Роналдо денес излегува од болница

Поранешниот најдобар светски фудбалер, Бразилецот Луис Назарио да Лима Роналдо, им се заблагодари на сите за неговата поддршка по завршувањето во болница на Ибица поради проблеми со дишењето. Тој соопшти дека денес се враќа дома. - Пријатели, имав многу незгоден грип на Ибица, па морав да одам во болница во петокот. Сега сė е во ред. Се враќам дома. Ви благодарам...

Лирата вртоглаво паѓа, Ердоган бара нови сојузници

Турскиот лидер порача дека оние земји што не можат да се натпреваруваат на економски план со Турција измислиле валутни заговори на Интернет, кои немаат никаква врска со реалната состојба на земјата, нејзиното производство и реалната економија. Ердоган не посочи конкретно за кои земји станува збор, иако неговите коментари следуваат во период на интензивирање на спорот со САД и откако администрацијата на Трамп...

„Старс енд страјпс”: Американската армија Криволак го гледа како полигон за големи вежби

Повеќе од 1.000 војници на Копнените сили на САД во Европа и на АРМ, идната година на армискиот полигон Криволак ќе ја одржат воена вежба „Одлучен удар 2019“, објави армискиот сајт „Старс енд страјпс". Од АРМ соопштија дека некои од поважните аспекти на тренингот ќе вклучат и квалификација на војниците на САД за користење на оружје од мал калибар, против-тенковско...

Секое осмо дете во Македонија вонбрачно, во ЕУ секое второ

Околу 12 проценти од вкупниот број на живородени деца во Македонија во 2016 година се родени надвор од брачна заедница, покажуваат податоците на Еуростат, додека во Европската унија просекот изнесува 43 проценти.  Во земјите од регионот, според Еуростат, оваа бројка се движи од 58,6 проценти во Бугарија, 41,6 во Косово, 26 во Србија, 19 во Хрватска до 9,4 проценти во...

Над 430 загинати во земјотресот на Ломбок

Бројот на жртвите од земјотресот што го погоди индонезискиот остров Ломбок на почетокот од месецот, се искачи над 430 луѓе, додека материјалната штета се проценува на неколку стотина милиони долари. - Во земјотресот од 5 август загинаа 436 лица, од кои поголемиот број беа усмртени по уривањето на станбените објекти - се посочува во соопштението на индонезиската Агенција за катастрофи. Земјотресот...

Во Крива Паланка поставени три слободни интернет зони

Поставени се три слободни зони со безжичен интернет на територијата на општина Крива Паланка. Слободните „wi-fi“ зони  се лоцирани на централниот градски плоштад кај градскиот парк, плоштадот „Карпошово востание“ пред зградата на општина Крива Паланка и кај спортскиот комплекс во градот, во спортската сала „Бранители 2001“. Од локалната самоуправа на општина Крива Паланка истакнаа дека бесплатниот интернет е достапен како за жителите, така и за посетителите на општината. Неговото воведување, нагласуваат, е во согласност...

Захарова: Русија ќе прифати секакво решение за Косово, прифатливо за Србите

Русија ќе го прифати секое решение за Косово, кое ќе биде прифатливо за српскиот народ, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. - Она што ќе биде прифатливо за српскиот народ околу ова прашање, тоа со почит ќе биде прифатено од наша страна. Но, прашањето е -дали ова е корисно и што ќе биде корисно за...

Продолжува акцијата за селектирање пластика во Лисиче

Акцијата за селектирање пластика во населбата Лисиче продолжува да се спроведува. Според соопштението на општината Аеродром, граѓаните позитивно ја прифатиле оваа иницијатива и за неколку дена веќе околу 50 семејства потпишале договори за соработка. Планирано е акцијата да вклучи околу 400 домаќинства во Лисиче, кои ќе ја селектираат својата пластика и на неформалните собирачи на отпад во одреден ден од...

Халими: Обединување со Прешевската Долина треба да го иницира косовското Собрание

Претседателот на Партијата за деморкатско дејствување (ПВД) од Прешевкста Долина, Риза Халими смета дека можното припојување на оваа територија со Косово би претставувало исполнување на дамнешните амбиции на Албанците од тој регион, но има резерви за времето во кое се појави овој предлог, јави дописникот на МИА од Приштина. Халими во интервју за денешниот број на „Коха Диторе“ истакнува дека,...