Гром усмрти овчар од Дебар
Овчар од Дебар утрово e пронајден мртов во струшкото село Локов. Според полицијата, најверојатно починал од удар на гром.
Од МВР соопштија дека утринава околу 4:30 часот во Полициската станица Струга, С.Н. пријавил дека на местото викано „Славило“, над село Локов, пронаjден е починат У.Е. (35) од Дебар, кој напасувал стока и најверојатно починал од удар на гром.
Увид...
Зет го застрелал таткото на сопругата
Зет со два куршума го застрелал таткото на сопругата пред неговиот дом во гостиварското село Долно Бањица и побегнал.
Како што соопшти МВР, вчера околу 10:40 со два куршума од пиштол во пределот на стомакот бил застрелан А.У. (54) од страна на зетот за ќерка, Б.С. (33) од село Горно Седларце, Тетовско.
Тој со возило на Итна медицинска помош...
„Комерсант“: Милиони ќе се заработат од „лов на глави“ во Русија
Руското Министерство за правда му дозволи на Министерството за внатрешни работи да плаќа на информатори – „Милиони можат да се заработат од откривање криминал", пишува Комерсант.
Според полициски претставници цитирани во извештајот, вистински „ловци на глави" ќе се појават во Русија, бркајќи ги престапниците. Такви ќе бидат, на пример, приватните детективи. Според поранешни полициски службеници плаќањата може да предизвикаат злоупотреба...
Алигатор усмрти жена додека го шетала кучето во Јужна Каролина
Една жена смртно страдаше во напад на алигатор додека го шетала своето куче во престижниот станбен кварт Хилтон Хед во Јужна Кариолина, објавија локалните власти.
Жената вчера го шетала кучето покрај лагуната кога алигаторот ги нападнал, а додека го спасувала кучето, алигаторот ја одвлекол под површината на водата, рече Дејвид Лукас, портпарол на канцеларијата за природни богатства на Јужна Каролина.
Сведоци...
Доба на водолијата (аквариус)
Во време кога станува сѐ поопасно да се изрази сопственото мислење, кога да се направи тоа е еднакво на малечка револуција. Симболично, за Европа, добата на водолијата настапува со подавање скали на палубата на „Аквариус“. За човек, таа може да е чекор кон другиот или изговорена мисла
До пред неколку дена хуманитарниот брод „Аквариус“ беше „ничија земја“ на средината од...
Суетите уште чадат околу Копанки
Иако можеби многумина нема да се согласат, сепак останува впечатокот дека пожарот што го зафати Копанки ги потпали политичките фрустрации на битолските политичари, кои со своите запаливи дискусии никако не можат да се договорат кој треба да го реновира домот. А дека во овој случај има доста политика, најдобра потврда е иницијативата за преиспитување на приватизацијата на домот
Деновиве, во...
Димитров во посета на САД, денеска средба со Помпео
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска попладне во Стејт департментот на Соединетите Американски Држави ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајкл Помпео.
Средбата на Димитров со американскиот државен секретар Помпео е закажана за 14:00 по локално време.
Димитров, како што соопшти МНР, покрај средбата со државниот секретар Помпео, предвидено е да се сретне и со високи претставници на американската...
Кабул – цел на ракетни напади
Авганистанскиот главен град Кабул утрово беше цел на напади, јавија западни медиуми.
Цел на нападите најверојатно е претседателскиот комплекс.
Нападите се извршени додека претседателот Ашраф Гани држеше говор по повод исламскиот празник Курбан бајрам.
– Има групи кои не се откажуваат од насилство. Тие нема да успеат со ракети да го запрат развојот на Авганистан - рeче Гани.
Во градот се регистрирани неколку...
Пожар во штала во општина Бутел
Во пожар, кој изутрината ибувнал во штала со помошен објект на улицата „Мрежичка“ без број во општина Бутел, предизвикана е материјална штета од околу 120 илјади денари.
Како што информира Територијална противпожарна единица на Град Скопје, пожарот кај нив бил пријавен телефонски во два часот изутрината.
Во гаснењето интервенирале три возила и седум пожарникари од 2 до 4:30 часот изутрината.
Во пожарот биле...
Трамп нема да прави отстапки кон Турција поради притворениот американски свештеник
Претседателот Доналд Трамп вети дека нема да прави никакви отстапки кон Турција, за да издејствува ослободување на уапсениот од неа американски свештеник и изјави дека не го интересира дали наметнати од него казнени царини ќе донесат негативни ефекти врз европската економија.
Американскиот претседател сметал дека имал договор со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кога го убедил Израел да го ослободи...







































