Епир и Јанина преплавени со марихуана од Албанија

Дрогата поминува преку албанско-грчката граница низ разни патишта, а криминалните групи имаат софистицирани форми за нејзин шверц, ја кријат во разни предмети и материјали по што таа во најголем дел се дистрибуира низ Европа Официјалните податоци на грчката полиција покажуваат раст на случаите на запленета марихуана во северниот дел на земјата, во областа Епир, главно кај Јанина. Весникот „Катимерини“, повикувајќи...

Шекеринска: МО ќе оддели околу 60 милиони денари за кампањата за референдумот

Министерството за одбрана ќе стави на располагање нешто помалку од 60 милиони денари за кампањата за претстојниот референдум за договорот меѓу Македонија и Грција, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на Отворениот ден на АРМ за граѓаните по повод Денот на Армијата на Република Македонија - 18 Август. - Министерството за одбрана е едно од тие кои најмногу треба...

Незадоволни земјоделци го блокираа патот Радовиш – Струмица

Група земјоделци незадоволни од откупот на сливи, од 11 часот го блокирале патниот правец Радовиш - Струмица кај клучката кај селото Воиславци. Автомотосојузот на Македонија информира дека на патот излегле околу 20 земјоделци со земјоделски машини. На останатите патни правци сообраќајот се одвива тековно по претежно суви коловози. Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини Богородица и Табановце,...

Зошто Скопје е медитерански град на една средновековна мапа

Направената географска карта-портолан и цртежот на Скопје не биле случајни. Тие се резултат на соодветните историски околности. Токму тие околности придонеле Скопје да биде вклучено во плејадата значајни градови. Тој портолан за Скопје, Дулцерт го изработил во 1339 година, кога настанале и неговите други значајни карти Постои интересна приказна за Скопје, кое не само што било нацртано во 14 век,...

Додик: РС со сила ќе спречи распоредување на полиција од друг ентитет

Претседателот на Република Српска Милорад Додик рече дека со сила ќе го спречи обидот за распоредување на припадниците на полицијата од друг ентитет на Федерацијата БиХ(ФБиХ), со цел на државната Гранична полиција на БиХ да и помогнат во спречувањето на илегалните миграции. - Секој обид и еден припадник на полицијата на Федерацијата БиХ да влезе во Република Српска(РС) без согласност...

НСОН: Доцни платата за просветните работници

Независниот синдикат за образование и наука(НСОН) денеска на прес конференција информираше дека доцни платата за јули за просветните работници. Претседателот на Синдикатот Томислав Гиевски од пред зградата на МОН рече дека во образованието не се почитува Законот за работни односи, според кој 15-ти во месецот е крајниот рок да се исплати плата за претходниот месец и се сомнева дека плата...

Над 20 тони бразилско месо со салмонела блокирано во Албанија

Албанската Национална агенција за храна во пристанишниот град Драч, блокираше 27 тони пилешко месо. Од месото, кое е потекло од Бразил, веднаш по пристигнувањето земени се мостри и од анализата било утврдено големо присуство на салмонела. Контејнерот во кој било сместено месото бил вратен во земјата на потекло. Во изминатиот перидот од годинава Агенцијата блокираше и врати назад седум контејнери или...

Прилепското обвинителство истражува како дошло до судирот во кој настрадаа двајцата параглајдеристи

Ќе се изврши обдукција и вештачење за да се утврдат причините за смртта на двајцата параглајдеристи кои вчера починаа по трагедијата која се случи околу 12.40 часот на Мечкин Камен во Крушево кај полетувалиштето за параглајдеристи, информираат од Основно јавно обвинителство-Прилеп кое го истражува случајот. Според основниот јавен обвинител Милка Спиркоска сѐ уште не се знае што се случило. - Трагичниот...

За операција на катаракта се чека со месеци

Следната година ќе се зголеми бројот на лекари што ќе ги вршат овие операции и ќе се отвори уште една хируршка сала, која ќе ја олесни ситуацијата. Со целиот овој план ќе се намали бројот на пациенти што се на листата на чекање, вели директорот на Универзитетската клиника за очни болести, доктор Христијан Дума Долг е редот за чекање за...

Почина Кофи Анан, поранешен Генерален секретар на ОН

Почина Кофи Анан, поранешен Генерален секретар на Обединетите нации(ОН) и добитник на Нобеловата награда за мир, објави денеска фондацијата што го носи неговото име. Анан, со потекло од Гана, почина во болница во швајцарскиот град Берн, рано утрово, објавија двајца негови блиски пријатели. На чело на ОН беше од јануари 1997 година до декември 2006 година, а во 2001 година заедно...