Бразилецот Едмилсон со свој фудбалски камп во Гостивар

Под водство на некогашниот бразилски репрезентативец и играч на Барселона и Лион, Едмилсон Мораес, во Гостивар ќе се организира Летен камп за млади фудбалери, најави општината Гостивар. Летната школа е предвидена за во јуни 2019-та година и ќе биде добра можност за фудбалските таленти од градот, но и цела Македонија да покажат што знаат и умеат на теренот. Познатиот...

Иџе 16-ти на првата трка во Асен

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе заврши на 16-тата позиција на првата трка на патеката во Асен, Холандија во рамки на ТЦР-Европа шампионатот. Иџе тргна од 17-тата позиција и до крајот успеа да напредува за едно место. Вториот наш возач во шампионатот, Виктор Давидовски го освои 17-тото место. Победник на првата трка во Асен е Даниел Наѓ од Унгарија. ...

Путин со букет жолти цвеќиња на свадбата на австриската шефица на дипломатијата

Рускиот претседател Владимир Путин денеска престојуваше на два часа во Австрија, каде што присуствуваше на свадбата на австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсел. На аеродромот во Грац по 12 часот слетаа два руски авиона, во еден беа членовите на хорот Козаци, кои Путин ги донесе како подарок на шефицата на австриската дипломатија, а во вториот авион беше шефот на...

Премиерот Заев упати телеграма по повод смртта на Кофи Анан

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев упати телеграма со сочувство за загубата на поранешниот генерален секретар на Обединетите Нации (ОН), Кофи Анан, до актуелниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш. - Да продолжиме да работиме кон подобро организиран и помирен свет и на овој начин ќе ја оддадеме најголемата почит за големиот визионер, лидер, нобеловец и пред сѐ...

МЗШВ: Дополнителни два денара субвенција за килограм и за преработувачите и за трговците на сливи

Дополнителна субвенција од два денара за килограм за правни лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски мерки, е новата мерка која Владата ја донесе на последната седница за стабилизација на состојбите со откупот на сливите. Како што соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, мерката важи...

Светските лидери со реакции за смртта на Кофи Анан

Светските лидери и истакнати јавни личности изразија жалење поради смртта на поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, кој денеска почина на 80 години. Рускиот протседател Владимир Путин наведе дека го ценел Анан поради неговатата мудрост и храброст. - Искрено се воодушевував на неговата мудрост и храброст, како и на неговите одлуки донесени дури и во најтешките и најкритичните услови. Русите...

Еден загинат во сообраќајна несреќа кај селото Дабиле

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила денеска во 13.50 часот на патот Струмица-Берово, на излез од селото Дабиле, потврдија од МВР за МИА. Според првичните информации, автомобилот излетал од патот и удрил во бетонски столб. Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Шекеринска: Има структури кои не сакаат Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Во Македонија и надвор од земјата постојат структури кои не сакаат оваа држава да стане пристојно место за живеење, кои не сакаат Македонија финално да се стабилизира, и кои не сакаат да успее во своите стратешки приоритети - членка на НАТО и членка на ЕУ. Ова денеска го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, демантирајќи уште еднаш дека на воениот...

МОН: Јулските плати на вработените во средно образование се легнати на нивните сметки

Платите за вработените во средното образование се веќе на нивните трансакциски сметки, додека за платите на вработените во основното образование, Министерството за образование и наука исто така ги спроведе сите потребни процедури, соопшти МОН откако денеска Независниот синдикат за образование и наука-НСОН реагираше за доцнење на јулската плата за просветните работници. - Како што е утврдено во соодветните закони,...

„Епл“ одлучи да не ги зголемува цените на „Ајфон“

Пред една година, „Епл“ сериозно ги зголеми цените на паметните телефони, а „Ајфон X“ ја прескокна психолошката бариера од 1.000 долари. Според анализата на „TrendForce“ компанијата од Купертино нема да се обидува да прави нешто слично оваа есен, барем во највисоката ценовна класа. Од изданието објавија дека релативно слабата побарувачка за јубилејниот модел доведе до одредено отрезнување кај раководството...