Камион прегази жена во Прилеп
Седумдесет и едногодишна прилепчанка С.П. вчера им подлегна на повредите здобиени од удар од товарно возило „Киа Бета“ управувано од С.Т. од Прилеп, со прилепски регистарски ознаки.
Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила околу 09.40 часот на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ со ул.„Ристо Секирчанец“ и ул.„Јоле Андоноски во Прилеп“.
- Од ударот С.П. се здобила со тешки телесни повреди и била...
Приведен насилник кој се обидел да силува гостиварка
Дваесет и девет годишен државјанин на Република Албанија, рано утрово е лишен од слобода под сомнеж дека се обидел да силува гостиварка.
Според СВР Тетово, утрово неколку минути по полноќ 48-годишна гостиварка во полиција пријавила дека непознато лице се обидело да изврши полов напад врз неа во влезот од зградата во која живее. Во моментот кога влегла во влезот од...
Скопјанец заработи кривична пријава за три тешки кражби
Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против О.Р. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“, казниви по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Пријавениот, првото дело го извршил на 05.03.2018 година во периодот од 13.45 до 19.30 часот во куќа на ул.„50-Дивизија“ во...
Фараж против плановите на Мeј за блиски врски со ЕУ
Поранешниот лидер на Независната партија на Обединетото Кралство (УКИП), Најџел Фараж изјави дека се приклучува кон про-Брегзит групата со цел да се спротивстави на планот на британската премиерка Тереза Меј за идните односи со Европската унија.
Меј се залага и по излегувањето на Велика Британија од ЕУ да ги оддржи блиските економски врски со Унијата.
Предлогот на британската премиерка наиде на...
На Богородица и Табановце се чека до 30 минути
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 15-30 минути, на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на...
Три лица загинаа, а 38 се повредени во автобуска несреќа во Полска
Три лица загинаа, а 38 се повредени во автобуска несреќа што синоќа се случи во југоисточниот дел на Полска.
Автобусот превезувал украински туристи од Лавов кон Виена.
Возилото паднало во провалија и се превртело неколкупати.
Еден од повредените е во критична состојба.
Индонезија: Силен земјотрес го погоди Ламбок
Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени, според Рихтеровата скала, денеска го погоди индонезиски остров Ламбок, соопшти Американскиот геолошки завод.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од 7,9 километри.
Се уште нема податоци за предизвикани материјални штети и жртви.
Претходно месецов, истата област ја погоди земјотрес, во кој загинаа најмалку 430 лица.
Кремљ: Путин и Меркел остварија сериозни и детални разговори
Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа средба во палатата Мезеберг, што траеше три часа, а како што соопшти Кремљ, двајцата лидери оствариле сериозни и детални резговори.
- Беше тоа долг разговор, многу сериозен и детален, истакна портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, по синоќешната средба на Меркел и Путин.
Песков наведе дека Путин и посочил на Меркел дека...
Меркел: Мора да се продолжи со потрагата за решение за украинската криза
Германија и Русија мораат да продолжат да трагаат за решение на судирите во Украина, а договорите од Минск остануваат основа за решение, истакна денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
- Веќе долго време работиме на тоа, а договорите од Минск беа и ќе останат основа за решение на судирите. Иако морам да кажам дека се уште нема стабилен прекин на огнот,...
Албанија ја проверува безбедноста на мостовите во земјата
По трагедијата што се случи во Италија,кога се урна надвозникот Моранди, при што загинаа 41 лице, албанските власти почнуваат со контрола на издржливоста на мостовите во земјата.
Директорот на сообраќајната полиција, Митхат Тола, изјави дека почнале испекциите на системот на хоризонтална и вертикална сигнализација околу дозволената тежина на возилата кои минуваат по мостовите, како и состојбата на безбедносните елементи.
- Почнавме...







































