Променливо и нестабилно, на места со пороен дожд
Времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно, на повеќе места со интензивен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме. УВ индексот ќе изнесува 8.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 21 степени, а дневната температура од 26 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно. Утринската температура до 18, а дневната температура ќе достигне...
Британските дипломати во ЕУ ќе бидат отповикани в година
Во писмо испратено до својот персонал на 27 јули, Европската комисија и Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) ги информира вработените со британско државјанство, кои работат во дипломатските претставништва на ЕУ низ светот, дека ќе треба да се вратат до септември 2019 година.
Како што јави дописничката на МИА од Брисел, амбасадорите и високите дипломати ќе мораат да се повлечат...
Времето нестабилно, со пороен дожд, грмежи и ветер
За време на денешниот празничен ден на повеќе места ќе има поизразена нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално тоа ќе биде и во форма на невреме со пообилен пороен дожд и појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Нестабилно ќе биде и в петок, особено во западните и јужните делови. Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.
Македонија ги слави двата историски Илиндена
Македонија денеска ќе го одбележи Денот на Републиката 2 Август и двата историски Илиндена - 115 години од почетокот на Илинденското востание и 74 години од Првото заседание на АСНОМ.
Делегацијата на Мечкин Камен во Крушево ќе ја предводи претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Во 9.30 часот ќе биде положено свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, а во...
Дополнителни 37 милиони евра за мигрантите во Грција од ЕК
Европската комисија и додели дополнителни 37,5 милиони евра за подобрување на условите за прием на мигрантите во Грција.
Грчките власти ќе добијат 31,1 милиони евра за активности како здравствената грижа за мигрантите, преведувачките услуги и исхраната, како и за подобрување на инфраструктурата во приемниот центар во Филакио, соопшти ЕК.
Дополнителни 6,4 милиони евра и се доделуваат на Меѓународната организација за миграција...
Суд во САД времено ја забрани дистрибуцијата на нацрти за 3Д пиштоли
Американски федерален суд од Сиетл привремено го забрани споделувањето на нацрти за изработка на оружје од 3Д печатачи, откако во САД се прошири страв дека тие ќе можат слободно да се користат за изработка на оружје.
Прашањето го покрена компанијата „Дифенсе Дистрибјутед“ од Тексас, која од 2013 година споделува нацрти со кои секој граѓанин што има 3Д принтер лесно може...
Корисниците од ТЦ „Бисер“ утре без струја
Корисниците од Трговскиот центар „Бисер“ утре од 9 до 11 часот ќе останат без електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.
Нилсен: Фејсбук покажа дека сериозно ја сфаќа безбедноста на изборите
Американската министерка за внатрешна безбедност Кирстен Нилсен го поздрави Фејсбук затоа што презеде акција за да прекине кампања со политичко влијание на платформата, што, како што оцени, покажува дека компанијата сериозно ја сфаќа безбедноста на претстојните избори.
- Ова е многу добра вест затоа што покажува дека Фејсбук тоа го сфаќа многу сериозно, така што би требало да се пофалат...
Палмер: Се надевам дека македонските граѓани ќе ја донесат вистинската одлука на 30 септември
Македонија веќе доби историска покана од страна на НАТО, а доби и јасен пат за пристапни преговори со ЕУ. Се надеваме дека македонските граѓани ќе ја искористат приликата на 30 септември да го дадат својот глас на референдумот за пристапување на земјата во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција, изјави вршителот на должност заменик...
Проработеа првите мигрантски центри во Баварија
Во германската сојузна покраина Баварија денеска се отвараат првите центри за прием на мигранти, со капацитет од 1.000 до 1.500 лица, во кои ќе се обработуваат барањата за азил, јави новинската агенција ДПА.
Се работи за пренаменување на центри кои и досега служеа за прием на мигранти, но со нова задача.
Центрите се отвораат на инсистирање на германскиот министер за внатрешни...








































