Сè помалку ученици и студенти во Албанија

Албанскиот Институт за статистика ИНСТАТ соопшти дека во Албанија од година во година има сè помалку ученици во основото и средното образование и студенти на факултетите. - Стареењето на населението и постојаната емиграција, а во помал процент и желбата да се студира во странство, предизвикаа голем пад на бројот на ученици и студенти, се наведува во соопштението на Институтот, според...

Даут Харадинај: Промената на границите води во војна

Пратеникот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Даут Харадинај смета дека идејата за корекција на границите, која на последните прес-конференции ја пласира претседателот Хашим Тачи, носи нов конфликт и е опасна за Косово, но и за сите земји од регионот, јави дописникот на МИА од Приштина. - Со толку мандат колку што имам јас, и како пратеник и како...

Сергеј Баздникин нов амбасадор на Русија во Македонија

Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Сергеј Баздникин за амбасадор во Република Македонија, јави ТАСС. Указот за назначување на новиот амбасадор беше објавен заедно со друг указ, со кој Путин го ослободува од должност досегашниот амбасадор Олег Шчербак. Сергеј Баздникин е поранешен заменик на началникот на Департментот за планирање на Министерството за надворешни работи на Русија. - Се именува Сергеј Александрович Баздникин...

Горештините во Јужна Кореја однесоа 35 животи

Екстремното топлото време во Јужна Кореја е причинител за смртта на 35 лица од 23 јуни, објави Корејскиот центар за контрола и превенција на болести. Жртвите биле на различна возраст, но, сите починале од срцев удар, соопшти канцеларијата. Бројот на жртвите е невообичаено висок и го надмина бројот на жртви во истиот период минатата година за најмалку трипати. Околу...

Албанија забрани користење мобилни телефони во училиштата

Од новата 2018/2019 учебна година во училиштата во Албанија се забранува користење мобилни телефони. За таа цел Министерство за образование денеска до директорите на основните и средните училишта испрати допис со кој ги известува дека од септември важи наредбата за забрана за користење мобилни телефони во учиштата. Забраната важи како за учениците, така и за наставниот кадар. - Знаеме дека учениците имаат...

Сервер: Корекција на границите со Косово е лоша идеја

„Корекција на границите" или еуфемизмот за „размена на територии" е лоша идеја, вели американскиот аналитичар Даниел Сервер и наведува бројни причини, а пред сè дека тоа би им дало потстрек на заговорниците на самостојноста на Република Српска и на Голема Албанија. „Размената ќе им даде ветар во грб на оние косовски Албанци кои сакаат да се обединат со Албанија. Тоа...

МЗ целосно го поништи тендерот за набавка на реагенси

Mинистерството за здравство го поништи тендерот за набавка на реагенси откако Комисијата за жалби по јавни набавки ги уважила сите три жалби кои се однесуваат на тендерот. Според министерот Венко Филипче, уште за време на евалуацијата било увидено дека има несоодветна документација од понудувачот, но не можеле да го поништат бидејќи била почната постапката за жалби. - Нов тендер ќе биде...

Заев ќе одмора во Охрид, повеќето министри во Грција

Премиерот Зоран Заев од годишниот одмор ќе искористи неколку денови во следниот период, а ќе ги помине со семејството во Охрид, неговиот заменик и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски замина на одмор во Црна Гора, а заменик-претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде седум дена на одмор во Грција со семејството. Како што соопшти ...

Заев: Ќе поднесам оставка ако на референдумот има повеќе гласови „против“

Ќе поднесам оставка ако на референдумот има повеќе гласови „против“ од „за“, рече денеска премиерот Зоран Заев од отвореното студио на 1тв во Охрид. Според него, добро е, не само за државата, туку и за ВМРО-ДПМНЕ да повика на излезеност на референдумот, а граѓаните да се изјаснат како сакаат. - Пред лидерите на политичките партии реков, ако сме за ЕИ...

САД: Потребна е креативност и флексибилност околу улогата и овластувањата на ЗСО

САД бараат креативност и флексибилност кога се во прашање улогата и овластивањата кои би требало да ги има Заедницата на српски општини (ЗСО) во Косово, соопштија од амбасадата на САД во Приштина. Како што пренесува Танјуг, од амбасадата е наведено дека сите напорно работеле за да се исполни „договорот за Асоцијацијата на српски општини (АСО)“, кој е произлезен од дијалогот,...