Обезбедени 10 милиони евра за патот Крива Паланка – Деве Баир
Обезбедени се 10 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој за рехабилитација и проширување на патната делница Крива Паланка - Деве Баир (граница со Бугарија), соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).
Дополнителни 2,6 милиони евра ќе бидат обезбедени како грант преку инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан“ на Европската унија со што ќе се затвори финансиската конструкција за рехабилитација...
Помпео: Турција останува клучен сојузник во НАТО и покрај несогласувањата со САД
Државниот секретар на САД Мајк Помпео увери дека и покрај тензиите поради приведувањето на американски светеник и други несогласувања, Турција останува клучен сојузник во НАТО.
САД планираат да работат во соработка со Турција и покрај санкциите од Вашингтон против двајца турски министри поради континуираното држење во затвор на американскиот свештеник Ендрју Бренсон, кој е обвинет од Анкара за шпионажа и...
Во име на слободата, правдата и македонскиот суверенитет
Кај нас, среде окупираниов протекторат, правдата, законот и Уставот се суспендирани, воведена е диктатура од јужноамерикански тип и како што се ближи денот на неуставниот референдум, така ќе се засилуваат насилството и теророт врз македонскиот народ. Ама, пак, во името на слободата, правдата и македонскиот суверенитет, за кои се бореа и умреа Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев, Никола...
Зависните Британци го проверуваат телефонот на секои 12 минути
Велика Британија во текот на изминатата деценија разви култури на „дигитална зависност", така што повеќето луѓе мора постојано да бидат поврзани на интернет, објави националната агенција за телекомуникации во годишниот извештај.
Во просек, Британците ги проверуваат своите паметни телефони на секои 12 минути, а 40 проценти од возрасните пго проверуваат мобилниот телефон во првите пет минути по будењето, наведува Офком...
Невада задоволна од профитот по легализирањето на марихуаната
Првата година од легализацијата на марихуаната во Невада ги надмина очекувањата на регулаторите во тој сектор.
Продажбата и даноците веќе ја надминаа прогнозата за целата фискална година за 25 отсто.
Продажбата би требало да надмине 500 милиони долари кога ќе се пресметаат податоците од јуни, со даночните приходи од околу 70 милиони долари, од кои 25 милиони се за училиштата.
Директорот на...
Тајниот код на пораките од Илинден
Политичарите кажаа што кажаа и си заминаа, секој со своите калкулации и комбинаторики. Граѓаните пак останаа да се борат со своите стравови, надежи, очекувања и, секако, со дилемата кому да му веруваат
Република Македонија го испрати и овој Илинден поделена и раскарана меѓу себе повеќе од кога и да е. За тоа и овој пат се погрижија политичарите, преку своите...
Каде ќе летуваат министрите во Владата на Република Македонија
Владата на Република Македонија поради големиот интерес од страна на медиумите, објави соопштение за тоа каде ќе летуваат министрите годинава.
Ова лето, претседателот, замениците на претседателот и министрите во Владата на Република Македонија годишните одмори главно ќе ги поминат во државата и земјите од соседството.
Во соопштението од Влада пишува дека, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, од годишниот...
Идните топлотни бранови ќе бидат почести, посилни и ќе траат подолго
Стапката на смртност поради топлотни бранови може да се зголеми за 2.000 проценти во некои делови на светот до 2080 година, покажуваат резултатите од студија објавена во списанието ПЛОС Медисин.
Научниците долго време предупредуваат дека климатските промени ќе донесат поекстремни временски услови во целиот свет, од топлотни бранови до урагани.
Авторите истакнуваат дека ова е најголемата студија досега која ја истражува...
Истекува рокот за формирање на ЗСО, на Косово тензично
Денеска истекува рокот кој меѓународната заедница им го даде на косовските власти за формирање на Заедницата на српски општини(ЗСО).
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика косовските Срби да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации.
Тој за денеска претпладне свика итна седница на Советот за национална безбедност на Србија, „поради состојбата на северно Косово“, јави српскиот јавен сервис РТС.
Според истиот...
Во тек техничките подготовки за референдумот
По конституирањето на Државната изборна комисија (ДИК) и усвојувањето на Правилникот и Роковникот, продолжуваат техничките подготовки за претстојниот референдум закажан за 30 септември.
Според Роковникот, ДИК до 2 август доставува барање до Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за доставување податоци за вработените во државната и општинската администрација, администрацијата на Градот Скопје и јавната администрација, а МИОА треба да...








































