Реал Мадрид е шампион и на социјалните мрежи
Актуелниот европски првак и најтрофеен, со 13 титули, Реал има 201,9 милиони следбеници на Фејсбук, на Инстаграм и на Твитер, иако летово остана без првата ѕвезда, Кристијано Роналдо
Социјалните мрежи или медиуми (Фејсбук, Инстаграм и Твитер) станаа клучен дел од начинот на кој најголемите и најбогати фудбалски клубови се поврзуваат со своите обожаватели во светот. Социјалните мрежи значително придонесуваат и...
Kадетите ја враќаат вербата во македонскиот спорт
Шесте победи и двата пораза на ЕП (дивизија Б) се само потврда дека оваа генерација кошаркари поседуваат голем талент и срце за успех, додека за ракометните кадети четвртото место на ЕП не значи дека тука завршува нивната приказна. Напротив, времето на Кизиќ, Костески, Серафимов, Симоноски, Џигероски и другите допрва ќе дојде
Убаво беше да се биде Македонец изминативе десет дена...
Антологија на 500 вица за многу насмеани детски лица
Најубавите од илјадниците вицови што им ги кажував на многуте генерации деца во изминатите 30 години се собрани во оваа антологија, вели Китаноски
Нашиот познат хуморист Војче Китановски, кој е и голем пријател на децата, со кои другарува цели триесет години, неодамна ја издаде својата книга, со интересен наслов „Антологија на 500 најубави вицови за деца“.
- Драги деца, оваа книга...
Пренос во живо на седниците на Советот на Град Скопје
Советот на Град Скопје на наредната седница, што ќе се одржи в четврток, ќе одлучува за набавка на техничка опрема за реализација на видео пренос во живо од седниците.
- Со ова ќе почне процесот на создавање услови за пренесување на седниците на Советот на Град Скопје во живо, активност која има за цел да ја зголеми информираноста на граѓаните...
Обновени лектирните изданија на „Сакам книга“ и „Природо, љубов моја!“ од Кујунџиски
Обновените лектирни изданија на книгите „Сакам книга“ и „Природо, љубов моја!“ од Александар Кујунџиски деновиве ќе бидат објавени. Книгите од септември влегуваат во редовната наставна програма како лектири за трето, односно за четврто одделение. Новите изданија имаат и нов изглед со илустрациите на Фросина Андревска.
Книгите се во издание на „Антолог“. „Сакам книга“ содржи раскази, песни, сказни и драматизации во кои ќе...
Аган Сулимани – фудбалска надеж на Куманово
Аган Сулимани (12) првпат почнал да игра фудбал кога имал девет години и со својот голем фудбалски талент. За нецели четири години успеа да го привлече вниманието на фудбалските работници, но и на љубителите на фудбалот во Куманово.
Во моментот Аган е член на фудбалската екипа Гоблен јуниор, која од оваа година е дел од Македонската втора фудбалска лига, каде...
Правилна одлука
Драги деца, еве трета година по ред писателот за деца и возрасни Трајче Кацаров ексклузивно за „Колибри“ пишува песни за летните доживувања на малиот Ранко. Лани и преклани тој уживаше на морските и езерските плажи, но ова лето не е така. Што му се случи на Ранко што остана дома? Во песната „Писмо“, која и овој пат први ја...
Заев на ФБ: Македонскиот јазик ќе биде официјален во комуникацијата со државите од ЕУ
Македонскиот јазик ќе биде официјален во Унија од 500 милиони жители, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот официјален Фејбук профил во пресрет на информативната кампања и референдумот за договорот со Грција и зачленувањето во НАТО и ЕУ.
Премиерот Заев нагласува дека со зачленувањето во ЕУ, сите официјални комуникации меѓу Република Македонија и земјите членки на Европската Унија ќе се водат...
Се појави видео снимка на разгорувањето на пожарот кај Атика (Видео)
Снимено разгорувањето на пожарот во источниот дел на областа Атика
Видео снимено од безбедносна камера на куќа од почетокот и ширењето на катастрофалниот пожар во источниот дел на областа Атина објави денеска онлајн изданието на грчкиот весник „Катимерини“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, на видеото се гледа дека пожарот од 23 јули што одзеде 96 животи, започнува во...
Викторија Тодорова освои бронза на меѓународен турнир по математика
Викторија Тодорова, ученичка од четврто одделение во ОУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија, освои бронзен медал на престижниот меѓународен турнир „Математика без граници“, кој се одржа неодамна во Несебар, Република Бугарија.
Извонредниот успех младата гевгеличанка го постигнала во силна конкуренција на 1.300 учесници од 15 земји, меѓу кои и од Македонија. Нашата земја годинава вторпат учествува во финалето на турнирот, на...







































