Македонски државјанин киднапиран и убиен во Авганистан

Македонски државјанин е киднапиран и убиен во главниот град на Авганистан, Кабул. Тој е убиен заедно со уште двајца странци кои работеле за меѓународна компанија за храна во Кабул. - Индиски, малезиски и македонски државјанин беа киднапирани и убиени, а ги пронајдовме нивните тела", изјави денеска портпаролот на началникот на на полицијата во Кабул Хашмат Станекаи. Портпаролот прецизира дека тројцата работеле во втората по...

Уапсен пироман кој подметнувал пожари во областа Атика

Ми се допаѓа да потпалувам и да ги гледам пожарникарите како трчаат да ги изгасат пожарите, наводно рекол, според грчките медиуми, 35-годишниот маж кој беше уапсен за подметнување пожари во општината каде што загинаа најмалку 90 лица. Веројатно е дека уапсениот не е поврзан со катастрофалниот пожар во понеделникот, туку потпалувал во следните денови, односно во периодот меѓу 26 и...

На граничниот премин Богородица се чека десетина минути

На граничниот премин Богородица денеска за излез и за влез во земјава се чека десетина минути, соопштија од дежурната служба на граничната полиција. Толку време им е потребно на граничните органи да ги обават задолжителните формалности и патниците да го продолжат патувањето. Ваквата релаксирана состојба, велат дежурните на Богородица, веројатно се должи на фактот што само четврток е неработен ден...

Турција ги осуди американските санкции против нејзините министри и се закани со контра-мерки

Турција ги осуди санкциите од САД за министрите за правда и за внатрешни работи и повика тие да бидат повлечени. „Без сомнение, оваа одлука, што е еднаква на несоодветно мешање во нашиот судски систем, е во спротивност на духот на нашите односи со САД и ќе нанесе тежок удар на конструктивните напори за решавање на проблемите меѓу двете земји“, се...

Руското трио Крилов, Лугански, Књазев вечер на „Охридско лето“

Празничната вечер на Фестивалот „Охридско лето“ носи посебно музичко доживување со концертот на тројца врвни светски музичари - руското трио Крилов, Лугански, Књазев. Виолинистот Сергеј Крилов, виолончелистот Александар Књазев и пијанистот Николај Лугански на сцената на катедралната црква „Света Софија“ ќе настапат со дела што за камерно трио ги има напишано Јоханес Брамс. Волшебното музицирање, лириката и тоналната убавина во свирењето...

Црна Гора ги дава под концесија двата аеродрома

Владата на Црна Гора одлучи да ги понуди црногорските аеродроми на концесија, а повик за сите заинтересирани наскоро ќе биде објавен на нејзината веб страница, соопшти министерот за транспорт Осман Нурковиќ. Планот е дека аеродромите во Подгорица и Тиват да бидат дадени на концесија во траење од 25 до 30 години. Нурковиќ за „Вијести“ изјави дека со тоа Владата сака подобро да...

Во Велес чествување на двата Илиндена

Општина Велес и Сојузот на борци од НОАВМ-Велес по повод Денот на Републиката-2 август и двата историски Илиндена - 115 години од почетокот на Илинденското востание и 74 години од Првото заседание на АСНОМ утрово организараа чествување на празникот.  По тој повод делегација на општина Велес, на Сојузот на борци, на институции, организации, политички партии и граѓани утрово положија цвеќе...

Косово ќе потроши 2,6 милиони евра за луксузни џипови

Косовските институцииа во наредните денови ќе потрошат 2,6 милиони евра за купување на 71 луксузен џип и 15 патнички возила, јави дописникот на МИА од Приштина. Освен тоа, според пишувањето на весникот „Зери“, од почетокот на годинава институциите изнајмиле околу 400 други возила, за чие користење во наредните 60 месеци ќе се платат околу 10 милиони евра од државниот буџет. Вкупно...

Отворени Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“

Со пристигнувањето на преку 50 коњаници од цела Македонија на Гумење во Крушево, пеш од центарот на градот заедно со бројни делегации и граѓани и со читањето на Манифестот на Крушевската Република синоќа на Гумење во Крушево беа отворени Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“. На отворањето присуствуваше и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој ќе се обрати на...

Белгија воведе давачка за новинарите кои известуваат од самитите на ЕУ

Белгиските власти воведоа давачка од 50 евра за безбедносни проверки на новинарите кои известуваат од самитите на Европската унија. Давачката се однесува само на новинарите кои постојано живеат во Белгија, додека повремените известувачи од европските самити не мора да ја плаќаат. Околу 1.000 новинари вообичаено известуваат од самитите на ЕУ и се очекува белгиските власти да добијат 50.000 евра од оваа...