Франција и објавува војна на пластиката

Франција објави дека следната година ќе воведе казнени мерки кои ќе ги зголемат цените во малопродажба ако се пакуваат производи во нерециклирана пластична амбалажа, соопшти Министерството за заштита на животната средина. „Тие мерки се дел од пакетот што владата има намера да го активира, вклучувајќи го и воведувањето систем на надомест за пластични шишиња“, изјави државниот секретар за еколошка транзиција...

Кубанците почнуваат разговори за Нацрт-уставот со кој се признава приватната сопственост

Кубанците денеска почнуваат да разговараат за новиот Нацрт-устав, во кој не се споменува комунистичката држава, се признава правото на приватна сопственост и отвора пат за можна легализација на браковите од ист пол. Јавната дебата  за Нацрт-уставот е до 15-ти ноември. За таа цел организирани се 135.000 форуми, вклучително по населбите и работните места. Тие ќе ги презентираат заклучоците на 33 пратеници, кои...

Потврдена смртта на едно лице во Косово од западнонилска треска

Косовскиот Национален институт за јавно здравство потврди денеска дека во Косово една 82-годишна жена починала од западнонилска треска, а друга, 52-годишна, која била заразена од истиот вирус, е излекувана и пуштена на домашно лекување, јави дописникот на МИА од Приштина.   Насер Рамадани, директор на Инситутот, за телевизијата КТВ изјави дека нема место за паника, но апелира до граѓаните да избегнуваат...

Тачи: Охридскиот договор – најцврста гаранција за правата на Албанците во Македонија

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска преку својот фејсбук профил порача дека Охридскиот рамковен договор претставува најголема гаранција за правата на Албанците и на стабилноста во регионот. - Охридскиот договор, кој се потпиша пред 17 години, стави крај на вооружениот конфликт и создаде перспектива за мир, стабилност и меѓуетнички соживот во Македонија. И по 17 години тој останува најголема гаранција за правата...

Дачиќ: Разграничувањето е само идеја, поконкретно во септември

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека разграничувањето со Косово е само идеја и дека за поконкретни предлози и за компромисно решение би се разговарало во септември. - Од септември треба да разговараме за поконкретни работи за она што некој смета дека е компромис. Тие идеи за кои се слушнало не значи дека ќе бидат прифатени,...

Норвешки министер поднесе оставка поради приватна посета на Иран

Норвешкиот министер за рибарство Пер Сандберг денеска поднесе оставка по острите критики дека ги прекршил безбедносните протоколи со тоа што приватно патувал во Иран и Кина, а за што не ја известил владата.  Сандберг (58) не ги наведе причините поради кои однапред не ги известил надредените за тоа патување - одмор во јули во Иран, каде што бил со својата...

Меркел на средба со Путин в сабота близу Берлин

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин в сабота во Германија, а главни теми ќе бидат војната со Сирија, судирите во источна Украина и енергетски прашања.  Средбата ќе биде во владината палата во Мезеберг, на 65 км северно од Берлин.  – Се очекува во фокус на разговорите да бидат билатералните односи како и конфликтот во Сирија,...

Османи: Кампањата повеќе ќе биде информативна

Референдумската кампања повеќе ќе биде информативна отколку пропагандистичка. Сметам дека граѓаните немаат потреба да бидат убедувани, туку треба да бидат информирани за прашањата од договорот, бидејќи сметаме дека во моментот најголемиот хендикеп е всушност незнаењето на точните информации од договорот, имајќи предвид дека според анкетата само три отсто од граѓаните го прочитале договорот. Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски...

Романското воено обвинителство започна истрага за насилството врз демонстрантите

Романското воено обвинителство денеска соопшти дека започнало истрага во врска со насилството врз демонстрантите, кои учествуваа во протестниот марш во петокот во Букурешт со барање за оставка на владата, за време на кој беа повредени над 450 лица. Досега добивме околу триесетина жалби и моите колеги ги испрашуваат повредените, изјави обвинителот Јонел Чорбу. Обвинителството, кое веќе побара од жандармеријата да...

ЈСП предупреди за можно забавување на јавниот превоз на „Партизанска“

Од утре до 3 септември можно е забавување на јавниот превоз на булеварот „Партизански одреди“, од крстосницата со булеварот „8-ми Септември“ до мостот „Обединети нации“. Како што информира Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, забавувањето е поради геодетски мерења и вадење кернови од Друштво за градежништво, промет и услуги „Геинг“. - Автобусите и автобуските постојки ќе функционираат вообичаено, но можни се одредени застои...