Прва тужба од семејствата на загинатите во катастрофалните пожари во Грција
Тужба до обвинителството, против генералниот секретар за цивилна заштита, префектот на Атика, градоначалникот на општина Маратон, против одговорните за цивилна заштита во периферијата Атика и општина Маратон, против одговорните и надлежните во противпожарната служба и полицијата и кон секој што носи одговорност, поднесоа три семејства на загинати во катастрофалните пожари.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, тужбата ја...
МЗШВ прави анализи и ќе ги објави штетите од косовската мерка за царините
Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека Министерството за земјоделство прави анализи по што ќе објави колкави се штетите од косовската одлука со која царините за извоз на зеленчукот и овошјето од 18 јули до вчера беа 30 отсто повисоки.
- Среќен сум што Косово трипати дебатираше на оваа тема, се корегираше и ја повлече мерката, рече Заев на прес-конференција во...
Државна финансиска помош од 9,2 милиони евра за над 100 компании
Над 100 компании ќе добијат вкупна финансиска помош од 9,2 милиони евра согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите за остварените резултати во минатата 2017 година.
На компаниите кои аплицирале за добивање државна помош заклучно со 31 јули годинава по 60 дена откако ќе ги достават барањата и потребните документи во Агенцијата за странски инвестиции ќе им бидат исплатени средствата.
Во...
Заев: Ако граѓаните не донесат одлука натаму продолжуваат институциите
Премиерот Зоран Заев не сака да прејудицира како ќе гласа Собранието во случај да нема цензус за претстојниот референдум за договорот за името, но повтори дека е убеден во исполнување на цензусот посочувајќи дека нема алтернатива за тоа.
Парламентот ќе носи самостојна одлука, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција за доделување финансиска државна помош на компаниите.
- Ако...
Медицинска компликација причина за смртта на родилка во КБ Штип
Завршен е извештајот за случајот со родилката која во јуни почина во Клиничката болница во Штип и пред два дена беше доставен до Министерството за здравство од страна на формираната Комисија. Според наодот на Комисијата запазени се сите процедури согласно практиките на добро лекување и станува збор за жал за медицинска компликација, истакна денеска ресорниот министер Венко Филипче.
Тој посочи дека...
Се спојуваат здравствени домови и болници за полесно работење и услуги
Имплементираме план за рационализација и спојување на здравствените домови и болници во градовите каде тоа може да се направи. Веќе ја завршивме постапката на спојување на Здравствениот дом и болницата во Кочани, а понатаму ќе следат Дебар и Гевгелија, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека цел е да се олесни работата, поради тоа што сите тие институции...
ЕУ со брзи чекори кон воведување данок за дигитални услуги
Министрите за економија на Италија и на Франција нагласија дека ќе работат на брзо усвојување на предлогот на Европската комисија за воведување данок за дигитална услуга од 2019 година.
- Прашањето за дигиталниот данок е од големо значење за граѓаните и ќе обезбеди поголема еднаквост и ефикасност, се вели во заедничко соопштение на италијанскиот министер за економија Џовани Триер и...
Увидот во Избирачкиот список за референдумот од 9 август
Државната изборна комисија (ДИК) упати јавен повик до граѓаните за проверка на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот на 30 септември. Увидот во податоците почнува на 9 август и ќе трае до 23 август на полноќ.
ДИК ги повикува граѓаните Македонија, да ги проверат податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување...
Иванов: Не прифаќам договор што е штетен за македонските национални интереси
Претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со вршителот на должноста заменик-помошник државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер во однос на постигнатиот договор меѓу владите на Република Македонија и Република Грција, истакнал дека не прифаќа договор со кој се крши Уставот, законите и се рушат државните институциите и претставува договор што е на...
Дијаспората ќе може да гласа на референдумот
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на првата конститутивна седница во нов состав го усвои Правилникот за подготовка, организирање и спроведување на претстојниот референдум закажан за 30 септември, кој заедно со Законот за референдум и Изборниот законик ќе претставува основа за работата на ДИК. Усвоени се и Роковник и јавен повик за увид во Избирачкиот список кој почнува на 9...








































