Наскоро конкурс за избор на нов концесионер на Охридско Езеро

Во владина процедура е постапката за објавување конкурс за избор на нов концесионер на Охридското Езеро. Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во консултација со стручните служби од Охрид и институтите, направена е измена во риболовните основи за поголема заштита на рибниот фонд. - Прифатени се сите предлози што стигнаа во делот на заштитата на белвицата и...

„Стандард“: Сите би сакале да влијаат на Балканот

Австрискиот  весник „Стандард" објави дека и Европската унија, Русија, Кина, САД и Турција ја користат трговијата и политиката за да го консолидираат влијанието на Балканот. Се наведува дека Русија не сака Македонија да влезе во НАТО и затоа се обидува да го поткопа историскиот договор на Грција и на Македонија за решавање на спорот за името. Се потсетува дека македонскиот премиер...

САД: Без директни преговори со талибанците за мир во Авганистан

Преговори за мир во Авганистан можат да се водат само со владата во Кабул, но не и директно меѓу Вашингтон и талибанците, изјави висок официјален претставник на САД. - Преговорите треба да се водат меѓу авганистанската влада и талибанците, рече Алисон Велс, американски пратеник за Јужна Азија. Велс се состанала неофицијално,  со претставници на талибанците во минатиот месец во Катар за...

Се дефинира кој, како и со колкав буџет ќе ја води рефрендумската кампања

Министерствата и органите на државната управа до среда треба да достават информации за средствата кои ги имаат на располагање за референдумот, а Владата на седница да ја одреди сумата што ќе се одвои за кампања. Планирањето на кампањата е во тек, информациите се собираат и се дефинираат деталите за концептот. Некои од институциите веќе доставуваат и ги знаат бројките,...

Муслиманите го слават Курбан Бајрам

Верниците од муслиманската вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам. Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан. Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран. Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот...

Заврши 58. издание на „Охридско лето“

Со изведба на театарската претстава „Илијада“ од Хомер, во режија на Јернеј Лоренци, а во копродукција на Словенечкиот народен театар – СНГ Драма Љубљана, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија, синоќа беше спуштена завесата на 58-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Изминатите 40 дена публиката имаше можност да види голем број музички настани и театарски претстави. Учествуваа околу 800...

Сончево и топло време, попладне пороен дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, особено во северните делови. Утринската температура ќе се движи од 10 до 20, а дневната од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 17,...

Поплава во клисура во Јужна Италија, најмалку осум жртви

Најмалку осум жители на јужната италијанска област Калабрија загинале во поплавата што ја зафати клисурата Полино, која е популарна туристичка дестинација. Спасувачките екипи извлекле 12 лица кои биле заробени од поплавите, меѓу кои и 10-годишно дете. Но, тие се уште трагаат по неколку групи планинари, кои биле во клисурата во моментот кога реката ненадејно надошла и предизвикала поплава. - Не знаеме...

Нов тренд на Инстаграм

Лажните паѓања и тоа на невообичаени места се новата забава за корисниците на Инстаграм. Се „паѓа“ пред автомобили, на јахти, на аеродроми, во трговски центри, во базени. Таквиот нов тренд е особено популарен кај богатите млади Руси, кои се натпреваруваат кој ќе пронајде понеобично место за паѓање, при што тоа се фотографира и објавува на Инстаграм. Задолжително со фотографијата се пишува...

Без вода утре дел од општина Центар

Поради поставување водоводен приклучок ф - 80мм на ул. „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ бр.12 утре без водоснабдување ќе останат корисниците од оваа улица и улиците „Ристо Шишков“, „Кукушка“, „Крсто Баиќ“, „8-ми Март“ и дел од ул. „Наум Наумовски Борче“ во општина Центар. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 9 часот до завршување на работите.