Ердоган: Турција е подготвена за војна во секое време
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека една силна држава треба да е подготвена за секаква ситуација и во името на тоа да обезбеди траен мир.
– Тајната на успехот на државите се крие во подготвеноста за војна во секое време, ако тие сакаат мир. Ние сме подготвени со сė со што располагаме - нагласи Ердоган на средба со...
Хамнеи: Нема да има војна, ниту преговори со САД
Со САД нема да има ниту војна, ниту преговори, порача денеска врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, но предупреди дека негативните последици на новите американски санкции врз економијата на Иран се од внатрешна природа.
- Забранувам одржување на разговори со Америка...Америка никогаш не ги исполнува своите ветувања од преговорите...само нуди празни зборови и никогаш не се откажува од своите цели –...
Владата утре ќе решава за разрешувањето на Велковски
Владата на утрешната седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на БЈБ, Лазо Велковски кој беше поднесен од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски откако се утврди дека Велковски службеното возило го користел за превезување на членови од неговото семејство надвор од Македонија.
За можните негови наследници ќе се разговара понатаму, информира денеска премиерот Зоран Заев по панелот ...
Заев: Потписниците требаше да присустуваат на одбележувањето на Рамковниот договор
Сите кои на некои начин беа вклучени во процесот на потпишување и натамошно имплементирање на Охридскиот рамковен договор требаше да пристуваат денеска на свеченото одбележување на 17-годишнината од неговото потпишување, што се одржа во Клубот на пратениците со панел дискусија на тема „Патот до Брисел преку Охрид“.
Ова го порача денеска премиерот Зоран Заев по завршувањето на панелот, а одговараќи...
Прогласена вонредна состојба во областа Псахни на островот Евија
Генералниот секретар за цивилна заштита Јанис Тафилис прогласи вонредна состојба во областа Псахни на островот Евија. Пожарот кој избувна вчера, денеска е ставен под контрола.
Регионалниот управник на Евија, Костас Бакојани соопшти дека „повеќе не постојат активни фронтови на пожарот“ и дека тој е целосно под контрола.
Поради пожарот што избувна во централниот дел на грчкиот остров Евија, беше спроведена...
Ања Ветерова со нова песна на својот роденден
Младата пејачка Ања Ветерова, денеска полни 19 години. Токму на денот на својот роденден таа посака да ги израдува своите обожаватели со нова песна и спот. Насловот на мелодијата е „Ми доаѓа да вриснам“, а снимена е и на српски јазик.
Видеото премиерно ќе биде пуштено во 16 часот на Јутјуб каналот ИДЏ видеос (Idjvideos).
- Работам со тандемот што победува....
Кривична за маж кој извршил полов напад врз малолетничка
Кривична пријава е поднесена против 55-годишен жител на Крива Паланка поради основано сомнение дека извршил полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
- На 25.07.2018 година во неговата куќа во Крива Паланка пријавениот извршил друго полово дејствие врз женско дете од Крива Паланка кое не наполнило 14 години, се наведува во денешниот полициски билтен.
Сугарески најави нов тендер за субвенционирање на нискобуџетни авиокомпании
Новиот јавен повик за субвенционирање на нискобуџетни авиокомпании ќе биде објавен деновиве, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со укинувањето на неколку авиолинии од страна на „Визер“ која беше единствено пријавена компанија на тендерот што го поништи Владата.
- Минатата недела беше поништена постапката во делот на нискобуџетните компании бидејќи имаше пристигнато една...
По 13-ти пат се организира АКТО-фестивал
Тринаесетти пат ќе се одржи Фестивалот за современи уметности АКТО од 23 до 25 август во Битола, во организација на Факултетот за работи што не се учат, на темата „Општество во изградба“.
Куратори на фестивалот се Ивана Васева и Филип Јовановски, додека куратори на музичката програма се Виолета Качакова и Мирко Попов. Куратори на програмата АКТО-агора се Ивана Васева, Биљана...
Оскаровските измени однапред осудени на пропаст
Новините за наредното издание се промена на датумот, времетраењето и внесувањето нова категорија за најпопуларен филм
Последното доделување на наградите на Американската филмска академија забележа најнизок рејтинг во историјата, со пад од 16 отсто во однос на претходната година. Во американската филмска индустрија ова е аларм што предизвика да се разговара за измени на манифестацијата, за да се зачуваат популарноста...






































