Финансиската полиција врши претрес во домот Стевчо Јакимовски

Финансиската полиција попладнево врши претрес во домот на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во Скопје. Од Финансиската полицијата наведуваат дека ќе соопштаат повеќе информации по завршување на акцијата.

Мицкоски: До 10 септември ќе се знае ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека до 10 септември ќе соопшти дали ќе го повика на бојкот членството, дали ќе гласа против или ќе го поддржи референдумот за името на 30 септември.  - Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ нема став по ова прашање. Во минатото во многу наврати го има кажано и повторено својот став што се однесува...

Земјотрес во Јапонија, нема предупредување од појава на цунами

Умерен земјотрес денеска е регистриран во близина на источниот брег на Јапонија, а засега нема предупредување од појава на цунами, ниту информации за повредени луѓе и причинета материјална штета. Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12,1 километри, 243 километри источно од градот Офунато. Офунато беше разурнат...

Пијани словенечки полицајци и дозволиле на малолетничка да вози „марица“

Тројца словенечки полицајци се суспендирани, бидејќи на малолетната пријателка на едниот од нив и дозволиле да вози полициско комбе, иако таа немала возачка дозвола, а при тоа сите пиеле алкохол. Како што соопштија од полициската управа во Крањ, каде инцидентот се случил, полицајците во доцните ноќни часови ја повозиле малолетничката со „марицата“, а потоа и дозволиле и таа да ја...

Се пребројуваат и се ставаат идентификациски броеви на кучињата во Кичево

Во Општина Кичево веќе два месеци се одвива акцијата за хуман третман на кучињата-скитници, за што беше ангажирана Ветеринарната клиника ИНО-ВЕТ од Куманово. Од почетокот на оваа кампања регистрирани се помал број на напади од кучиња-скитници врз граѓаните на Кичево, за разлика од периодот пред тоа. Уште извесен период ќе биде потребен со оваа акција да се опфатат сите...

Девет лица починаа во Србија од западнонилска треска 

Во Србија годинава се регистрирани 102 случаи на лица заболени од Западнонилска трска, од кои починале деветмина, соопшти денеска српскиот Институт за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ - Батут“. Според податоците на Институтот, петмина од починатите се од реонот на Белград, а останатите четворица од Војводина. Сите заболени лица се жители на Војводина, Белград или реонот долж течението на Дунав.  Западнонилската треска...

Манчестер јунајтед ја одби понудата на Барселона за Пол Погба

Раководството на Манчестер јунајтед ја одби понудата на Барселона за купување на фудбалерот Пол Погба. Шпанскиот клуб за трансферот на Погба понудил 50 милиони евра, како и правата за фудбалерите Јери Мина и Андре Гомеш. Но, раководството на Јунајтед и тренерот Жозе Мурињо не ја прифатија понудата бидејќи очекуваат францускиот репрезентативец во следните сезони да има значајна улога во тимот. Погба во...

Тачи бара референдум за „корекција на границата“ со Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи попладнево ги повтори своите заложби за „корекција на границата со Србија“, нагласувајќи дека неговиот предлог не е за размена на територии, туку за припојување на Прешевската Долина кон Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Ни половина час по изјавата на премиерот Рамуш Харадинај, дека единствен начин да се променат границите е со војна, Тачи, преку...

Уапсени три новинарки поради незаконско преземање содржини од БЕЛТА

Три новинарки  денеска се уапсени во главниот град на Белорусија, Минск по извршен претрес во редакциите на два независни медиуми. Новинарките се приведени бидејќи користеле материјали од државната новинска агенција БЕЛТА без да бидат претплатници. Две од приведените новинарки работеле во порталот „Tut.By“, а третата е новинарка во новинската агенција „BelaPan“. Двата медиуми се осомничени дека незаконски користеле услуги од агенцијата...

Бројот на жители во Австралија достигна 25 милиони

Речиси една деценија пред предвидениот рок, бројот на жители на Австралија достигна 25 милиони. Како главна причина за ова се посочуваат стотиците илјади мигранти кои секоја година пристигнуваат во земјата. Според последните податоци на Владата во Канбера, секоја минута по едно лице пристигнува во Австралија, а тоа го поттикнува побарувањето на пазарот на недвижности, потрошувачката на автомобили, потребата за училишта, болници...