и опозицијата не можат да ги надминат својата немоќ и фрустрации. Несериозно е на таков начин, како вчера од Мечкин Камен, цинично да се испраќаат пораки. Само политичка фрустрација е однесувањето на така високи функционери, рече премиерот Зоран Заев во денешното отворено студио на 1тв од Охрид. - ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на државата се крстеа...

ЕК за говорот на Иванов: Сите да обезбедат имплементација на договорот со Грција

Европската комисија(ЕК) реагираше на говорот на претседателот Ѓорѓе Иванов вчера на Мечкин Камен, во кој тој изјави дека не го поддржува договорот со Грција за името. Брисел порача дека очекува од сите страни да бидат конструктивни, јави дописничката на МИА од Брисел. - Очекуваме од сите политички сили да играат конструктивна улога преку поддржување на заедничката стратешка цел на европската интеграција...

Нападот во Авганистан во кој беше убиен Македонец оквалификуван како терористички

Портпаролот на авганистанските власти денеска го оцени киднапирањето и убивањето на тројца странци, меѓу кои и македонски државјанин, во Кабул како терористички акт, најверојатно извршен од талибанци. Исламистичките бунтовници се активни во некои делови на округот Мусахи, каде што беа пронајдени телата на вработени во француската фирма „Содексо", соопшти портпаролот на началникот на полицијата во Кабул, Хашмат Станкезај. Најновите податоци...

Металург стартува во ЛШ со гостување кај Спортинг Лисабон

Ракометарите на Металург новата сезона од Лигата на шампионите ќе ја почнат со натпревар на гостински терен кај Спортинг Лисабон на 15 септември, додека првиот дел од групната фаза ќе го завршат на 1 декември на гости кај Татран Прешов. Единствено за натпреварот од третото коло, кога во Скопје ќе гостува екипата на Татран Прешов, сè уште не е утврден...

Коцијанчич: Трајно решение за Косово согласно меѓународното право

Трајно решение за Косово ќе значи одржливо реалистично решение според меѓународното право, а двете страни ја дефинираат заедничката основа за взаемна согласност, изјави портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, Маја Коцијанчич. - Дијалогот со посредство на ЕУ има за цел да промовира долготрајна соработка помеѓу страните, да им помогне да постигнат напредок на...

Почнува уривањето на дивоградби во Грција

Со уривање на 61 дивоградби, кои се сметаат за опасни за јавната безбедност, грчката Влада започнува со „битката“ против нелегално изградените објекти. Како што јави дописничката на МИА од Атина, на денешната средба на грчкиот премиер Алексис Ципрас со министерот за животна средина и енергија Јоргос Статакис, било одлучено да се испратат известувања и да започне уривањето на: 27 дивоградби...

Изгоре детска градинка во Германија бидејќи пожарникарите немале вода

Изгоре детска градинка во северна Германија откако пожарникарите не успеаја да најдат вода за да го стават огнот под контрола поради сувото време и горештините, јави ДПА. Во двата противпожарни хидранти во близина на градинката во селото Ворден, во провинцијата Шлезвиг-Холштајн, немало доволно вода за гаснење на огнот по неколкуте недели топло и суво време во Германија, изјави локалниот пожарникар...

Гори национален парк во Германија

Германски пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот што од синоќа беснее во националниот парк „Саксонска Швајцарија“. Облаци од чад се издигаат над регионот, кој се наоѓа до реката Елба во источната германска покраина Саксонија, каде е и познатиот Бастеи мост. Властите соопштија дека пожарот опфатил неколку тешко достапни места, а на пожарникарите во гаснењето им помагаат планински спасувачи и планинари....

Во Португалија измерени рекордно високи температури

Метеоролошката служба на Португалија денеска соопшти дека на осум мерни места во земјата измерила рекорно високи темепратури на воздухот. Највисоката темпертура од 45,2 степени Целзиусови е измерена во близина на градот Абрантеш, североисточно од Лисабон. За денеска португалските метеоролози предвидуваат темпертури до 45 степени Целзиусови, а за утре најавуваат уште потопло време и температури и до 47 степени. Највисоката температура во Португалија...