Виена можен домаќин на „Евровизија“ наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по две години, следната година повторно ќе биде домаќин на изборот на песна за „Евровизија“, иако Израел победи на годинашната церемонија, објавија австриските медиуми. Веднаш по победата на Израелката Нета, се појавија противења околу тоа идниот натпревар да се одржи во Израел поради безбедносната состојба. Уште тогаш како алтернатива се споменуваше Австрија,...

Шилегов: Скопје во изминативе триесет години било третирано како несакано дете

Како градоначалник морам да водам сметка за тоа што ќе се случува во нашиот град во наредните 30 години. Сметам дека сум должен да мислам за овој град, да го предвидам неговиот развој. Мораме да дадеме плански инпут во развојот на градот. Ова во интервју за МИА го изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов, при тоа додавајќи дека развојот на...

Северна е географска – не е национална одредница

Недипломатско изречените барања од страна на двајцата највисоки претставници на власта во Бугарија македонските политичари да внимаваат како ги именуваат историските настани, засега само од подалечната, а утре и од поблиската историја на Македонија, не се ниту случајни, ниту наивни. Тие никако не може да се третираат како гаф, лупинг или невнимателност од нивна страна, како што се обидуваат...

ДИК ќе формираат избирачки одбори за дијаспората за референдумот

Над илјада македонски државјани кои живеат во странство се пријавиле да учествуваат на претстојниот есенски референдум. Државната изборна комисија (ДИК) се очекува денеска на седница да избира членови на избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето во дијаспората.  До вчера до ДИК имаше вкупно 990 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Од нив, 965 пријави...

Влакнесто суштество без очи исфрлено од морето на рускиот источен брег (Видео)

На рускиот источен брег, морето исфрли необично влакнесто суштество кое ги остави жителите во шок. Мртвото животно има долга опашка, прекриено со крзно и нема видлива глава, ниту,пак, очи, а според очевидците тоа е големо колку тројца просечни мажи. Граѓаните претпоставуваат дека се работи за некој изумрен вид од морските длабочини, на пример - мамут којшто испловил по топење на...

Кој прв ќе ја спушти топката

Ердоган и Трамп мора да направат чекори, макар и симболични, во насока на намалување на тензиите, пред да биде предоцна и да се направи непоправлива штета врз односите помеѓу стратегиските сојузници од НАТО. Ваквото нивно опасно ривалство никому не му е од корист, а најмалку на Турција Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган деновиве е на големи маки, водејќи битки на...

Санкциите на САД кон Русија ќе ги загрози преговорите со Северна Кореја

Руското Министерство за надворешни работи предупреди дека најновите санкции на САД за руска компанија, обвинета дека ги прекршила меѓународните рестрикции кон Северна Кореја, „се деструктивни и бескорисни и оти можат да загрозат разговорите за денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров“. Американското Министерство за финансии во средата воведе санкции за три компании од Русија, Кина и Сингапур со образложение дека и помагале на...

Пожарникари ноќеска спасувале тинејџер качен на дрво на „Партизанска“

Противпожарната бригада на Град Скопје ноќеска по еден часот интервенирала при спасување на 18-годишно момче кое се качило на дрво на улицата „Партизански одреди“ бр.85. Момчето се качило на дрвото со помош на другарите кои потоа го оставиле и заминале. Момчето било качено на 3,5 метри на дрвото, а спасувањето траело од 01.30 до 02.10 часот.  Во спасувањето учествувале тројца пожарникари. Од...

Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот

Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот, според списанието „Форбс“. Во изминатата година, 33-годишната ѕвезда заработи 40,5 милиони долари. Поголемиот дел од парите доаѓаат од учество во „Одмаздниците“. На второ место на листата е Анџелина Џоли со 28 милиони долари, следена од Џенифер Анистон со 19,5 милиони долари. Понатаму во рангирањето се добитничката на „Оскар“, Џенифер Лоренс со 18 милиони...

Вучиќ: Србија веќе ја разграничија западните земји

 Српскиот претседател Александар Вучиќ, коментирајќи ги на РТС  изјавите на германската канцеларка Ангела Меркел и на САД за идеите за разграничување, истакна дека Германија и САД веќе ја разграничиле Србија и дека се против менување на границите. - Тие веќе не разграничија, сите тоа го имаат направено. И Америка, и Германија, Англија, Франција, Италија, Австралија, Канада... сите тие се Косово да е...