Амнестијата мотив за ширењето говор на омраза
Група од педесетина лица, кои и претходно и се познати на полицијата, а дел од нив учествувале и во нападот во Собранието од 27 април минатата година, е поврзана со инцидентот во Крушево за време на прославата на Илинден. Некои од нив извикуваа навредливи зборови кон припадниците на албанската етничка заедница и фрлаа со предмети кон владината делегација и...
Повеќе од 7 илјади слободни работни места на сајтот на Агенцијата за вработување
На пазарот на труд во Македонија моментно има 7.145 слободни работни места објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување.
- Магационери, молери, продавачи, раководители на производство, специјалисти, комерацијалисти, возачи, обезбедувачи на лица и имот, електромонтери, специјалисти за човечки ресурси, бравари, општи амдинистратори, директори, дистрибутери, службеници за организирање патувања, се дел од огласените работни позиции.
Сататистичките податоци покажуават дека во првиот...
Концерт на „Синтезис“ за роденденот на „Охридско лето“
Етногрупата „Синтезис“ вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе одржи голем концерт со што ќе биде одбележан роденденот на фестивалот „Охридско лето“ - нашата најголема и најреномирана музичко-сценска манифестација.
Станува збор за настан кој според атрактивноста се издвојува од вообичаените програмски содржини, бидејќи роденденскиот датум 4 август секогаш има посебно значење за манифестацијата.
Најавувајќи го концертот кој првично беше закажан...
Сончево со мала до умерена облачност
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Во крајните јужни планински делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 24 до 34 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 33 степени.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Моделот „Зомби бој“ пронајден мртов во неговиот дом
Канаѓанецот Рик Џенест е пронајден мртов во неговиот стан во Монтреал, а според првичните информации станува збор за самоубиство.
Овој 32-годишен модел стана познат по појавувањето во музичкото видео „Born this way“ на Лејди Гага, а оттогаш почна да се претставува како „Зомби бој“.
Лејди Гага, со која се спријатели по оваа соработка, изјави дека по веста за неговата смрт е...
Двоен самоубиствен напад во Авганистан, најмалку 39 загинати
Најмалку 39 лица загинаа, а 81 лице е повредено во денешниот двоен самоубиствен напад во шиитска џамија во источен Авганистан, соопшти Абдула Хасрат, портпарол на гувернерот на провинцијата Пактија.
Сите повредени, од кои некои во лоша состојба, се хоспитализирани, информираат регионалните здравствени власти.
Двајца мажи облечени во женска облека и вооружени со пушки влегле во џамијата во градот...
Јотовски елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Фогау
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски беше елиминиран во четвртфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во австрискиот град Фогау.
Јотовски по три сета претрпе пораз од домашниот тенисер Јонас Тринкер со 3:6, 6:2 и 7:6.
Третиот одлучувачки сет се играше речиси еден час, а Тринкер победата ја оствари во тај-брејк со резултат 10:8.
Турнирот се игра на земјена подлога и има награден фонд од...
Грчкиот министер за цивилна заштита поднесе оставка, Ципрас ја прифати
Грчкиот премиер ја прифати оставката на надлежниот министер за цивилна заштита на денешната нивна средба, јави дописничката на МИА од Атина.
Никос Тоскас повторно понудил да си замине од позицијата, а овој пат Алексис Ципрас ја прифатил неговата одлука.
Како што соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, Ципрас му се заблагодарил на Тоскас за соработката во изминатите години, а надлежностите...
Онлајн анкетата за летното сметање на времето во Европа предизвика голем интерес
Европската онлајн анкета за евентуално укинување на праксата на поместување на стрелките на часовникот нанапред во текот на летното сметање на времето, предизвика голем интерес, соопштија претставници на ЕУ.
-Уште сме на средина на испитувањето и регистриравме повеќе од милион испитаници - изјави портпарол на ЕК за ДПА.
Само во првите три дена се регистрирале повеќе од 500.000 лица.
Социолошкото испитување,...
Големо невреме во Нови Сад, се урна настрешница на бензинска пумпа
Настрешница на бензинска пумпа во Нови Сад се урна попладнево за време на поројниот дожд што го зафати овој српски град.
На пумпата во тој момент имало два автомобила врз кои паднала конструкцијата.
Еден муштерија е полесно повреден.
На терен излегоа пожарникарите и полицијата.








































