Владата со информативна кампања за референдумот, ВМРО-ДПМНЕ се уште се консултира

Владата денеска на седница се очекува да донесе одлука за начинот на кој ќе ги информира граѓаните за важноста од претстојниот референдум и значењето што за иднината на земјата го има Договорот со Грција за решавање на спорот за името. Од друга страна, пак, опозицијата се уште не излегува со став дали ќе го поддржи референдумот. - Преку кампањата ќе...

Сончево и топло време, попладне пороен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната температура ќе движи од 27 до 36 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со...

Гугл ја следи нашата локација и без да ги одбереме тие опции

Гугл го следи движењето на своите корисници, дури и ако тие ја исклучиле таа опција, покажува ново истражување на Универзитетот Принстон. Услугите на Гугл за Андроид или Ајфон ги бележат нашите локации, дури и кога корисникот не ја користи таа опција, иако во повеќето случаи, Гугл ја бара вашата дозвола да ја користи локацијата. На пример, апликацијата Гугл Мапс не...

Значаен меѓународен успех на пензионерите од Свети Николе

Ансамблот за народни песни на пензионерите од Свети Николе постигна значаен меѓународен успех откако на интернационалниот фолклорен фестивал во Ќустендил, Република Бугарија, освои Специјална награда на жирито. Жирито на фестивалот го оцени настапот на светиниколските пензионери како “оригинална изведба која инспиративно ја следи базичната фолклорна линија на народното творештво“. Овој бугарски фестивал иако нема толку долга традиција бидејќи годинава во...

Давид Силва се повлече од шпанската репрезентација

Фудбалерот Давид Силва соопшти дека се повлекува од шпанската репрезентација. Силва во дресот на Шпанија одигра 125 натпревари, а дебитираше во 2006 година и по 12 години ја завршува репрезентативната кариера. - Размислував долго и не беше лесно да се донесе оваа одлука. Националниот тим ми даде многу и ми помогна да созреам како фудбалер и како личност, истакна 32-годишниот фудбалер. Фудбалерот...

Рикер: Референдумот е можност граѓаните да кажат дека се за позитивна иднина на Македонија

Поранешниот американски амбасадор во Македонија Филип Рикер изјави дека есенскиот референдум за името е можност сите Македонци да излезат и да кажат дека се за позитивна иднина на Македонија. - Членството во НАТО, ако ги погледнете вашите соседи како Бугарија, Албанија, другите земји од поранешна Југославија, им значеше многу, па дури и за Грција членството во НАТО и во ЕУ значеше...

Албанската полиција спречи шверц на оружје и уапси Швеѓанец

Албанската полиција на граничниот премин „Муриѓан“ на албанско-црногорската граница уапси шведски државјанин кај кого открила 19 пиштоли, калибар 7,65 милиметри. Во полициското сопштение се наведува дека, оружјето е пронајдено при контрола во патната торба на уапсениот Себастиан Ричард(21), кој патувал со автобусот што сообраќа на релација Косово-Германија а во која имало и женска облека.  - Уапсеното лице во изјава потврди дека...

Меркел: Без промена на границите подвлечени по војните на Балканот

Канцеларката Ангела Меркел денеска изјави дека територијалниот интегритет на државите на Западен Балкан е „неприкосновен“, со што, како што е наведено на  интернет страницата на германската влада, таа ги отфрли сите настојувања границите, подвлечени по војните на Балканот, да се ревидираат. Таа тоа го рекла по состанокот со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ. -Тоа не можеме да...

Заев: Пријателството со Бугарија треба да го негуваме и надградуваме

Македонскиот премиер Зоран Заев му одговори денеска на бугарскиот претседател Румен Радев, кој вчера му забележа дека не се извинил за тоа што кажал дека Илинденското востание е македонско. - Апелирам сите заедно да ги тргнеме политичките интереси, голиот популизам, рече Заев и додаде дека Договорот за добрососедство со Бугарија ги потврдил добрите односи меѓу земјите и нивното меѓусебно пријателство,...

АМСМ: Нема подолги чекања на граничните премини

Сообраќајот на патиштата се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните...