Тројца охриѓани краделе градежни материјали од магацин
Тројца охриѓани во период од четири месеци ограбувале магацин со градежни материјали при што се стекнале со противправна имотна корист од над 5.000 евра.
Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против А.З.(58), В.З.(52) и Ш.Ш.(83), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”.
Пријавените во периодот од април до...
Кривична пријава за ревизорка за непријавување корупција
Ревизорка од општина Радовиш заработи кривична пријава за непријавување корупција и измама во постапката за јавни набавки од 2013 година во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.
Како што соопшти МВР, Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Ј.К. (36) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“.
Ј.К. како раководител на Одделение...
Научна и уметничка визита во Куќата на Уранија
Научната и уметничка визита, која се одржува во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид, ќе почне денеска, со изложба на ракописи и епиграфски споменици. До крајот на манифестацијата, на 27 август, ќе има уште шест настани.
Изложбата за отворањето е насловена „Македонска писменост: од доаѓањето на св. Климент во Македонија до потпаѓањето на Самуиловото Царство под византиска власт (886 - 1018)“....
Книга за поетското и есеистичкото послание на Блаже Конески
„Поетското и есеистичкото послание на Блаже Конески“ е насловена книгата на Веле Смилевски, во издание на „Дијалог“, која е објавена по повод 30-годишнината од објавувањето на тестаменталната стихозбирка „Посланија“ на Блаже Конески, едно од најзначајните остварувања во современата македонска поезија.
- Во студијата на Веле Смилевски одредницата послание е поврзувачката компонента во синтетизирањето на значењата и пораките од поетското и...
Вучиќ: Потребно е решение за Косово што побргу
Српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредната конференција за новинарите изјави дека на Србија и е потребно решение за Косово што побргу, како и дека не постои лесно, едноставно и безболно решение за овој проблем.
- Јас такво решение никогаш не сум ветил, нити такво решение постои, освен за несериозните и недговорните луѓе - изјави Вучиќ.
Тој потсети дека Белград ги има...
Словенечката писателка Габриела Бабник во Скопје
Во рамките на проектот „Читајќи го Балканот“ во август словенечката писателка Габриела Бабник ќе оствари резиденцијален престој во Скопје. За време на својот престој таа ќе работи на својата нова книга, а ќе има можност да се запознае со дел од македонските писатели, преведувачи, издавачи и воопшто со македонската книжевна и културна сцена.
Габриела Бабник (1979) е писателка, литературна критичарка...
Вонреден инспекциски надзор во градинката „Детска Радост“ во Гевгелија
Службите за инспекциски надзор за заштита на децата при Министерството за труд и социјална политика ивршија вонреден инспекциски надзор во градинката „Детска Радост“ во Гевгелија и при зедоа изјави од директорката и од вработените во градинката.
- Директорката е задолжена веднаш да се утврди правилно фактичката состојба и врз основа на тоа да се поведе постапка за утврдување на одговорност,...
Се заштитува оригиналниот живопис од 14 век во Зрзе
Според уметничките квалитети на живописот, таа е една од најубавите и најстарите во прилепскиот регион, па и на Балканот. Црквата датира од втората половина на 14 век. Има прекрасен живопис и во внатрешноста комплетно е насликана
Прилепскиот завод и музеј ги заврши годинашниве едномесечни конзерваторски работи на фрескоживописот во црквата „Свети Никола“ во селото Зрзе, Долненско, на кој се работи...
Силен страв од „македонцките работи“
Преродбенските пројави на македонството (9)
Бугарија е должна „насекаде да ги чува интересите на единството на бугарското племе“, независно каде се наоѓа и колку е малобројно. „Не се знае дали некогаш нивната услуга нема да ѝ биде мошне пожелна и многу скапа“. Бугарија, вели, треба да биде уверена дека „во Македонија живее еден од секоја страна несомнен контингент Бугари“, на...
Евакуиран дел од аеродромот во Франкфурт поради полициска акција
Делови од аеродромот во Франкфурт се евакуирани и запрено е качувањето на патниците во авионите, затоа што „најмалку едно неовластено лице влегло во безбедносната зона“, соопшти портпаролот на германската федерална полиција Реза Ахмари.
Како што јави ДПА, Ахмари нагласи дека во тек е полициска проверка на сите лица во безбедносната зона.
Претходно, германската полиција на Твитер објави дека „на Терминалот 1...






































