Гвардиола во проблеми, Кевин де Брујне ќе паузира два месеца поради повреда

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер сити, Кевин де Брујне, најверојатно ќе отсуствува два месеци од теренот, откако на тренинг го повреди десното колено. Од Сити соопштија за повредата на Де Брујне, но без да наведат за што точно станува збор. Де Брујне неодамна им се придружи на соиграчите во Сити, бидејќи беше на продолжен одмор откако со белгиската репрезентација стигна...

Полска бара САД да основаат база во земјата

Полскиот претседател Анджеј Дуда за време на денешната прослава по повод Денот на Армијата на Полска изрази надеж дека САД ќе воспостават постојано воено присуство во неговата земја. - Полска се плаши од новите манифестации на руска агресивност во Источна Европа - рече претседателот Дуда за време на денешната прослава, додавајќи дека континуираното присуство на американските сили „ќе го...

Обвинителство: Главна причина за трагедијата во Џенова е човечка грешка

Човечка грешка ја предизвикала фатална трагедија во Џенова кога дошло до уривање на надвозник, изјави шефот на канцеларијата на јавното обвинителство во Џенова, Франческо Кози. Тој нагласи дека по завршувањето на спасувачката операција, ќе се анализираат „сите аспекти поврзани со развојот, инженерингот и одржувањето на надвозникот". Според претходните извештаи, надвозникот што се урна близу Џенова, кога 39 лица...

Самоубиствен напад во Кабул, најмалку 48 загинати

Најмалку 48 лица загинаа, а 67 се повредени во самоубиствен напад во западниот дел на главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти авганистанското Министерство за здравство. Повредените се пренесени во градските болници. Цел на самоубиствениот бомбашки напад била приватна зграда каде се одржувале подготвителни приватни часови за запишување на факултет. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, кој следеше по неколку недели...

Рама домаќин на премиерите од регионот на 27 август во Драч

Во албанскиот пристанишен град Драч, на 27 август, премиерите на земјите од регионов ќе имаат заедничка средба. Домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама,колегите од Македонија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Хрватска, Косово и Србија, ќе ги пречека во владината вила. На средбата ќе присуствуваат и високи претставници на Европската унија, а главна тема на средбата ќе биде расправата за подготовка на заеднички регионални...

Ердоган и Меркел: Турската економија е важна и за Германија

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел денеска разговараа телефонски за билатералните односи и ситуацијата во Сирија, изјави неименуван извор близок до кабинетот на турскиот претседател. Ердоган и Меркел изразиле одлучност во јакнење на билатералните односи, а разговарале и за планираната средба во Берлин на крајот на септември, наведе неименуван извор. Германската канцеларка му рекла...

Српската листа бара од Вучиќ да не се откажува од северно Косово

Градоначалниците на општините со мнозинско српско население во Косово, во отворено писмо до претседателот на Србија Александар Вучиќ, побараа од него да не се откажува од Косово и, посебно, од спасувањето на северно Косово. - Иако сте вие свесни за тоа, ние ве потсетуваме дека борбата за нас значи многу. Ќе беше историски пораз за нас доколку се откажеме, а...

Еко-свест: Водно пред опасност од уништување

На парк шумата Водно и се заканува уништување од изградбата на гасовод низ значајни подрачја на природа богати со биодоверзитет, велат од Еко-свест и додаваат дека во изминатата недела испратиле дописи до меѓународни институции и банки со цел да алармираат за повеќе проблеми кои ги има изградбата на гасовод низ Водно. - Во последните неколку месеци еколошките организации и...

МЗ обезбеди средства за исплата на надоместок за приватните специјализанти

Министерството за здравство соопшти дека со помош на Владата обезбедило буџетски средствата за исплата на приватните специјализанти запишани на конкурсот во јануари оваа година. - Сите приватни специјализанти (92-ца кандидати) кои се стекнаа со правото да добијат месечен паричен надоместок на последниот конкурс за приватни специјализации не биле искалкулирани во буџетот на РМ донесен при крајот на 2017 година....

Најмалку 22 деца се удавија во Нил на пат кон училиште

Најмалку 22 деца се удавија во Судан откако потона бродот што преку реката Нил ги превезувал на училиште. Починала и една жена откако пловилото потонало на околу 750 километри од главниот град Картум. На бродот имало повеќе од 40 деца. Несреќата се случила поради дефект на моторот предизвикан од поројните дождови, како и од силниот ветер. Силите на цивилната одбрана го...