Синот на Роналдињо се обидел да го скрие својот идентитет од Крузеиро
Синот на бразилската фудбалска легенда Роналдињо, Жоао Мендеш, се обидел да го скрие својот идентитет за време на пробите во бразилскиот клуб Крузеиро, пренесе „Глобоеспорте“.
Тринаесетгодишниот Жоао сакал да ги импресионира тренерите во тимот со својата игра, а не со името на легендарниот татко.
Според изданието, тој оставил позитивен впечаток со своите квалитети, но се уште не може да потпише договор...
Одбележување на Денот на АРМ
Во присуство на државниот и армискиот врв, претставници на дипломатскиот кор и други видни личности денеска пред Министерството за одбрана ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август - Денот на Армијата на Република Македонија.
Свои обраќања ќе имаат претседателот на државата и врховен командат на вооружените сили Ѓорге Иванов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Претседателот со Орден за...
ЕУ ја предупредува Црна Гора да внимава кому дава државјанство
Црна Гора ќе мора да се усогласи со европските строги норми и критериуми при давање државјанство на странски инвеститори, за да спречи безбедносните ризици, што ќе биде проценувано во текот на преговарачкиот процес, порачаа од Европската комисија.
Владата на Црна Гора на 26 јули усвои програма за стекнување државјанство врз основа на вложување, а планот е да почне да се...
Продолжува слушањето на „бомбите“ за „Титаник“
Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинети повеќе поранешни функционери за изборите во 2013 година.
На вчерашното рочиште почнаа да се слушаат „бомбите“ во присуство на јавноста, а Специјалното јавно обвинителство побара во седум од 1.063 „бомби“ поради приватни разговори да биде исклучена јавноста.
Одбраната бараше „бомбите“ воопшто...
Сончево време со мала до умерена локална облачност
Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, на места ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 21 степен, а дневната од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност со...
Шпанската Ла Лига планира да игра мечеви во САД
Водечките луѓе на шпанската фудбалска Ла Лига планираат неколку првенствени натпревари да се одиграат во САД, освен големото дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона.
Според соопштението, лигата планира натпревари во САД како дел од 15-годишното партнерство со групата „Релевент“, со цел да се промовира фудбалот во Северна Америка.
Не се дадени повеќе детали, освен дека се уште се договора за организацијата...
Андреа Бочели пееше за неговиот Интер
Славниот оперски пејач Андреа Бочели го посети тренинг-кампот на Интер, каде што ја изведе нумерата „Nessun Dorma“ пред фудбалерите на италијанскиот клуб.
Бочели, кој е познат навивач на миланската екипа, се сретна со тренерот Лучијано Спалети и со играчите на „нероаѕурите“, кои го наградија неговиот настап со аплауз.
Интер го очекува почетокот на новата сезона во италијанската Серија А, каде што...
Пренчи предупредува на сериозни криминални случувања во Албанија
Поранешниот генерален директор на албанската полиција, Ахмет Пренчи, даде силно предуредување кога станува збор за бебедноста во земјата.
Според него,во иднина, се очекуваат тешки,сериозни настани,поради поврзаноста на криминалците со власта.
Тој во интервју за тиранскиот весник "Газета шќиптаре" вели дека политичката волја е единствениот инструмент за удар врз криминалот со прекинување на поврзаноста со власта.
- Ниту еден од познатите криминални експоненти,...
Расправија предизвикала престрелка во Чаир
Расправија помеѓу три лица довела до меѓусебна оружена престрелка на улицата „Лазо Трповски“ во скопската населба Чаир, вечерва околу 19 часот.
До инцидентот во кој нема повредени, дошло поради нерасчистени имотно-правни односи, според неофицијални информации.
Полицијата е излезена на терен, каде што се работи на расчистување на случајот.
Томас и Фрум одбија да учествуваат на Турнејата на Шпанија
Победникот на Тур де Франс 2018 година Герент Томас (Велика Британија) нема да учествува во уште една престижна велосипедска обиколка - Турнејата на Шпанија.
Натпреварувачот на „Скај“, заедно со неговиот тимски колега Крис Фрум, ќе земат учество на Турнејата на Велика Британија и затоа одбија да учествуваат во Шпанија.
Оваа година „Вуелта“ ќе започне на 25 август во Малага и ќе...







































