На ГП Богородица за излез од Македонија се чека до половина час

Зголемена фреквенција на возила изуттринава има на граничниот премин Богородица, каде за излез од Македонија се чека од 15 до 30 минути. На другите гранични премини, од македонската страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.  АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите...

Пратениците се враќаат на работа

По летниот одмор, пратениците од денеска се враќаат на своите вообичаени активности во Собранието. Во текот на оваа недела се очекува да бидат соопштени и информации за тоа дали и како на пратениците и пратеничките групи ќе учествуваат во јавната кампања за референдумот, но и тоа дали Собранието, како овластен предлагач, со свои претставници ќе ја набљудува работата на изборните...

„Титаник“ продолжува со слушање на нови „бомби“

Во Кривичниот суд денеска продолжува слушањето на „бомбите“ во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кој се обвинети повеќе поранешни функционери. Слушањето на „бомбите“ почна во четвртокот кога беа слушнати првите аудио снимки, а продолжи во петокот со преслушување на 106 од вкупно 1.063 „бомби“.  Досега на снимките се слушнаа разговори меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, поранешниот...

Силен земјотрес регистриран североисточно од Ломбок

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Индиски Океан, на 124 километри север-североисточно од индонезискиот остров Ломбок, јави Американскиот геолошки институт. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од еден километар. Не е издадено предупредување за појава на цунами. Претходно во текот на денот беше регистриран земјотрес на Ломбок со интензитет од 6,3 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот се...

По девет часа спасена Британката која падна во море од крузер

Британска државјанка, која синоќа падна во море од крузер, пронајдена е и спасена по девет часа, соопшти хрватското Министерство за одбрана. Таа е пронајдена од припадниците на Крајбрежната стража на Цавтат, на оддалеченост од 60 наутички милји од Пула, односно 1,3 километри од местото каде падна во море од крузерот „Норвешка ѕвезда“. Во потрагата по жената учествуваа авион, чамец на Пристанишната...

Салвини: Италија ќе ги врати мигрантите во Либија

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини се закани дека ќе врати 177 мигранти во Либија. Салвини инсистира дека „единствено решение“ е бродот да доплови до островот Лампедуза, што се наоѓа помеѓу Малта и Тунис. Бродот е во близина на Лампедуза од 16 август, а Италија побара од Малта да ги прифати мигрантите, но одбија властите во Валета. Малтешките власти тврдат дека...

Северна Кореја одобри надзор за безбедност на меѓународните летови

Северна Кореја се согласи персонал на Меѓународната организација за цивилна авијација (ИЦАО) да раководи со инспекцискиот надзор, за да се осигура безбедност на меѓународните летови, соопшти денеска Агенцијата на Обединети нации со седиште во Монтреал. ИЦАО планира да испрати персонал следната година со цел да се осигура дека Северна Кореја не лансира ракети. Инспектори на ИЦАО треба да надгледуваат дали се...

Во акција на СВР Охрид откриени 23 возачи под дејство на алкохол

Кај 23 возачи на моторни возила е утврдено присуство на алкохол при синоќешната контрола на Секторот за внатрешни работи Охрид. Полициските службеници, како што соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, контролирале 286 возачи, а алкотестирани биле 188 возачи во периодот од 23 до 05 часот. - Во рамки на акциската контрола од сообраќај се исклучени 27 возила, а времено одземени...

Успешно 58. издание на „Охридско лето“, оценија организаторите

„Охридско лето 2018“ е едно од најуспешните изданија, основа од која ќе ги градиме следните, кои ќе бидат скалило погоре во однос на квалитетот, оцени денеска на прес-конференција директорката на фестивалот, Сузана Вренцовска. На ден пред свеченото затворање, таа забележа дека успешно е реализирано зацртаното со исполнување на целата програма и учество на околу 800 уметници од 27 земји од...

Со Хомеровата „Илијада“ утре завршува 58 „Охридско лето“

Програмата на 58-мото издание на фестивалот „Охридско лето“ завршува утре со претставата „Илијада“ од Хомер во режија на Јернеј Лоренци, копродукциски проект на Словенечкиот народен театар (СНГ - Словенско народно гледалишче) Драма Љубљана, Цанкарјев дом и Градски театар. Претставата, која ќе се игра на Антички театар од 21 часот, треба да почне како концертна верзија на една опера, актерите во...