Харадинај: Границите може да се променат единствено со војна
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска повторно се спротивстави на заложбите на претседателот на Косово, Хашим Тачи за корекции на границата со Србија, порачувајќи дека границите може да се променат единствено со војна.
- Границите се воспоставени со војна и само со војна можат да се променат. Греши тој што мисли дека можат да се поместат поинаку - изјави Харадинај во...
Општина Аеродром во јуни ја предала докуметацијата на СЈО
Специјалното јавно обвинителство за потребите на предистражна постапка во текот на јуни годинава побарала од општина Аеродром да достави документација за нивното работење.
Во текот на јуни, како што соопштија за МИА од Општината, од страна на Специјалното јавно обвинителство е доставено писмено барање за доставување документација од Општината.
Во дадениот рок, од 20-тина дена, односно, исто така, во јуни годинава...
МВР: Спасовски ќе побара разрешување на Велковски
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски до Владата на Република Македонија ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, соопшти денеска МВР.
Службеното возило „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ, како што соопшти МВР, на 2 август по спроведената истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди е констатирано...
Утврдени хигиенски пропусти во „Специјал“
Утврдени се пропусти во спроведувањето на добрата хигиенска пракса во продавницата „Специјал“ во центарот на Скопје, покажаа инспекциските контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Како што изјави за МИА директорот на АХВ Зоран Атанасов, дуќанот нема да се затвори, изречена е само корективна мерка-едукација. Ако во некои следни контроли повторно се утврди каков било пропуст, ќе следува парична...
Големи пожари во Португалија и Шпанија
Иберискиот Полуостров е зафатен од рекордно високи температури, кои на места надминаа и 45 степени Целзиусови, што го отежнува гаснењето на пожарите што неколку дена беснеат во Португалија и Шпанија.
Повеќе од 1.000 пожарникари, потпомогнати од 19 хеликоптери и авиони, петти ден по ред се обидуваат да го изгаснат големиот пожар што беснее во јужна Португалија, на околу 250 километри...
Ципрас: Не може повеќе да се толерира неконтролираното градење
Болката за загубените животи носи одговорност да преземеме дејства за никогаш повеќе да не доживееме таква трагедија, изјави грчкиот премиер Алекс Ципрас по завршувањето на состанокот со надлежните министри, по повод катастрофалните пожари од 23 јули и објави пакет од 20 итни мерки за справување со нелегалната урбанизација и дивоградбите.
- Неконтролираното градење што е закана за човечките животи не...
Самоопределување: Ќе го спречиме Тачи во намерата за размена на територии
Опозициското Движење Самоопределување најави дека е можно „да организира масовни протести“, со цел да го спречи косовскиот претседател Хашим Тачи „да ја реализира намерата за размена на територии со Србија“.
Најавувајќи дека ќе се преземат сите активности „за спречување на Тачи во намерата да му наштети уште повеќе на Косово“, пратеничката на Самоопределување Арберие Нагавци на денешната прес-конференција истакна...
Систем за препознавање лица ќе ја засили безбедноста на ЛОИ во Токио
Организаторите на Летните Олимписки игри во Токио во 2020 година, планираат да воведат систем за препознавање на лицето на сите акредитирани со што би се направил чекор напред во безбедноста на најголемиот спортски настан во светот.
Јапонците за прв пат во историјата на ОИ ќе ја користат технологија „Ниофејс“ кој ги следи сите акредитирани лица, вклучувајќи спортисти, службеници, вработени и...
Германците тестираат електрично возило што се полни за време на возење
Старт ап компанија од Минхен ова лето ги искористува предностите на силното баварско сонце за да ги спроведе последните тестирања на системот за напојување за својот модел „Сион“, електрично возило што се полни за време на возење преку соларни ќелии.
Иако Германија веројатно нема да го реализира проектираното ниво од вкупно милион електрични возила на своите патишта до 2020 година,...
МВР му го укина обезбедувањето и на Никола Тодоров
МВР го укина и последното лично обезбедување на функционери од поранешната влада. Од МВР за МИА потврдија дека по направени безбедносни проценки не постои безбедносен ризик врз поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и поради тоа е укинато.
- Од поранешните функционери обезбедување се уште користи само поранешниот претседател на Владата Никола Груевски. Нему му следува обезбедување толку години колку...





































